Author: riste

МТКФ вчера на пригодна свеченост ги прогласи најдобрите Македонски каратисти во традиционално карате за 2021 година. Дејан Недев по 25-ти пат по ред беше прогласен за најдобар каратист кој оваа година освои две златни медали во кати на ЕК во Катовице, Полска и на ЕШ во Белград, Србија. Втор кај сениорите беше Спасе Стојанов државен првак во кати и освојувач на прво и второ место на меѓународните турнири во Босна и Словенија. Кај сениорките Јадранка Недева беше прогласена за најдобра каратистка која на ЕШ во Белград, Србија освои 4 златни медали во кати, ката тим, фукуго и кого кумите, второто…

Read More

Лестер ќе биде без својот голгетер Џејми Варди меѓу три и четири недели, изјави менаџерот на англискиот клуб Брендон Роџерс. 34-годишниот напаѓач оваа сезона постигна девет гола во Премиер лигата, играјќи 90 минути во победата на Лестер од 1:0 над Ливерпул на 28 декември. Варди има истегнување на мускулот што го спречи да игра во поразот на Лестер со 3:6 од шампионот Манчестер Сити по Божиќ. „Џејми Варди нема да игра викендов. Во зависност од околностите, тој ќе биде надвор од терените три до четири недели“, изјави Роџерс за медиумите. Џејмс Медисон е подготвен и ќе се врати кај Лестер…

Read More

Тренерот на Тотенхем, Антонио Конте му порача на раководството на клубот дека тимот треба да се засили во јануари. Откако се запозна со квалитетите на играчите во тимот по неколку недели работа со нив, Италијанецот беше изненаден бидејќи очекуваше нивото на играчи да биде повисоко. „Само две недели по моето пристигнување во Тотенхем, реков дека треба да го подобриме квалитетот на тимот. Бев сигурен за 7 или 10 дена. Потоа направив проценка на кого можам да сметам, а на кој не. Разликата со водечките тимови е многу голема и мораме да работиме напорно за да го изградиме и подобриме составот“,…

Read More

Шведскиот фудбалски шампион Малме објави дека се разделува со тренерот Јон Дал Томасон. Тој беше назначен на функцијата пред речиси 2 години – во јануари 2020 година. 45-годишниот поранешен дански репрезентативец, кој има 123 натпревари за Данска, а играше и за Милан, ги освои последните 2 титули на Шведска со Малме. Сепак, тимот заврши на последното место во својата група во Лигата на шампионите и тренерот реши да си замине. „Беше тешка одлука да се збогувам, но во исто време се чувствувам добро. Затоа што имам чувство дека го напуштам тимот на врвот“, изјави Томасон за клупската веб-страница.

Read More

Шпанското фудбалско првенство продолжува во текот на викендот и покрај зголемувањето на бројот на играчи и вработени во клубовите заразени со коронавирус, објави „Ројтерс“. Досега потврдени се позитивните тестови кај 90 лица, а многу играчи ќе ги пропуштат натпреварите од 19. коло во Ла Лига, кои ќе се одиграат на 2 и 3 јануари 2022 година, како и претстојните натпревари од Куп на кралот следната недела. Шпанските гиганти Реал Мадрид, Барселона и Атлетико Мадрид објавија уште неколку играчи заразени со Ковид-19 во последните два дена. Валенсија и Елче исто така пријавија нови инфецирани играчи. Екипите на Валенсија и Еспањол утре…

Read More

Селекторот и капитен на нашата ракометна репрезентација Кирил Лазаров даде свое видување на одработиеното во Маврово и одиграните натпревари со Кувајт. „Мислам дека резултатот од првиот натпревар не беше реален. Кувајт е добро истренирана екипа, предводена од еден стратег како Борис Денич, кој веќе работи таму еден подолг период. Ние трениравме максимално напорно вчера, а дури и денеска наутро. За нашите млади играчи овој натпревар беше едно големо искуство. Задоволен сум од победата, но и да беше поинаку немаше да очајуваме. Имам јасна севкупна слика. Се соочуваме со проблеми со повредени играчи и се надевам дека ќе се опорават побрзо.…

Read More

Авдил Салиху е прогласен за „Manager“ и „Matchmaker за 2021 година од страна на Професионалната боксерска федерација на Македонија „Про бокс Македонија“. Овој успех Салиху го постигна сосема заслужено, затоа што со неговите боксери и посредувањата се појави на многу познати настани како во Германија, Швајцарија, Италија, Белгија, Косово и во некои други европски земји. Тој минатата година успеа да биде и промотор на два големи настани во Косово, каде неколку спортистите се закитија со титули. Меѓу титулите со кои посредувал и кои имаат посебна вредност во професионалниот бокс се WBC и IBF. „По максималната работа на професионалните боксерски арени каде…

Read More

Ирвинг Лозано е уште еден фудбалер кој е заразен со коронавирус во Наполи. „Ирвинг Лозано беше позитивен на КОВИД-19 по тестот во Мексико. Фудбалерот кој беше вакциниран нема симптоми и ќе биде изолиран во својата куќа“, се вели во соопштението на клубот. Така, по случаите на Лоренцо Инсиње и Фабијан Руиз, случајот со Лозано ги зголемува проблемите за Лучијано Спалети. Тренерот нема да може да смета на нив за натпреварот со Јувентус кој треба да се одигра на 6 јануари, но се шпекулира дека може да биде одложен. Инсиње, Руиз и Лозано се со КОВИД-19, Марио Руи е казнет, ​​а…

Read More

Јувентус го оствари првиот контакт со Сасуоло за евентуален трансфер на Џанлука Скамака, објави „Газета дело Спорт“. Клубот од Торино сака да го привлече во јануари поради нивните проблеми на нападот. Сепак, „бјанконерите“ имаат сериозен конкурент во лицето на шампионот Интер, кој исто така преговара за него. Скамака на 1 јануари ќе наполни 23 години, а во септември дебитираше во националниот тим на Италија. Сасуоло го проценува на 40 милиони евра. Јувентус е подготвен да понуди 30-35 милиони и евентуално да вклучи еден играч во зделката. Најтрофејниот клуб во Италија разговара и за личните услови со агентот на Скамака. Понудата…

Read More

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола не ги обвини своите играчи, иако примија 3 гола за 10 минути во победата над Лестер со 6:3. Тој сепак ги пофали своиите фудбалери за одиграниот натпревар и покажаната ефикасност. „Беше добар натпревар за гледање и стигнавме до нови три бода, одиме напред. Квалитетот на играчите што ги имаме ни создаде толкав број можности за гол. Нема менаџер и тактика што може да го направи ова без талент“, изјави Гвардиола. „Беше чудно. И при 4:0 во првото полувреме секогаш кога ја имаа топката стигнуваа до нашиот шеснаесетник. Многу се движеа, мајстори се за контранапади.…

Read More