Author: riste

Играчот од средниот ред на Челзи, Хаким Зиеш, најверојатно нема да го напушти лондонскиот клуб оваа зима и покрај сите гласини за позајмица, пренесува весникот „Телеграф“. Според изворот, иднината на Зиеш во Челзи е навистина во неизвесност. Сепак, од Челзи не сакаат да се разделат со своите играчи на сред сезона, бидејќи ќе мора да се борат за трофеи на неколку фронтови. За потсетување, Зиеш за Челзи игра од 2020 година, а сезонава мароканскиот фудбалер учествуваше на 4 натпревари од англиската Премиер лига и не постигна гол. Претходно Зиеш настапуваше за холандските клубови Херенвен, Твенте и Ајакс. Од 2015 година,…

Read More

Менаџерот на Челзи, Томас Тухел изјави дека напаѓачот Ромелу Лукаку ќе го пропушти саботното 12-то коло од Премиер лигата. Челзи е лидер на табелата во Англија со 26 бода, три повеќе од Манчестер Сити и Вест Хем, кои се втори и трети. Белгискиот репрезентативец не играше на последните пет натпревари за лондончани. Тој продолжи со тренинзите во понеделникот, но според Тухел се уште не е целосно закрепнат. „Ромелу и Матео нема да играат утре“, изјави германскиот тренер на Челзи за состојбата на Лукаку и Ковачиќ. Томас Тухел појасни дека Лукаку наскоро ќе се приклучи на тимските активности и прави се…

Read More

Позната е платата која ќе ја добива бразилскиот дефанзивец кој се врати во Барселона Дани Алвеш. Каталонскиот клуб ќе му плаќа на 38-годишниот фудбалер 155.000 евра годишно – ова е минималната плата што може да му биде исплатена на фудбалер од Ла Лига, информира „Марка“. Според изворот, на ваквата ниска плата на Алвеш влијаела ситуацијата во Барселона. Ќе потсетиме, во септември Алвеш го напушти бразилскиот Сао Паоло. Фудбалерот во неколку наврати изјави дека е подготвен да и помогне на Барселона во тешка ситуација. Алвеш играше за Каталонците од 2008 до 2016 година и најсветлите години од својата фудбалска кариера ги…

Read More

Милан е блиску до потпишување на нов договор со Тео Ернандез. Договорот на 24-годишниот дефанзивец истекува во 2024 година, но од Милан се договориле со него да го продолжат неговиот престој на Сан Сиро на уште две години. Французинот по потписот сега ќе добива 5 милиони евра по сезона. Поранешниот играч на Реал Мадрид стана еден од главните играчи на Милан и има голем придонес во развојот на тимот во последните две години. Неговата добра игра дури поттикна и шпекулации за негов трансфер во Манчестер Сити.

Read More

Напаѓачот на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг зборуваше за неговата улога како капитен на тимот. „Јас сум најкул капитен во Премиер лигата, а можеби и во светот! Да бидам искрен, се трудам да бидам пример. Ова е најважниот квалитет за капитенот. Се обидувате да ги инспирирате не само младите момци во тимот, туку и постарите фудбалери. Се трудам да дадам се од себе, да дадам се што можам за клубот, тоа е работа на капитенот. Мора да го прифатите. Тоа е одлична работа, најпријатното нешто во фудбалот“, изјави Обамејанг за официјалниот сајт на Арсенал. Во актуелната сезона од англиската Премиер лига, Пјер-Емерик…

Read More

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета ќе може да го користи Томас Парти на утрешното дерби против Ливерпул. Интернационалецот од Гана имаше повреда на препоните поради која ги пропушти квалификациските натпревари на репрезентацијата против Етиопија и Јужна Африка. За време на паузата за репрезентациите, сепак, успеа да се опорави и може да биде стартер на „Енфилд“. Ќе може да игра и капитенот Пјер-Емерик Обамејанг, иако заработи полесна повреда за време на кампот на репрезентацијата на Габон. Само Гранит Џака и Сеад Колашинац продолжуваат да закрепнуваат и нема да му бидат на располагање на Артета за претстојната пресметка со Ливерпул.

Read More

30-годишниот уругвајски играч за врска Гастон Рамирез повторно може да настапи во дресот на Сампдорија за која настапуваше пред 5 месеци. Ова го објави „Фудбал Италија’. По истекот на договорот со италијанскиот клуб, фудбалерот не можеше да најде нов тим. Сампдорија, која се наоѓа во зоната за испаѓање на табелата во италијанскиот шампионат, е подготвена да го врати играчот назад. Прописите дозволуваат да пријавите играч и покрај затворениот преоден рок. Сега порталот Трансфермаркт го проценува Уругваецот на 2,5 милиони евра. Во август 2017 година, Сампдорија го купи Рамирез од Мидлсброу за 6,3 милиони евра. Во Серија А, фудбалерот одигра 173…

Read More

Новиот тренер на италијанскиот тим Џенова, Андриј Шевченко нема да може да смета на двајца главни играчи во дебито на чело на тимот во Серија А против Рома в недела на 21 ноември. Натпреварот за Џенова поради повреди ќе го пропуштат дефанзивецот Доменико Кришито и напаѓачот Фелипе Каиседо. Двајцата не се во комбинација на неодредено време. Шевченко, кој до неодамна ја водеше репрезентацијата на Украина, го замени Давиде Балардини и има тешка задача да го спаси тимот од испаѓање. Џенова во моментов по одиграни 12 кола е на 17. место на табелата. Самиот Шевченко најави дека Горан Пандев ќе биде…

Read More

Битката за потписот на 28-годишниот англиски играч за врска на Манчестер Јунајтед Џеси Лингард би можела да биде жестока. Следното лето тој ќе стане слободен играч, а за неговите услуги веќе се заинтересирани премиерлигашките клубови како Вест Хем каде играше како позајмен играч, Њукасл, Тотенхем и Евертон. И други гиганти од Европа исто така го следат, а за него се интересираат европски гиганти како Барселона и Милан, пишува „ЕСПН“. Лингард сака да се приклучи на тим кој ќе му овозможи редовни настапи пред Светското првенство во 2022 година и затоа не го потпишува повторно договорот со Манчесер Јунајтед. Од друга…

Read More

Напаѓачот на Јувентус и Аргентина, Пауло Дибала зборуваше за своите цели во кариерата. „Секогаш живеам гледајќи во иднината и размислувам за целите што сакам да ги постигнам. Да бидам важен играч во Јувентус и да растеш како личност, како човек. Имам уште многу цели кои треба да ги постигнам и со мојот тим и со репрезентацијата на мојата земја. Сакам да играм за мојата земја. Тоа ме прави да се чувствувам поблиску до мојата татковина, до моите корени. Секако, сонувам да го освојам Светското првенство, исто како што би сакал да ја освојам Лигата на шампионите. Работам секој ден за…

Read More