Дефанзивецот на Интер, Милан Шкриљар му посака брзо закрепнување на голгетерот на Наполи, Виктор Осимен. За време на натпреварот помеѓу двата тима, кој го доби Интер со 3:2, Шкрињар и Осимен се судрија со глави во воздушен дуел. Дефанзивецот имаше среќа и без повреди помина по овој судар, но тешко настрада напаѓачот на Наполи. Така, Нигериецот беше опериран поради неколку скршеници на каски од лицето и ќе отсуствува од фудбалските терени најмалку три месеци. Тоа значи дека тој периодов не само што нема да може да и помогне на својот тим во борбата за Скудетото, туку ќе го пропушти и…
Author: riste
Манчестер Јунајтед постигнал договор со директорот за спорт и развој на московскиот Локомотив Ралф Рангник. Информациите кои ги објавија медиумите во Англија велат дека тој ќе стане привремен тренер на клубот до крајот на сезоната, по што ќе работи во структурата на клубот две години. Сега Манчестер Јунајтед ја чека одлуката на Локомотив Москва кој мора да се согласи на заминување на овој фудбалски стручњак. Локомотив го објави назначувањето на Ралф Рангник за директор за спорт и развој во јули 2021 година. Договорот на Рангник со оваа екипа е на три години. Германскиот специјалист се занимава со широк спектар на…
Напаѓачот на Реал Мадрид и Франција, Карим Бензема и официјално ја доби пресудата и е прогласен за виновен во аферата со Метју Валбуена. Судот во Франција донесе пресуда во која голгетерот на Реал Мадрид е виновен, за што тој доби и една година затворска казна, како и парична санкција. Карим Бензема сепак нема да оди во затвор, тој ќе отслужи условна казна на слобода, но нема да смее да прекрши било каков закон во тие 365 дена. Покрај тоа, тој ќе плати парична казна од 75.000 евра. Исто така не е позната санкцијата која ја добиваат неговите соучесници. Бензема ги…
Роберт Кубица ќе продолжи да биде дел од тимот на Алфа Ромео во Формула 1 во 2022 година како резервен возач. Полјакот се врати во Хинвил на почетокот на 2020 година по две години во редовите на Вилијамс, што вклучуваше сезона како главен возач во 2019 година. За него тоа беше долгоочекуваното враќање во Формула 1 по тешката несреќа на релито на почетокот на 2011 година, што речиси и не го чинеше не само десната рака, туку и животот. Како резервен возач на Алфа Ромео Кубица, во последните две години забележа вкупно осум учества на петочните тренинзи. Претходно оваа сезона,…
Тренерот на Бенфика, Хорхе Жесус, ги сумираше импресиите од натпреварот со Барселона (0:0) во групната фаза од Лигата на шампионите. Во последните минути португалскиот тим можеше да дојде до победа, но напаѓачот Харис Сеферовиќ не го погоди празниот гол. „Ова беше добар натпревар од дефанзивна гледна точка. Не може да се негира дека Барселона во текот на натпреварот не создаде неколку добри шанси. На крајот, кога имавме шанса, Барселона немаше ниту голман на голот. Тренер сум 30 години и никогаш не сум видел нешто слично. За жал, тоа се случи и со мене и со Бенфика“, изјави Жесус за веб-страницата…
Двајцата играчи на Челзи, Хаким Зиеш и Тимо Вернер може да се преселат во Барселона, објави „ЕСПН“. Според изворот, приоритетна опција за нов трансфер бил играчот на Манчестер Сити, Рахим Стерлинг. Но, поради цената на играчот и неподготвеноста на англискиот клуб да го пушти играчот, овој трансфер најверојатно нема да се оствари. Токму поради тоа од Барселона решиле да преминат кај играчите на Челзи. Клубот испратил барање до лондончани да видат дали воопшто ќе може да се ангажираат овие играчи. Барса би сакала да ги позајми со можна опција за купување, а се ова би се реализирало во јануарскиот преоден…
Екипата на Јувентус синоќа на стадионот „Стемфорд Бриџ“ во Лондон го одигра својот натпревар од 5. коло од групната фаза на Лигата на шампионите на УЕФА, Челзи славеше со убедливи 4:0. Овој пораз беше најголемиот за клубот од Торино во историјата на настапите во Лигата на шампионите. Ако го земеме во предвид периодот до 1992 година, кога турнирот се викаше Куп на европските шампиони, тогаш Јувентус нема загубено толку убедливо цели 63 години. Во октомври 1958 година, австриски Винер го победи италијанскиот клуб со 7:0 во реваншот од прелиминарното коло на Купот на шампионите, според официјалната веб-страница на УЕФА. По…
Вршителот на должноста тренер на Манчестер Јунајтед, Мајкл Керик ја коментираше победата од 2:0 во натпреварот од 5. коло од групната фаза во Лигата на шампионите против Виљареал. Минатата недела тој го замени Оле Гунар Солскјер како тренер на „црвените ѓаволи“. „Оваа победа значи многу. Играта беше многу тешка. Виљареал е одличен тим. Тие едноставно те тераат да работиш многу на теренот и да бидеш внимателен цел натпревар. Тие играат многу добро со топката и те принудуваат да играш посигурно во дефанзива. На моменти покажувавме добар фудбал, на моменти моравме да се повлечеме. Мислам дека игравме подобро како што одминуваше…
Вечева ќе се одигра вториот дел од натпреварите од 5.коло во групната фаза од Лигата на шампионите. Нови 8 пресметки не очекуваат во групите „А“, „Б“, „Ц“ и „Д“. Ќе гледаме неколку решавачки пресметки затоа што одредени екипи денеска имаат шанса да обезбедат пласман во 1/8 финалето, додека други на да се простат од настапите во ова натпреварување или да се надеваат на пласман во Лига Европа. Во групата А ќе се одигра клучната пресметка меѓу лидерот Манчестер Сити и ПСЖ. Победникот од овој меч е сигурен 1/8 финалист. Нерешен резултат може да ги однесе двете екипи во елиминациската фаза,…
Отказот на Оле Гунар Солскјер се очекува да доведе до сериозни шпекулации за негова замена на „Олд Трафорд“. Во медиумите веќе се појавија еденкуп имиња на тренери кои евентуално би можеле да го заземат испразнетото место, меѓу кои Маурисио Покетино, Зинедин Зидан, Лоран Блан, Ерик тен Хаг, Брендон Роџерс и Стив Брус. Сепак, според информациите на „Индепендент“, сопствениците на „црвените ѓаволи“ размислуваат за друга опција, а тоа е тренерот на Атлетико Мадрид – Диего Симеоне. Во оваа фаза се верува дека Маурисио Покетино е првиот избор на челниците од „Олд Трафорд“. Сепак, Симеоне има и свои поддржувачи, а за неговото…
