Потпретседателот на Интер, Хавиер Занети ја коментираше ждрепката за осминафиналето во Лигата на шампионите, која им го донесе Ливерпул за противник. Поради киксот на УЕФА, ждрепката мораше да биде извлечена двапати, а првично Интер требаше да се соочи со Ајакс. „Нема смисла да се коментира што се случи, бидејќи сите видоа што се случи. Ја прифаќаме ждрепката и подготвени сме да се соочиме со Ливерпул. Тие се врвен тим, но и ние сме. Интер има одлична историја. Имаме многу време да се подготвиме и ќе бидеме подготвени за тие пресметки“, изјави Занети. „Големо задоволство е да се игра во елиминациската…
Author: riste
Капитенот на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг е отворен за трансфер во Барселона веќе во јануари. Интенационалецот од Габон беше изоставен од групата на лондончани за мечот со Саутемптон викендов, кога менаџерот на тимот Микел Артета објасни дека причината е прекршување на дисциплинските правила – нешто што не му се случува првпат на напаѓачот. Исто така, имаше извештаи дека овој прекршок може да го чини Обамејанг одземање на капитенската лента. За 32-годишниот напаѓач, кој има договор со Арсенал на уште 18 месеци, ова беше втор последователен пропуштен натпревар. На средбата со Евертон, Артета реши да го остави на клупата на сметка на…
Астон Вила ќе го следи статусот на вакцинација на своите трансфер цели во јануари. Ова го изјави менаџерот на тимот Стивен Жерард. Минатата недела во Премиер лигата беа регистрирани 42 случаи на коронавирус, а два натпревари веќе се одложени поради оваа причина, Брајтон против Тотенхем и Брентфорд против Манчестер Јунајтед. Позитивни на Ковид-19 има и во Астон Вила, иако нивниот број е ограничен. „Навистина сум импресиониран од работата на спортскиот директор Јохан Ланге и тимот околу него, кои ги следат и најмалите детали за играчите што ги идентификувавме“, изјави Жерард. „Внимаваме на се и сигурен сум дека ќе се земе…
Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, загуби околу 5,3 милиони долари поради неуспехот да стане шампион во Формула 1 во сезоната 2021 година, пренесува весникот „Сан“. Според изворот, ова била сумата на која Луис Хамилтон имал право за освојување на рекордната осма титула во кариерата. Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, стана шампион во Формула 1 за сезоната 2021 година. Во решавачката трка сезонава, која се возеше во Абу Даби (ОАЕ), Холанѓанецот му ја одзеде победата на главниот ривал, возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон. Хамилтон дојде во предност на почетокот на трката и успеа да се одлепи од Макс Верстапен со…
Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта вчера се сретнал со Мино Рајола во Италија. Каталонците и покрај финансиските проблеми се обидуваат да ги привлечат двајцата најголеми клиенти на агентот, Ерлинг Халанд и Пол Погба. Лапорта е во Торино, а според новинарот Фабрицио Романо, сепак, средбата не е случајна, туку планирана. Ова може да значи разговори за јануарскиот преоден рок, иако Халанд и Погба се опции за летото, кога Норвежанецот има клаузула за раскин, а на Французинот му истекува договорот со Манчестер Јунајтед. Лапорта е еден од ретките луѓе во светот на фудбалот кој има одлични односи со Рајола. Но главен проблем…
Интер планира да го продолжи договорот со 37-годишниот голман Самир Хандановиќ, објави новинарот Николо Скира на својот Твитер профил. Според изворот, италијанскиот клуб веќе ја затворил зделката за трансферот на камерунскиот голман Андре Онана од Ајакс. Сепак, Интер има намера да го задржи Хандановиќ, кој сега заработува 3,5 милиони евра годишно, како резервен голман. Клубот сака да го обнови договорот со голманот доколку тој прифати значително намалување на платата. Тимот е подготвен да му плаќа на голманот 1,5 до 2 милиони евра годишно. Во моментов Трансфермаркт го проценува Словенецот на 2,5 милиони евра. Договорот на голманот завршува следното лето. Во…
Голманот на Тотенхем, Хуго Лорис е подготвен да потпише нов долгорочен договор со клубот. Актуелниот договор на 34-годишниот Французин е до летото 2022 година, а со тоа се очекуваше тој да ги напушти Тотенхем следното лето. Сепак, „Football Insider“ тврди дека ветеранот се предомислил и е подготвен да остане во Тотенхем до крајот на својата кариера. Лорис се чувствува среќен во Лондон и нема желба да ја промени ситуацијата. Тоа лошо би се одразило на неговото семејство, а особено на неговите деца, кои ќе мора да го сменат училиштето и целосно да ги сменат своите навики. Покрај тоа, ветеранот е…
УЕФА на својата официјалната веб-страница го објави распоредот за одигрување на 1/8 финалните натпревари од Лигата на шампионите за 2021/22 година. Еве кој кога ќе игра во текот на февруари и март 2022 година. Први натпревари: 15 февруари, вторник ПСЖ (Франција) – Реал (Шпанија) Спортинг (Португалија) – Манчестер Сити (Англија) Среда 16 февруари Интер (Италија) – Ливерпул (Англија) Салцбург (Австрија) – Баерн Минхен (Германија) 22 февруари, вторник Виљареал (Шпанија) – Јувентус (Италија) Челзи (Англија) – Лил (Франција) Среда 23 февруари Атлетико (Шпанија) – Манчестер Јунајтед (Англија) Бенфика (Португалија) – Ајакс (Холандија) Реванш натпревари: 8 март, вторник Баерн Минхен – Салцбург…
Два тима од Италија се насочија кон напаѓачот на Ливерпул, Дивок Ориги. Станува збор за Милан и Аталанта, пренесува „Тутомеркато“. Белгиецот е на мета на двете екипи во Серија А за следното лето, кога секој од нив можеби ќе треба да го засили нападот. Во Милано, Ориги е посочен како потенцијален кандидат да го замени Златан Ибрахимовиќ, чија иднина на „Сан Сиро“ е нејасна. Во Аталанта го гледаат 26-годишниот фудбалер како опција да го замени Луис Муриел, кој се очекува да го напушти Бергамо по крајот на сезоната. Ориги е во Ливерпул од 2014 година, но никогаш не може да…
Крилниот напаѓач на Баерн (Минхен) Кингсли Коман и понатаму одбива да потпише нов договор со клубот. Актуелниот договор на Французинот истекува за 18 месеци и првите луѓе на „Алијанц Арена“ сакаат да го врзат долгорочно, но сега за сега нема договор, пишува „Билд“. Двете страни имаат сериозни несогласувања околу платата што ќе ја добие Коман доколку повторно потпише. 25-годишниот сака двојно да се зголеми, но Баерн Минхен не сака да му понуди толку пари бидејќи тоа би ја нарушило финансиската структура на клубот. Така, иднината на Коман на „Алијанц Арена“ останува неизвесна и нема да биде изненадување доколку се продаде…
