Author: riste

Натпреварот меѓу Баерн (Минхен) и Барселона од последното коло од групната фаза во Лигата на шампионите ќе се игра пред празни трибини. Ова стана јасно по изјавата на премиерот на покраината Баварија Маркус Зодер, кој најави дека поради ситуацијата со ширењето на коронавирусот стадионите во покраината повторно се затвораат. Натпреварот на „Алијанц Арената“ помеѓу Баерн и Барселона е на 8 декември. Победата на Каталонците им е потребна за да обезбедат пласман во следната фаза од Лигата на шампионите, откако во претходното коло не успеаја да ја совладаат Бенфика на домашен терен. Баерн во првиот натпревар ја победи Барселона со 3:0…

Read More

Лионел Меси ја одвои „Златната топка“ за оваа година, со која веќе има рекордни седум. Во анкетата организирана од „Франс Фудбал“, 34-годишниот Аргентинец ги остави зад себе Роберт Левандовски и Жоржињо, кои изненадувачки го надминаа Карим Бензема кој не влезе во Топ 3. Летото, Меси ја освои Копа Америка со Аргентина, стана стрелец број 1 во шпанското првенство за сезоната 2020/21 со 30 гола, а потоа го облече дресот на ПСЖ. Лео Меси ја освои претходната „Златна топка“ – во 2019 година, а останатите се од 2009, 2010, 2011, 2012 и 2015 година. Најблиску до него со пет вакви награди…

Read More

Голманот на ПСЖ и на италијанската репрезентација Џанлуиџи Донарума е прогласен за најдобар голман на светот во 2021 година. 22-годишниот Италијанец ја доби наградата „Лев Јашин“ на доделувањето на наградите за најдобрите фудбалери во изминатата година. Претходно, Донарума беше прогласен и за најдобар голман во светот во 2021 година од страна на Меѓународната федерација за фудбалска историја и статистика (IFFHS). Потсетиме дека во летото 2021 година, Донарума стана победник на Европското првенство како дел од италијанската репрезентација и беше прогласен за најдобар голман на ЕП. Наградата „Лев Јашин“ е меѓународно воспоставена во 2019 година. Првиот добитник на оваа награда во…

Read More

Фудбалерката на Барселона, Алексија Путелас ја доби женската Златна топка на крајот на 2021 година. Оваа година 27-годишната Путелас ја освои Лигата на шампионите, шпанското првенство и националниот куп. За наградата номинирани беа и Џенифер Хермосо (Барселона, Шпанија), Сандра Паниос (Барселона, Шпанија), Стина Блакстенус (Хекен, Шведска), Џеси Флеминг (Челзи, Англија), Магдалена Ериксон (Челзи, Англија), Саманта Кер (Челзи, Англија), Венди Ренард (Лион, Франција), Саманта Мевис (Северна Каролина Кураџ, САД), Вивијан Мидема (Арсенал, Англија), како Мартенс (Барселона, Шпанија), Ешли Лоренс (ПСЖ, Франција ), Кристин Синклер (Портланд Торнс, САД), Елен Вајт (Манчестер Сити, Англија), Кристијан Ендлер (Лион, Франција), Фран Кирби (Челзи, Англија), Кадидијато…

Read More

Напаѓачот на Баерн Минхен и Полска, Роберт Левандовски е прогласен за најдобар напаѓач на годината од „Франс Фудбал“. Ова е првпат француско издание да ја додели оваа награда. Истата ќе биде доделена на играчот кој постигнал најмногу голови за клубот и репрезентацијата во една календарска година. Левандовски во 2021 година постигна 64 гола за Баерн Минхен и за полската репрезентација. За потсетување, Левандовски на крајот од минатата сезона ја освои „Златната копачка“, откако стана најдобар стрелец во европските национални првенства (41 гол на 29 натпревари во Бундеслигата).

Read More

Играчот од средниот ред на Барселона и Шпанија, Педри е прогласен за најдобар млад играч на годината според „Франс Фудбал“. 19-годишникот ја доби наградата на церемонија во Париз. Номинирани за наградата беа и Мејсон Гринвуд (Манчестер Јунајтед, 20), Џамал ​​Мусиала (Баерн, 18), Џуд Белингем (Борусија Дортмунд, 18) и Нуну Мендеш (ПСЖ, 19).

Read More

Кошаркарската репрезентација на Македонија одигра две добри и две лоши четвртини на гостувањето во Киев кај Украина и не ууспеа д анаправи изненадување, односно загуби со 78:61 на гостувањето кај Украина во рамки на квалификациите за Светското првенство (СП) кое се игра во 2023 година. Ова е втор пораз на нашата кошаркарска репрезентација во овие квалификации, но мора да се каже дека во првите две четвртини кошаркарите на Македонија одиграа добро и имаа предност од 34:30. Сепак впечатокот го расипаа во неколку лоши минути во кои дозволија Украина да дојде до убедлива предност која на крајот дојде и до високи и убедливи 17 поени…

Read More

Европскиот шампион Челзи ќе се сретне со некој од Ал Хилал, Ал Џезира и Окленд Сити. Традиционално, претставникот на Стариот континент е вклучен во полуфиналната фаза на турнирот на кој учествуваат вкупно седум екипи. Претходно денеска ФИФА објави дека натпреварите ќе се одржат од 3 до 12 февруари 2022 година во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ). Првично, турнирот требаше да се одржи во Јапонија во декември, но властите во земјата одлучија да се откажат од организацијата поради пандемијата. Ова е второ учество на Челзи на светското клупско првенство. Првиот беше во 2012 година, кога „сините“ го совладаа Монтереј во полуфиналето, но…

Read More

Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема, за кој се шпекулира дека ќе биде во топ 3 за „Златната топка“, нема да присуствува на денешната церемонија во Париз. „Мовистар +“ открива дека Французинот се упатил кон родниот Лион. Според информациите во последните часови, Бензема е втор во рангирањето зад Лионел Меси, а Роберт Левандовски е трет. Францускиот репрезентативец синоќа играше за Реал против Севиља, а во среда навечер би требало да му биде на располагање на Карло Анчелоти, бидејќи Реал Мадрид игра против Атлетик Билбао во одложен натпревар од Ла Лига.

Read More

Ѕвездата на ПСЖ, Нејмар, ќе се опоравува меѓу шест и осум недели поради повредата на зглобот што ја заработи на вчерашниот натпревар со Сент Етијен. Оваа информација беше официјално потврдена од клубот по прегледите на кои денеска беше подложен напаѓачот. Нејмар има истегнување на зглобот, како и оштетување на лигаментите. Од клубот појаснуваат дека по 72 часа фудбалерот повторно ќе биде на преглед. Нејмар оваа година досега има одиграно натпревари. Сигурно нема да игра повторно до крајот на 2021 година. На Бразилецот му се изврте скочниот зглоб на крајот од мечот откако влезе Макон, по што ѕвездата на ПСЖ беше…

Read More