Author: riste

Претседателот на Сампдорија, Масимо Фереро, ќе се повлече од функцијата откако беше уапсен поради истрага за наводна вмешаност во корпоративен криминал и банкрот, соопшти италијанскиот клуб. „Бевме многу изненадени кога дознавме за мерката притвор на Масимо Фереро. Ова беше барање на обвинителството поврзано со настаните од пред многу години. Фереро поднесе оставка за да избегне какви било шпекулации за Сампдорија и фудбалот“, се вели во соопштението на клубот. Претседателот на Сампдорија моментално е во затвор, а уште петмина осомничени се во домашен притвор. Италијанскиот клуб не е дел од истрагата на италијанските власти.

Read More

Капитенот на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг пропушти да постигне гол на шест последователни натпревари во Премиерлигата, што е негова најлоша серија во оваа натпреварување. Најдолгата серија без голови на интенационалецот од Габон беше 14 натпревари од февруари до август 2014 година, кога играше за Борусија Дортмунд, беше објавено од „OptaJoe“ на Твитер. Оваа сезона Обамејанг има 14 настапи во Премиерлигата, 4 гола и една асистенција. Последен пат капитенот на Арсенал постигна гол во 9. коло од шампионатот против Астон Вила на 22 октомври. Лондонскиот клуб тогаш победи со 3:1. По 15 кола, Арсенал се наоѓа на 7. место на табелата со…

Read More

Се помалку слободни места останаа во 1/8 финалето од Лигата на шампионите. Вечерва ќе се одиграат првите 8 натпревари од последното 6.коло во групната фаза. По нивното завршување, ќе го знаеме името на уште 1 учесник во следната фаза, кој ќе им се приклучи на Ајакс, Баерн Минхен, Челзи, Интер, Јувентус, Ливерпул, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, ПСЖ, Реал Мадрид и Спортинг (Лисабон ). Но, има натпревари кои се важни и во битката за првите места во одделни групи, како и за третите места, кои даваат право на настап во Лига Европа напролет. Во групата „А“ веќе ги знаеме првите две…

Read More

Неколку играчи на Тотенхем и членови на тимот се позитивни на тестот за Ковид-19, објавија утрово медиумите од Островот. Тестовите се направени во текот на вчерашниот ден (понеделник), но се очекува до утре да бидат потврдени со ПЦР тестовите. Ова е исклучително лоша вест за менаџерот на тимот Антонио Конте, бидејќи Тотенхем, како и останатите тимови на Островот, ќе имаат многу напорен распоред во текот на месец декември. Лондончани се надеваат дека доколку се потврдат позитивните примероци за одреден број играчи, ќе можат да ги одложат претстојните еден или два натпревари додека не се вратат барем некои од позитивните на…

Read More

Синоќа на стадионот „Гудисон Парк“ во Ливерпул, во рамките на 15. коло од англиската Премиер лига, Евертон го совлада Арсенал со 2:1 и тоа со пресврт и гол постигнат во судиското надополнување. дија – 2:1. На овој натпревар 24-годишниот бразилски напаѓач Ричарлисон беше централна фигура, најнапред постигна два гола, но му беа поништени од ВАР поради офсајд. За сепак подоцна д апостигне регуларен гол кој според статистиката е негов 41. лигашки гол во Англија. Според овој индикатор, тој се израмни со поранешниот играч на Ливерпул, Филипе Кутињо . Подобар учинок од него имаат напаѓачот на Ливерпул Роберто Фирмино (70) и…

Read More

Голманот на Лестер Сити, Каспер Шмајхел има повреда на палецот по мечот со Астон Вила. Данецот се повреди во финишот на првото полувреме, кога екипата од Бирмингем постигна гол кој не беше признат. Шмајхел ја стави раката на топката, која ја шутна Џејкоб Рамзи во голот. Се испостави дека домашниот играч непријатно го удрил Шмајхел. „Тој само ми ја удри раката. Мојот палец е вкочанет во моментов. Ќе мора да ме сликаат за да видат што точно е проблемот. Но, тоа беше фаул. Не се чувствувам многу добро во моментов. Како што реков, ќе треба да ја почекаме дијагнозата на…

Read More

Напаѓачот на Фиорентина, Душан Влаховиќ продолжува да го привлекува вниманието на европските гиганти со одличниот настап од почетокот на сезоната. Манчестер Сити е уште еден клуб кој се најде на списокот на клубови заинтересирани за Влаховиќ. Договорот на Влаховиќ е до летото 2023 година, а тој одбива повторно да потпише. Затоа Фиорентина е подготвена да го продаде за да може да земе што повеќе пари за неговите права. Ова го најави претседателот на клубот Роко Комисо.Затоа се повеќе тимови будно ја следат ситуацијата околу напаѓачот и се надеваат дека ќе успеат да го земат во своите редови. Меѓу нив е…

Read More

Тренерот на Ајакс, Ерик тен Хаг е подготвен да преземе нов предизвик во кариерата и да води голем клуб од странство. 51-годишниот тренер беше споменуван како еден од фаворитите за нов менаџер на Манчестер Јунајтед од следното лето, кога му истекува договорот на привремениот тренер Ралф Рангник. Холанѓанецот призна дека е подготвен да прифати таква понуда. „Мислам дека сум подготвен да одам во странски клуб. Со задоволство ќе пробам нов предизвик. Но, не го барам по секоја цена. Ако тоа никогаш не се случи, сепак не би ја кажал дека мојата кариера беше неуспех. Но, верувам дека ги имам потребните…

Read More

Гол-машината на Фиорентина – Душан Влаховиќ – продолжува да пишува историја со головите кои ги постигна во 2021 година. Денес, напаѓачот на Фиорентина го постигна 30-от гол во оваа календарска година, со што стана само четвртиот играч во историјата на Серија А кој ја достигнал таа бројка во една календарска година пред да наполни 22 години. Останатите тројца се од далечното минато – Џузепе Меаца за Интер (1930-та). Феличе Борел за Јувентус (1933) и Антонио Валентин Анџелило за Интер (1958). Неодамна Влаховиќ стана играчот со најмногу голови за „виолетовите“ во една година. Тој е лидер и во голгетерската конкуренција во…

Read More

Трката за шампионската титула во Формула 1 сепак ќе се реашава на последната трка во Дубаи, откако на трката за ГН на Џеда му припадна на Луис Хамилтон. Вистинска драма се случуваше на патеката, многу прекини, жолти и црвени знамиња се појавија на првата трка одржана на патеката во Саудиска Арабија, а на крајот се радуваше Луис Хамилтон. Хамилтон тргна од пол позицијата, Верстапен не успеа да се пробие на стартот и го чекаше првиот прекин по судирот на Мик Шумахер. Возачот на Ред Бул го искористи прекинот и изби на првото место, а потоа по рестартот имаше мал дуел…

Read More