Author: riste

По завршувањето на групната фаза на Лига Европа, познати се првите осминафиналисти, а се формираат и квалитативните шешири од првата елиминациона фаза. Победниците на групите директно ќе играат осминафинале, а второпласираните ќе разигруваат против третопласираните екипи кои од Лигата на шампионите ќе се префрлат во Лига Европа. Осминафиналисти: Црвена Звезда, Лион, Монако, Спартак Москва, Ајнтрахт Франкфурт, Галатасарај, Баер Леверкузен, Вест Хем Второпласирани екипи од групите на Лига Европа: Глазгов Ренџерс, Реал Сосиедад, Брага, Лацио, Олимпијакос, Наполи, Бетис, Динамо Загреб Третопласирани екипи од Лигата на шампионите (се префрлаат во Лига Европа): Барселона, Борусија Дортмунд, Севиља, РБ Лајпциг, Аталанта, Порто, Зенит, Шериф Третопласирани екипи од Лига Европа (се префрлаат во Конференциска лига): Спарта Прага, ПСВ Ајндховен, Лестер, Фенербахче, Олимпик Марсеј, Мидтјиланд, Селтик, Рапид Виена Во оваа фаза…

Read More

Тренерот на Виљареал, Унаи Емери беше повеќе од среќен по победата од 3:2 над Аталанта во одложениот натпревар од последното коло во групата „Ф“ од Лигата на Шампионите. Овој успех и обезбеди на неговата екипа пласман во 1/8-финалето на Лигата на шампионите. Затоа, тренерот верува дека неговиот тим има со што да се гордее. „Видовте колку е тешко да се соочиш со Аталанта. Тие се меѓу елитните тимови во Италија и играат прекрасен фудбал. Тие исто така се во одлична форма. Мора да покажете одлучност против таков тим. Знаевме дека не можеме да се опуштиме на 3:0. Во Лигата на…

Read More

Со победата од 3:2 над Аталанта, шпанскиот тим Виљареал стана последниот учесник во осминафиналето на Лигата на шампионите. „Жолтата подморница“ заврши на второто место во групата „Ф“ по Манчестер Јунајтед и ќе биде меѓу второпласираните екипи во ждрепката за следната фаза, која ќе биде извлечена на 13 декември (понеделник) во 12 часот. Еве го список на сите екипи кои ќе играат во осминафиналето: Првопласирани: Ајакс (Холандија), Баерн Минхен (Германија), Јувентус (Италија), Ливерпул (Англија), Лил (Франција), Манчестер Сити (Англија), Манчестер Јунајтед (Англија), Реал Мадрид (Шпанија) Второпласирани: Атлетико Мадрид (Шпанија), Бенфика (Португалија), Челзи (Англија), Интер (Италија), Пари Сен Жермен (Франција), Ред Бул…

Read More

Арсенал ја испратил првата понуда за крилниот напаѓач на Јувентус, Дејан Кулушевски. Од „Емирати“ имаат голема желба да го привлечат Кулушевски во својот состав и веќе почнале да работат на таков договор, пренесува „Ла Република“. Понудата на Арсенал е вредна 30 милиони евра, плус уште 5 милиони во вид на бонуси. Понудата е нешто пониска од цената што ја одреди Јувентус. Клубот од Торино сака да добие 40 милиони за да се раздели со Кулушевски. 21-годишниот талентиран играч беше привлечен од Аталанта во јануари 2020 година за 35 милиони евра, но беше оставен да ја заврши сезоната во Парма на…

Read More

Милан размислува да испрати понуда за дефанзивецот на Барселона, Самуел Умтити за време на зимската пауза. „Росонерите“ итно бараат замена за повредениот Симон Кјаер и клубот го сврте вниманието кон 28-годишниот Французин, објавија медиумите во Италија. Умтити е многу почесто на клупата на Барселона и не е дел од плановите на тренерот Чави. Каталонците со задоволство ќе се ослободат од него. Тој има договор до 2023 година и зема многу сериозна плата за играч кој има статус на резерва. Дефанзивецот нема одиграно ниту минута од почетокот на сезоната, а последниот меч за Каталонците го имаше на 22 мај 2021 година,…

Read More

Украина има искуство во организација на светски и европски првенства и има интерес да биде домаќин на Суперкупот на УЕФА во 2024 или 2025 година. Ова го соопшти денеска претседателот на Украина Владимир Зеленски на средбата со претседателот на УЕФА Александар Чеферин, пренесува ТАСС. „Украина е заинтересирана да биде домаќин на Суперкупот на УЕФА во 2024 или 2025 година. Украинската фудбалска асоцијација исто така размислува да аплицира за домаќин на Европското првенство во фудбал за жени во 2025 година, Европско првенство во фудбал на плажа за мажи, Европско првенство за играчи до 21 година, Европско првенство за играчи до 17…

Read More

Играчот од средниот ред на Баерн Минхен, Џошуа Кимих, нема да игра на преостанатите натпревари на тимот оваа година. Ова беше објавено на официјалната веб-страница на клубот. „Мило ми е што мојот карантин поради коронавирусот заврши. Добро сум, но поради мала инфилтрација на белите дробови се уште не можам да тренирам со полна сила. Со нетрпение го очекувам моето целосно враќање на должноста во јануари“ изјави Кимих. Германскиот фудбалски сојуз неодамна објави дека неименуван фудбалер бил позитивен на тестот за Ковид-19 и веднаш бил ставен во карантин. Тој нема симптоми на болеста и е целосно вакциниран. Четворица други германски репрезентативци…

Read More

Едно од најпријатните изнанадувања на Англија на последното Европско првенство Калвин Филипс ризикува да ги пропушти следните два месеци, пренесува „Дејли мејл“. Играчот од средниот ред на Лидс Јунајтед има истегнување на мускулот на последниот натпревар против Брентфорд (2:2). Статистиката покажува дека Филипс е од големо значење за тимот, бидејќи без него тимот на Лидс освои само 7 од 36 можни бодови по враќањето во Премиер лигата. Сепак, ова не е единствениот проблем за Лидс по овој натпревар, бидејќи тогаш се повреди ѕвездата во нападот Патрик Бамфорд. За него ова беше прв настап по речиси 3 месеци отсуство и токму…

Read More

Селекторот на хрватската фудбалска репрезентација Златко Далиќ го продолжи договорот со националниот тим до 2024 година, соопшти прес-службата на Хрватскиот фудбалски сојуз. Далиќ е на чело на хрватската репрезентација од октомври 2017 година, под негово водство репрезентацијата освои сребрени медали на Светското првенство во Русија 2018 година. Исто така, селекцијата на Хрватска обезбеди учество на Светското првенство – 2022 година во Катар. Во решавачкиот натпревар за првото место во квалификациската група, избраниците на Далиќ ја совладаа репрезентацијата на Русија (1:0). Претходно беше објавено дека поранешниот напаѓач на хрватската репрезентација Марио Манџукиќ ја започнал својата тренерска кариера и дека 35-годишниот поранешен…

Read More

Пред една недела одиграа нерешено на гости во Португалија, а вечерва ракометарите на Еурофарм Пелистер ќе имаат можност за поправан против екипата на Спортинг Лисабон. Добрата серија во ЕХФ Европската лига македонскиот тим може да ја продолжи вечерва на домашен терен во Битола во салата „Боро Чурлевски“. По стартниот пораз од Ним, пелистерци направија серија од четири натпревари без пораз и сега се надеваат дека оваа серија ќе продолжи и по вечерашниот дуел на домашен терен, кој за нив ќе биде нова шанса за победа и бодови кои ќе им донесат пробив кон врвот на табелата. Спортинг има бод повеќе од Еурофарм Пелистер, но…

Read More