Англискиот Њукасл сериозно размислува да го ангажира напаѓачот на Барселона Осман Дембеле. Од Њукасл се подготвени на францускиот напаѓач да му понудат добра парична понуда за да дојде во тимот како слободен играч следното лето, објави „Мундо Депортиво“. Според истите информации, Њукасл подготвува договор за 24-годишниот Дембеле со плата од 15 милиони евра по сезона, како и 15 милиони евра како бонус за потпис. Се наведува дека условите на Њукасл се подобри од оние на Барселона. Дембеле оваа сезона имаше две асистенции во пет натпревари од шпанското првенство. Неговата пазарната вредност се проценува на 50 милиони евра.
Author: riste
Реал Мадрид има намера да продаде неколку играчи одеднаш во јануари, информира „Марка“. На врвот на клупската листа на играчи за излезни трансфери се Иско и Герет Бејл. Договорите на двајцата играчи истекуваа во летото 2022 година. Покрај тоа, можни се трансферите на Марсело, Маријано Дијаз, Лука Јовиќ и Еден Азар. Клубот е отворен за понуди за овие играчи. Во исто време, се забележува дека Марсело е слободен да одлучува за својата иднина. Договорот на 33-годишниот Бразилец истекува на лето.
Голманот на Астон Вила, Емилијано Мартинез е на списокот на желби на Манчестер Јунајтед. Тимот од „Олд Трафорд“ го сака аргентинскиот голман како потенцијална замена за Шпанецот Давид де Геа, објави „Дејли Стар“. Според истиот извор, скаутите на Манчестер Јунајтед неколку пати го гледале настапо на 29-годишниот голман и веруваат дека тој може да стане идниот број еден на „Олд Трафорд“. Давид де Геа, кој сега е прв голман на Манчестер Јунајтед, може да го напушти клубот пред да му истече договорот во 2023 година. Доколку тоа се случи, сопствениците на Јунајтед ќе размислат за купување на Мартинез. Сезонава Мартинез,…
Поранешниот капитен на Челзи, Џон Тери ќе се врати во клубот. Според „Атлетик“, Англичанецот ќе работи во младинската академија на лондончани и ќе им помага на младите играчи на Челзи. 41-годишниот Тери летото го напушти стручниот штаб на Астон Вила. Се најавува дека поранешниот дефанзивец бил заинтересиран за слободни места во клубовите од Премиер лигата и Чемпионшип, но не добил никакви понуди. Тери ќе работи за Челзи хонорарно, а се очекува во блиска иднина да добие тренерска работа во една од двете врвни дивизии во Англија. Исто така, се истакнува дека теренот за враќање на Тери го подготвиле поранешните играчи…
Напаѓачот на Фиорентина, Душан Влаховиќ и понатаму е во сферата на интереси на Јувентус и лондонски Арсенал. Виолетовите бараат 80 милиони евра за играчот, што може да го спречи Јувентус да го направи трансферот на играчот, објавија медиумите во Италија. Тоа значи дека, финансиската способност на Арсенал му овозможува на клубот да и ја плати на Фиорентина потребната сума за 21-годишниот српски напаѓач. Сезонава Влаховиќ постигна 18 гола и даде три асистенции на 22 натпревари во Серија А и Купот на Италија. Договорот на напаѓачот истекува во 2023 година, а неговата пазарна цена во моментов се проценува на 50 милиони…
Напаѓачот на францускиот Лил, Џонатан Давид е во доменот на интересите на Реал Мадрид, објави весникот „Марка“. Според изворот, главниот тренер на шпанскиот тим Карло Анчелоти очекува да потпише со канадскиот фудбалер со американско потекло пред почетокот на следната сезона. Неговиот агент зборуваше и за можното заминување на Давид следното лето. Оваа сезона Давид постигна 12 гола на 19 натпревари во француската Лига 1, а има и три гола во неговите шест натпревари во Лигата на шампионите. Договорот на Давид истекува во 2025 година, пазарната вредност на играчот се проценува на 50 милиони евра.
Тренерот на Интер, Симоне Инзаги зборуваше за продолжување на договорите со играчите од клубот, а исто така го сподели своето мислење за можниот трансфер на играчот од средниот ред на Каљари, Нандез . „Сакам Марсело Брозовиќ во блиска иднина да потпише нов договор со Интер! Тој е среќен во клубот. Се надевам и дека Иван Перишиќ многу брзо ќе потпише нов договор. Нандез би можел да биде интересна можност за нас во текот на зимскиот преоден рок. Ајде ќе видиме“, изјави Инзаги. Интер на 19 средби успеа да освои 46 бода и е лидер на табелата во Серија А, а…
Напаѓачот на Наполи и Италија, Лоренцо Инсиње може да продолжи кариера во германското првенство, пишува „Газета дело Спорт“. Според изворот, Баерн Минхен е заинтересиран за услугите на 30-годишниот италијански фудбалер. Клубот од Минхен упати барање до Наполи за трансфер на Инсиње. Клубот од Неапол очекува да го задржи напаѓачот, но со кратење на платата. Самиот Инсиње сака да остане, но бара зголемување на платата. Интерес за напаѓачот покажува и Тотенхем. Да потсетиме дека Инсиње настапува за првиот тим на Наполи од 2009 година. Оваа сезона напаѓачот учествуваше во 15 натпревари од италијанската Серија А, постигна 4 гола и 5 асистенции.…
Хрватскиот интенационалец Лука Модриќ направил два негативни ПЦР-теста, што значи дека наскоро ќе може целосно да им се врати на тренинзите во Реал Мадрид. Тимот на Реал Мадрид предводен од Карло Анчелоти игра одлично оваа сезона и моментално е лидер на табелата во Ла Лига. На стартот на новата 2022 гдона , односно на 2 јануари имаат гостување кај Хетафе. Модриќ ќе биде во конкуренција за настап на овој натпревар, што се одлични вести за Анчелоти кој изминатиот период имаше многу проблеми со составот на неговата екипа поради големиот број на позитивни на Ковид-19. Моментално играчите на Реал Мадрид се на мини-одмор, а…
Играчот од средниот ред на Реал Сосиедад, Аднан Јанузај може да го смени тимот оваа зима. За услугите на белгискиот фудбалер се заинтересирани Вест Хем и Барселона, објави „Калчомеркато“. 26-годишниот Јанузај игра за шпанскиот тим од летото 2017 година, приклучувајќи му се од Манчестер Јунајтед за 8,5 милиони евра. Оваа сезона, играчот од средниот ред постигна два гола и две асистенции на 25 настапи во сите натпреварувања. Договорот на белгискиот фудбалер истекува на крајот од оваа сезона, па Јанузај од јануари ќе може директно да преговара со другите тимови. Реал Сосиедад по 18 кола е на шестото место на табелата…
