Author: riste

Дефанзивецот на Челзи, Тиаго Силва и играчот од средниот ред Н’Голо Канте беа позитивни на коронавирус пред првото полуфинале во англискиот Лига куп против Тотенхем. Ова го соопштил тренерот на тимот Томас Тухел. „Ова е голема загуба за нас бидејќи ова се важни играчи. Најновите информации за нивната состојба ги добивме утрово“, објави клупската прес-служба низ изјавата на Тухел. Сепак и покрај овој хендикеп, Челзи го совлада Тотенхем со 2:0. Каи Хаверц постигна гол, Бен Дејвис автогол за победа на Челзи на „Стемфорд Бриџ“. Вториот полуфинален натпревар од Лига купот помеѓу Челзи и Тотенхем ќе се одигра на 12 јануари…

Read More

Напаѓачот на германскиот тим Херта, Кшиштоф Пјонтек е блиску до враќање во Џенова, објави „Sky Sport Italia“. Информацијата која беше објавена вели дека, клубовите се договориле за позајмица на 26-годишниот напаѓач со опција за откуп од 17 милиони евра. Фиорентина, Торино и Галатасарај исто така го бараат играчот. Пјонтек оваа сезона постигна 1 гол и 1 асистенција на 9 натпревари во Бундеслигата. Шевченко кој стана тренер на Џенова на 7 ноември сака да го засили нападот на својата екипа со цел да обезбеди опстанок во Серија А. Во моментов Шевченко е позитивен на ковид-19 откако 28 декември се дозна дека…

Read More

Екипата на Милан соопшти дека тројца членови на екипата се позитивни на Ковид-19, а тоа го потврдија со официјално соопштение. „Клубот може да потврди дека тројца играчи биле позитивни на КОВИД-19. Фудбалерите се чувствуваат добро и сега ќе го почитуваат карантинскиот период согласно упатствата добиени од здравствените власти. Денес целиот тим ќе биде тестиран во согласност со прописите“ – се вели во соопштението на официјалниот сајт на клубот. Прес-службата на клубот не ги откри имињата на играчите кои имале позитивните тестови. Според „Sky Sport Italia“, коронавирусот е откриен кај Томори, Ромањоли и Калабрија. Денеска, Милан ќе игра против Рома на…

Read More

Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Филипе Кутињо може да го напушти тимот во јануари. Астон Вила е заинтересирана за услугите на 29-годишниот играч, објавија медиумите во Англија. Според истите, челниците на клубовите разговараат за позајмица на Бразилецот до крајот на сезоната 2021/2022. 29-годишниот Кутињо се пресели во Барселона во јануари 2018 година од Ливерпул за 135 милиони евра. Бразилскиот играч од средниот ред за шпанскиот тим одигра 106 натпревари, на кои постигна 25 гола и 14 асистенции. Договорот на играчот од средниот ред со тимот истекува во 2023 година. Порталот Трансфермаркт ја проценува пазарната вредност на Кутињо на 18…

Read More

Дефанзивецот на Барселона, Самуел Умтити може да ја продолжи кариерата во англиската Премиер лига. Раководството на Барселона му понуди на Њукасл Јунајтед да го позајми Французинот до крајот на оваа сезона со можна опција за откуп, пишува „Дејли Меил“. Претходно во медиумите се појави информација дека централниот бек е приоритетна трансфер цел на Њукасл во зимскиот преоден рок. „Марка“ напиша дека англискиот клуб е подготвен да понуди 20 милиони евра за Самуел Умтити. 28-годишниот Умтити оваа сезона учествуваше на еден натпревар од шпанското првенство, а игра за Барселона од 2016 година. Договорот на дефанзивецот со клубот е до јуни 2023…

Read More

Уште еден играч на Баерн (Минхен) беше позитивен на тестот за Ковид-19, се работи за Алфонсо Дејвис. Канадскиот дефанзивец стана деветтиот играч во тимот што е заразен и ќе мора да биде во карантин. Останатите осум се Мануел Нојер, Лука Хернандез, Кингсли Коман, Лерој Сане, Корентин Толисо, Дајо Упамекано, Нианзу Куаси, а Чупо-Мотинг и Буна Сар се со своите репрезентации во Африканскиот куп на нации. Денешниот тренинг го пропуштија Леон Горецка и Никлас Зуле кои имаат повреди. Така речиси е извесно дека на воведниот натпревар за вториот дел од сезоната во Бундеслигата меѓу Баерн и Борусија (Менхенгладбах), кој треба да…

Read More

Македонската ракометна репрезентација веќе го одработува вторуот дел од подготовките за ЕП во Унгарија и Словачка. Како дел од оваа фаза на подготовки ќе бидат одиграни два контролни натпревари со селекцијата на Израел на која селекторот Кирил Лазаров ќе може да ја види формата и сите добри и лоши страни на нашата селекција. Натпреварот помеѓу Македонија и Израел се игра денес во спортскиот центар „Борис Трајковски“ и ќе биде од затворен карактер (18:00 часот). Македонија е комплетна за овој дуел, во тренажен процес се приклучија Миркуловски, Кузмановски, Пешевски и Митревски, па Лазаров сигурно ќе им даде повеќе шанса на поискусните,…

Read More

Фудбалерите на Барселона, Дани Алвеш и Жорди Алба се негативни на тестот за коронавирус и може да се вратат на тренинзите со тимот, објави прес-службата на каталонскиот клуб на Твитер. Информацијата дека двајцата играчи се позитивни беше објавена на 28 декември, па од тој момент Алба и Алвеш се во самоизолација. Синоќа Барселона со комбиниран состав ја победи Мајорка на гости со минимален резултат од 1:0. Барселона сеога има 31 бод од 19 натпревари и се наоѓа на 5-тото место на табелата со 15 бода неатива во однос на лидерот Реал Мадрид кој има 46 бодови.

Read More

Напаѓачот на ПСЖ, Мауро Икарди продолжува да биде дел од интересите на Јувентус. Италијанскиот клуб во јануари бара засилување за напаѓачката линија, но аргентинскиот фудбалер очекува подобра понуда од Јувентус за ПСЖ. Ова го пренесува Фудбал Италија. Францускиот клуб не го смета Икарди за недопирлив играч, но треба да се убеди со соодветна понуда. Евентуалната преселба на Алваро Мората во Барселона нема да му даде доволно средства на Јувентус за да го позајми Икарди. Италијанскиот клуб ќе заштеди 5 милиони евра за шест месеци закуп на Мората од Атлетико Мадрид и околу 2,5 милиони евра за платата на шпанскиот фудбалер.…

Read More

Трансферот на Алваро Мората во Барселона е 95% готовова работа, тврди „АС“. Се очекува напаѓачот оваа недела да стане дел од Каталонците. Шпанецот е во сопственост на Атлетико Мадрид, но моментално е во Јувентус на позајмица. Сега треба да му биде раскинат договорот за позајмица со Италијанците, по што шампионот во „Ла Лига“ веднаш ќе го испрати на „Камп Ноу“ како позајмен играч до лето со опција за откуп. Следниот меч на Барселона е само два дена подоцна – против Линарес во Купот на Шпанија, по што викендов ќе се гостува кај Гранада. Следната недела избраниците на Чави Ернандез ќе…

Read More