Author: riste

ПСЖ будно ја следи ситуацијата со крилниот напаѓач на Манчестер Сити, Ријад Марез. 30-годишниот Алжирец нема многу минутажа за тимот на Пеп Гвардиола од почетокот на сезоната, а се погласни се шпекулациите дека може да го напушти „Етихад“. Фудбалерот често е дел од натпреварите во Лигата на шампионите, но во Премиер лигата одигра само 4 натпревари како стартер во првите 14 кола. Затоа, од „Паркот на принцовите“ внимателно следат што се случува и се подготвени да дадат понуда за овој играч, доколку се појави некоја шанса, пишува „Сан“. Марез има договор со Манчестер Сити до летото 2023 година, а во…

Read More

Менаџерот на Челзи, Томас Тухел изјави дека Данецот Андреас Кристенсен останува надвор од стартниот состав поради неподготвеноста на дефанзивецот да го продолжи договорот со клубот. Кристенсен одигра 13 натпревари за Челзи од почетокот на сезоната, но не беше меѓу стартерите во ремито 1:1 со Барнли на 6 ноември. Актуелниот договор на данскиот репрезентативец истекува на крајот од сезоната. „Се надевам дека ова барем малку ќе влијае на ситуацијата околу неговиот договор“, изјави Тухел пред вечерашното гостување на лондончани кај Ватфорд во натпревар од 14. коло на Премиер лигата. „Долго чекавме потврда. Сега зависи од Андреас да дејствува надвор од теренот,…

Read More

Жоао Сантош, агентот на играчот од средниот ред на Челзи, Жоржињо, изјави дека лондонскиот клуб се уште не започнал преговори за нов договор со фудбалерот. „Се уште немаме никакви преговори за продолжување на договорот. Договорот е со важност до јуни 2023 година. Можеби преговорите ќе започнат во наредните месеци“, изјави Сантош. Жоржињо се пресели во Челзи во летото 2018 година од Наполи, за кој играше четири години. Трансферот изнесуваше 57 милиони евра, а претходно Жоржињо ги бранеше и боите на италијанска Верона. Од 2016 година е повикан во репрезентацијата на Италија. Во сезоната 2021/2022, 29-годишниот Италијанец одигра 18 натпревари, постигна…

Read More

170-те стручни лица кои го дадоа својот глас за наградата „Златната топка“ му го доделија трофејот на Лионел Меси со мала разлика од 33 поени пред Роберт Левандовски. Многумина веруваат дека напаѓачот на Баерн (Минхен) е оштетен, а во последен момент „Франс Фудбал“ се реши да додели нова награда – за напаѓач на годината и му ја даде токму на Роберт Левандовски, која може да се смета за еден вид компромис. „Марка“ обрнува внимание на дел од показателите на првите двајца во рангирањето. За календарската 2021 година досега Левандовски има постигнато повеќе голови од Аргентинецот, но Меси го надминува во…

Read More

Поранешниот капитен на Реал Мадрид, Серхио Рамос нема да учествува на денешниот натпревар на ПСЖ против Ница и покрај тоа што пред неколку дена дебитираше за клубот и е во добра форма, пренесуваат медиумите во Франција. Нема информации за нова повреда на дефанзивецот, туку тој ќе паузира за да не се оптовари одеднаш. Шпанецот немаше играно од неговиот трансфер во летото, бидејќи имаше повреда. За денешниот натпревар во прашање е настапот и на Хуан Бернат и Лионел Меси. Вчера Аргентинецот се пожали на стомачни проблеми. Леандро Паредес ја имаше истата болка како и освојувачот на Златната топка, но веќе е…

Read More

Капитенот на Јувентус Џорџо Киелини објави дека тој и неговите соиграчи во последно време му останале должни на клубот. Јувентус во моментов е само седми во Серија А, откако во синоќа ја совлада Салернитана на гости со 2:0. 37-годишниот дефанзивец призна дека тренерот Масимилијано Алегри успеал да ги мотивира сите со своите зборови пред натпреварот. „Клубот ни даде толку многу и време е да му се оддолжиме“, изјави Киелини по натпреварот. „Тренерот не натера да сфатиме што точно се очекува од нас. Игравме напорно и победивме. Мора да бидеме одговорни и да се стремиме да направиме нешто исклучително на теренот“,…

Read More

Македонскиот ракометен тим Еурофарм Пелистер не успеаја да се врати од Португалија со целиот плен, но сепак непоразен се враќа од гостувањето кај Спортинг (27:27). Во рамките од петото коло од второто по ранг натпреварување на ЕХФ, битолчани иако водеа во текот на целиот натпревар, на крај освоија само бод на мечот со Спортинг, а по мечот тренерот Жељко Бабиќ истакна дека е задоволен од ангажманот и резултатот. „Многу сум задоволен. Вечерва беше многу важно да не загубиме. Сакам да им се заблагодарам на ракометарите, се бореа за секоја топка и за секоја позиција. Игравме многу важен натпревар за двете екипи.…

Read More

Каталонскиот гигант Барселона покажа интерес да го привлече младиот напаѓач на РБ Салцбург Карим Адејеми. Барселона понудила 40 милиони евра за 19-годишниот германски репрезентативец, информира „Sport.es“. Сериозна е конкуренцијата за потписот на талентот, Барселона, која е заинтересирана за овој играч ќе мора да се натпреварува со клубови како Манчестер Сити, Ливерпул, Баерн (Минхен), Борусија (Дортмунд), Атлетико Мадрид, Интер и ПСЖ. Дортмунд исто така дал конкретна понуда вредна 35 милиони евра, но германскиот клуб му нуди поголема плата на играчот.

Read More

Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Еден Азар денеска тренираше со останатиот дел од екипата на мадридскиот тим. Најверојатно, Белгиецот ќе биде вклучен во пријавените за натпреварот од шпанското првенство со Атлетик Билбао, кој ќе се одигра утре, 1 декември. Да потсетиме дека Азар ги пропушти последните натпревари на Реал Мадрид поради гастроентеритис. По доаѓањето во Реал Мадрид во летото 2019 година, Белгиецот редовно е надвор од терените поради повреда. Поради овие повреди, Азар пропушти голем број на натпревари. Оваа сезона Еден Азар одигра 10 натпревари во Ла Лига за Кралскиот клуб од Мадрид и има само една асистенција.…

Read More

Новиот тренер на Манчестер Јунајтед Ралф Рангник сака во тимот да го види играчот од средниот ред на РБ Лајпциг, Амаду Хајдара, пишуваат медиумите во Манчестер. Претставници на Манчестер Јунајтед ќе го следат 23-годишниот фудбалер на следните натпревари на Лајпциг со Унион Берлин во германското првенство и со Манчестер Сити во Лигата на шампионите. Англискиот клуб може да му предложи на Хајдара доовор уште оваа зима. Се знае дека износот на обештетувањето во неговиот договор е 40 милиони евра. Ралф Рангник го иницираше трансферот на фудбалерот од Мали од РБ Салцбург во Лајпциг во 2018 година. Самиот Хајдара претходно призна…

Read More