Author: riste

Напаѓачот на Наполи, Аркадиуш Милик, ова лето сака да се пресели во Атлетико Мадрид, тврди „Кориере дело Спорт“. Од Атлетико Мадрид  имаат интерес за Полскиот интернационалец и најновата информација е дека тој исто така има желба да се пресели на „Ванда Метрополитано“. Милик има договор со Наполи само уште една сезона, а засега одбива да го продолжи. Ова значи дека од Наполи сериозно ќе размислат за да го продадат сега за да не го пропуштат следната година како слободен играч. Дури се верува дека од Наполи се подготвени да ја намалат цената на играчот, што е околу 40 милиони евра.…

Read More

Вардар не само што ги задржува играчите од минатата сезона туку размислува и за нови имиња во својот состав. Откако пропадна можноста за ангажман на нашиот репрезентативен голман Никола Митревски од Вардар се одлучија голманаската позиција да ја пополнат со голман од Франција. Голманот Робин Кантегрел ќе им прави друштво на Борко Ристовски и Марко Кизиќ на голманската позиција во европскиот шампион Вардар. Станува збор за 25-годишен голман, кој досега беше дел од тимот на Сесон Рен и кој бил желба и на ПСЖ минатото лето. Оваа сезона Кантегрел имаше 142 одбрани на 18 натпревари, односно 7,89 во просек. Со…

Read More

Рускиот ракометен интернационалец Глеб Калараш ја продолжи соработката со РК Вардар. Синоќа беше потврдено дека кружниот напаѓач останува и следната сезона во нашиот ракометен шампион. Откако капитенот Стојанче Стоилов заедно со Иван Чупиќ, Тимур Дибиров и Кристијан Дисингер ги продолжија договорите со Вардар, синоќа уште еден играч потврди дека ќе остане во Скопје. Рускиот репрезентативец Глеб Калараш се одлучи да продолжи таму каде што застана, односно да ги брани боите на клубот со кои ги направи и најголемите успеси. Претходно договорите ги продолжија Ристовски, Мишевски, Атанасовски, Гашовски и Крстевски, а оваа недела се очекува да стане јасно дали ќе остане…

Read More

УЕФА на официјалната веб-страница објави одложување на состанокот на извршниот комитет од 27 мај за 17 јуни. Причината за оваа промена се проблемите што се појавија со градовите домаќини на Еуро 2020, што беше одложено за 2021 година поради пандемијата на коронавирусот. На состанокот на Извршниот комитет на УЕФА, ќе бидат решени прашања за иднината на националните првенства, европските купови и натпреварите на националниет тимови. Претходно беше објавено дека УЕФА планира да ги одржи сите преостанати натпревари на европските натпреварувања во август. Датумите за овие натпревари треба да бидат одобрени на претстојниот состанок на извршниот комитет. Да потсетиме дека натпреварите…

Read More

Раководството на Фудбалската федерација на Македонија на отворено (на еден од терените од тренинг центарот „Петар Милошевски“) одржа состанок со раководните луѓе на десетте клубови од Прва македонска фудбалска лига. Претставниците на Вардар, Силекс, Шкендија, Ренова, Македонија Ѓ.П., Шкупи, Академија Пандев, Работнички, Борец и Струга Трим Љум беа присутни на состанокот со претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини, потпретседателот Лазар Ракиџиев, генералниот секретар Филип Поповски, заменик генералниот секретар, Дрилон Ганиу и претседателот на натпреварувачката комисија, Игор Франговски. Состанокот имаше консултативен карактер во однос на начинот и предлозите за завршување на прекинатата натпреварувачка 2019/2020 сезона од Прва МФЛ. Конечна одлука за натпреварувачката…

Read More

Дефанзивецот Флорентин Погба, кој е постар брат на играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Пол Погба, ќе ја продолжи кариерата во Франција. 29-годишниот дефанзивец ќе се приклучи на клубот од Лига 2 – Сошо, според официјалната веб-страница на тимот. Договорот меѓу двете страни, кој ќе трае три сезони, ќе биде официјално склучен откако играчот ќе ги помине медицинските прегледи. Последниот клуб на Флорентин Погба беше Атланта Јунајтед, кој го напушти во 2019 година. Тој претходно играше за Генчлербирлиги, Седан и Сент Етијен.

Read More

Пауло Дибала се договори со Јувентус за продолжување на соработката. Според новиот договор, тој ќе биде поврзан со клубот до 2025 година, пренесува „Газета дело Спорт“. Договорот ќе биде потпишан и ќе стане официјален веднаш штом агентот на играчот ќе пристигне во Италија. 26-годишниот Аргентинец ќе добие покачување на платата, како и некои клаузули кои ќе содржат бонуси за одредени достигнувања. Дибала во моментов заработува 7,5 милиони евра по сезона. Оваа сезона напаѓачот има седум гола и девет асистенции на 24 натпревари од првенството. Тој беше близу да замине минатото лето и преговараше во Тотенхем и Манчестер Јунајтед, бидејќи Јувентус…

Read More

Раководството на англискиот фудбалски клуб Лестер Сити нема намера да го продаде играчот од средниот ред Вилфред Ндиди, пренесува „ББС“. Манчестер Јунајтед и ПСЖ се заинтересирани за 23-годишниот одбранбен играч од Нигерија, а притоа подготвуваат официјална понуда вредна 50 милиони евра за играчот. Ндиди, кој има 29 натпревари со 2 гола и 1 асистенција оваа сезона, се чувствува добро на стадионот „Кинг Пауер“ и исто така нема намера да замине. Лестер е на третото место на табелата во Премиер лигата со 53 бода по одигрувањето на 29. кола од сезоната, што беше прекината во март поради пандемијата на коронавирусот. Тимот…

Read More

Манчестер Сити ќе понуди нов договор на напаѓачот Габриел Жесус со подобри финансиски услови, пренесува весникот „Сан“. 23-годишниот Бразилец, кој има важечки договор уште три сезони, ќе добие покачување на платата од 90 000 на 120 000 фунти неделно. На англискиот клуб му се заканува 2-годишна суспензија без право на учество во Европските купови поради нарушување на финансискиот фер-плеј, поради што се верува дека некои од водечките играчи можеби ќе сакаат да го напуштат „Етихад“. Јувентус ја следи ситуацијата и е подготвен со понуда за Жесус. Во сезоната 2019/2020, Бразилецот има 18 голови и 9 асистенции на 39 натпревари во…

Read More

Голгетерот на РБ Лајпциг Тимо Вернер донесе дефинитивна одлука за тоа што ќе направи по крајот на сезоната. Според медиумите во Германија, напаѓачот сака трансфер само во Ливерпул. Ако тоа не биде случај ова лето, тој ќе остане во Лајпциг уште една сезона, и покрај интересот на многу други клубови. Манчестер Јунајтед, Челзи и Баерн (Минхен) се подготвени да го привлечат Тимо Вернер, а во еден момент се шпекулираше дека тој би можел да биде дел и на Барселона, во случај каталонците да не успеат во намерата да го купат Лаутаро Мартинез. Сепак, Вернер нема интерес да замине во друг…

Read More