Марсело Биелса нема уште долго да остане на клупата на Лидс Јунајтед, пренесува „Football Insider“. Раководството на клубот одлучи да се раздели со менаџерот најдоцна по завршувањето на сезоната, кога истекува договорот на тренерот. Биелса го презеде тимот во летото 2018 година додека беше во Чемпионшип. Аргентинецот успеа да го однесе клубот во елитата и минатата сезона го смести на деветтото место на табелата. Во моментов, сепак, клубот од Јоркшир е блиску до зоната за испаѓање со само три победи од 18 натпревари досега. Можно е менаџерот да добие отказ по негативна серија на следните неколку средби на Лидс.
Author: riste
Играчот на Ривер Плата, Јулијан Алварез може да ја продолжи кариера во Европа, објави на Твитер новинарот Николо Скира. Според изворот, скаутите на Манчестер Јунајтед, Атлетико Мадрид и Севиља го гледале напаѓачот за време на натпреварот со Колон (4:0). На оваа средба напаѓачот погоди двапати и имаше една асистенција. Алварез потекнува од школата на Ривер Плата. Договорот на играчот со клубот е со важност до 31 декември 2022 година. Според интернет порталот Трансфермаркт, пазарната вредност на играчот е 20 милиони евра. Во актуелниот шампионат на Аргентина, напаѓачот настапи на 21 натпревар, постигна 18 гола и 9 асистенции. Алварез е најдобар…
Eкипата на Тотенхем нема да може да ги продолжи натпреварите од Конференциската лига откако денес УЕФА донесе одлука неодиграниот натпревар со Рен да го регистрира со службена победа на францускиот тим со 3:0. Бидејќи немаше простор за одигрување, УЕФА најави дека исходот на мечот ќе го изнесе на „зелена маса“. Според правилата, Европската фудбалска федерација немаше друг избор освен одлуката која ја донесе. На Тотенхем му е запишан службен пораз од 3:0 за пресметката на деветти декември против Рен. Како клуб поради кој дојде до одложување на натпреварот, одлуката на УЕФА не беше многу тешка. За Тотенхем тоа значи елиминација…
Најдобриот шпански тенисер Рафаел Надал имал позитивен тест за КОВИД-19 по враќањето во Шпанија од егзибициониот турнир во Абу Даби. „Здраво на сите. Сакам да ве информирам дека на враќање дома, по учеството на турнирот во Абу Даби, имав позитивен ПЦР тест за КОВИД-19, кој беше направен при моето пристигнување во Шпанија. И во Кувајт и во Абу Даби правевме тестови на секои 2 дена и сите резултати беа негативни. Последниот беше во петокот, а резултатот излезе во саботата“, напиша Надал на својот Инстаграм профил. „Поминувам низ некои непријатни моменти, но верувам дека работите постепено ќе се подобруваат. Моментално сум…
Тренерот на Барселона, Чави избра четворица играчи со кои ќе се збогува во зимскиот преоден рок. Шпанскиот тим треба да го ослободи платниот список доколку сака да потпише договор со нов играч во јануари, објави „Мундо Депортиво“. Најпрво Барселона ќе бара начин да се раздели со напаѓачот Лук де Јонг, позајмен од Севиља. Доколку клубот не најде тим кој ќе го преземе договорот за позајмица, Каталонците ќе и платат казна на Севиља за предвременото враќање на играчот. Исто така, Барселона планира да го ослободи и играчот од средниот ред Филипе Кутињо, дури и земајќи го предвид фактот дека оваа зделка…
Барселона сака да го обнови договорот со својот 17-годишен играч од средниот ред Гави, објави на Твитер новинарот Фабрицио Романо. Според изворот, во блиска иднина каталонскиот клуб ќе му понуди на играчот нов петгодишен договор. Гави потекнува од школата на Барселона. Договорот на играчот од средниот ред со клубот е до јуни 2023 година. Според него, играчот добива плата еднаква на онаа што ја имал во резервниот тим на Каталонците. Според интернет порталот Трансфермаркт, пазарната вредност на играчот е 25 милиони евра. Гави оваа сезона дебитираше за главниот тим на Барселона. Од сите натпрерварувања Гави учествуваше на 21 натпревар, постигна…
Клубовите од Премиер лигата денеска ќе се сретнат на вонреден состанок на кој треба да се разговара за евентуална суспензија на првенството поради кризата со Ковид. Дури шест од десетте натпревари кои требаше да се одиграат викендов беа одложени поради многу случаи на заразени играчи. Вчера Томас Тухел изрази огорченост поради тоа што мечот на Челзи со Вулверхемптон исто така не беше одложен од Премиер лигата и покрај седумте заразени играчи во неговата екипа. И Јирген Клоп не можеше да искористи пет играчи на дербито со Тотенхем, по што Германецот рече дека едноставно не може да продолжи со вообичаениот напорен…
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, се надева дека ќе ја добие поддршката од фудбалските федерации за да ја промовира идејата за организација на Светското првенство на секои две години, објави „Sky Sports“. УЕФА и КОНМЕБОЛ се против проектот на Инфантино, сметајќи дека промените ќе го намалат интересот за СП. Денес ќе се одржи онлајн самит на кој ќе учествуваат претставници на фудбалски федерации од 211 земји. Инфантино се обидува да најде дополнителни извори на приходи за ФИФА. Во текот на годините на Светските првенства, приходите на организацијата значително растат. На пример, од Светското првенство во 2018 година, ФИФА заработи 4,6…
Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Џеси Лингард би можел да бида првото засилување на Њукасл во зимскиот преоден рок. Њукасл сакаат да го направат Англичанецот нивно прво засилување во јануари, објави весникотб „Сан“. Договорот на 29-годишниот Лингард истекува во летото 2022 година, но тешко дека играчот од средниот ред ќе добие понуда од сегашниот тим за продолжување. Њукасл сака да го искористи ова и да го ангажира играчот во јануари. Лингард оваа сезона постигна два гола на осум натпревари во Премиер лигата. Пазарната вредност на англискиот играч за врска, според интернет порталот Трансфермаркт, изнесува 22 милиони евра. До…
Играчот од средниот ред на РБ Лајпциг и Шведска, Емил Форсберг ќе биде надвор од терените околу два месеци поради повреда на бутот. Шведскиот играч беше заменет за време на натпреварот на Лајпциг против Арминија Билефилд (0:2). „Играчот се пожали на болка во колкот, дополнителните тестови покажаа оштетување на левиот бутен мускул во пределот на колкот. Сега Емил ќе пропушти најмалку 8 недели“, објавија на официјалниот сајт на клубот. Сезонава Емил Форсберг одигра 25 натпревари за Лајпциг во сите натпреварувања, шест пати постигна гол и двапати асистираше на своите соиграчи. Швеѓанецот настапува за германскиот клуб од 2015 година кога се…
