Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти го пофали настапот на тимот против Кадиз, иако неговата екипа загуиби два бода на „Сантијаго Бернабеу“ по нерешениот резултат 0:0. Анчелоти го коментираше и отсуството на дел од играчите поради КОВИД-19. „Тоа е нешто со кое општеството и секој од нас треба да се справи. Никогаш не сакавме да го одложиме натпреварот. Нашиот тим е способен да го компензира недостатокот на поединечни играчи. Вирусот не е толку агресивен како порано“, рече Анчелоти. „Се обидовме да победиме, но не ни успеа. Не можам да ги обвинам момчињата. Видов многу позитивни работи. Не ми се допадна…
Author: riste
Манчестер Сити го победи Њукасл со 4:0 во 18. коло од шампионатот на Англија. Оваа победа беше 34-та во Премиер лигата за избраниците на Пеп Гвардиола во 2021 година. Во однос на победите во календарска година во највисоката англиска фудбалска лига, Манчестер Сити го надмина Ливерпул, кој имаше 33 победи во 1982 година. Оваа сезона Манчестер Сити е на врвот на табелата во Премиер лигата со 44 бода по 18 натпревари. До крајот на 2021 година, клубот од „Етихад“ во Премиер лигата ќе се соочи со Лестер и Брентфорд и ќе може да го подобри рекордот. https://twitter.com/GracenoteLive/status/1472595042971922433 Новата 2022 година…
Напаѓачот на Фиорентина, Душан Влаховиќ постигна гол во 18. коло од Серија А против Сасуоло (2:2). За 21-годишниот фудбалер на Фиорентина ова беше гол број 33 во италијанската елита во 2021 година. Напаѓачот го повтори резултатот на поранешниот напаѓач на Јувентус, Кристијано Роналдо по бројот на голови во Калчото за една календарска година, што Португалецот го забележа во 2020 година. Поранешниот напаѓач на Торино Омар Сивори беше првиот кој постигна 33 гола во 1961 година. Само двајца играчи имаат повеќе голови во една календарска година во Серија А. https://twitter.com/GracenoteLive/status/1472558129988657155?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1472558129988657155%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fsportal.bg%2Fnews-2021121915540953250 Тоа се најдобриот стрелец на Милан Гунар Нордал со 36 гола…
Фудбалската репрезентација на Македонија ги доби противниците за новата сезона во Лигата на нации, трета откако е формирано ова натпреварување од страна на УЕФА. Нашите фудбалери во групната фаза ќе играат во Лига-Ц и во групата 4 ќе се соочат со селекциите на Бугарија, Грузија и Гибралтар, а селекторот Благоја Милевски во изјава за Спортско радио 90,3 ФМ истакна дека групата не е ни најмалку лесна и дека ги чека сериозни натпревари против квалитетни селекции. „Групата е тешка, не можете да кажете за ниедна репрезентација дека е лесен противник или тежок, значи сите мора да ги респектирате и да влезете максимално доколку скаатае да имате позитивни резултати. Во…
Вечерва во Нион се одржа ждрепката за третото издание на УЕФА Лигата на нации. Сите 55 членки на европската фудбалска заедница се поделени во четири лиги и денес ги дознаа противниците во групната фаза. Македонија ќе игра во Групата 4 од Лигата Ц, каде ќе биде дел од група заедно со Грузија, Гибралтар и Бугарија. ЛИГА А: Група 1: Австрија, Хрватска, Данска, Франција Група 2: Чешка, Швајцарија, Португалија, Шпанија Група 3: Унгарија, Англија, Германија, Италија Група 4: Велс, Полска, Холандија, Белгија ЛИГА Б: Група 1: Ерменија, Ирска, Шкотска, Украина Група 2: Албанија, Израел, Русија, Исланд Група 3: Црна Гора, Романија, Финска, Босна и Херцеговина Група 4: Словенија, Србија, Норвешка, Шведска ЛИГА Ц: Група 1: Литванија, Фарски Острови, Луксембург, Турција Група 2: Косово, победник од дуелот Кипар/Естонија, Грција, Северна Ирска Група 3: Азербејџан, победник од дуелот…
Нашата селекција ќе игра во Лигата Ц и во групата 4 заедно со репрезентациите на Бугарија, Грузија и Гибралтар.
Напаѓачот на Интер Алексис Санчез, најверојатно нема да ја продолжи кариерата во Барселона, пренесува „Марка“. Според изворот, главниот тренер на Каталонците Чави не ја разгледува опцијата за трансфер на Чилеанецот. Претходно беше објавено дека Барселона сака да се ослободи од напаѓачот Лук де Јонг, позајмен од Севиља. Комплексен тринасочен договор може да се случи помеѓу Барселона, Севиља и Интер. Со согласност на клубот од Андалузија, Де Јонг може да замине во таборот на Интер на позајмица, а Санчез во Барселона. Алексис Санчез игра за миланскиот клуб од 2020 година. Во тековната сезона од италијанската Серија А, Чилеанецот настапи на 10…
Јувентус се надева дека за време на зимскиот преоден рок ќе го привлече напаѓачот на Пари Сен Жермен, Мауро Икарди, пренесува „Тутоспорт“. Јувентус има сериозни проблеми во нападот, бидејќи во есенската полосезона тимот има постигнато само 23 гола на 16 првенствени натпревари, што е најслаб учинок меѓу првите 10 екипи во Серија А. Мауро Икарди е поранешен капитен и најдобар стрелец на Интер , има статус на резерва во неговиот сегашен тим ПСЖ и е подготвен да прифати да игра со позајмица во Јувентус до крајот на сезоната, пишуваат медиумите на Апенините. Друга причина за желбата на Икарди да бара…
Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Џеси Лингард ќе го напушти клубот по крајот на сезоната. Договорот на фудбалерот е до лето и нема намера повторно да потпише нов, пренесува „Manchester Evening News“. Лингард, кој денеска полни 29 години, за само две недели ќе може да преговара и да потпише преддоговор со друг клуб. Не е среќен што е резерва и речиси една година не започнал како стартер во Премиер лигата. Така, разделбата изгледа неизбежна во оваа фаза. Во ваква ситуација, Манчестер Јунајтед би сакал да го продаде Лингард во јануари за да добие барем некаково обештетување за него,…
Проблеми за Реал Мадрид затоа што фудбалерите на оваа екипа, Лука Модриќ и Марсело се позитивни на коронавирус, објави денес Реал Мадрид. Двајцата играчи добија позитивни резултати на редовното тестирање и ќе ги пропуштат следните два првенствени натпревари, во кои ривали на „кралскиот клуб“ ќе бидат Кадиз и Атлетик Билбао. Според најавите нивно враќање на терените се очекува за првиот натпревар водечката екипа во Ла Лига во 2022 година. Модриќ и Марсело имале позитивни резултати за ковид-19 само три дена по градското дерби против Атлетико. На тој натпревар Модриќ ги одигра сите 90 минути, додека Марсело не влезе во игра.
