Македонскиот ракометен шампион Вардар не успеа да ја прекине серијата на порази во Лигата на шампионите. Вардар загуби на гости кај ПИК Сегед со 34:31, во натпревар во кој поголемиот дел од мечот беше во егал, но грешките во нападот и изгубените топки го чинеа многу. Вардар му даде силе отпор на ПИК Сегед кој беше фаворит на оваа средба, а во првиот дел имаше предност од 4 голови разлика, за Вардар во финишот да дојде до -2 и на одмор д асе замине со 17:15. На стартот на вториот дел Вардар успеа да израмни на 18:18, но ПИК Сегед повторно направи…
Author: riste
Чилеанскиот напаѓач на Интер, Алексис Санчез има повреда и ќе отсуствува од терените најмалку 15 дена. Така тренерот на Интер, Симоне Инзаги нема да може да се потпре на играчот за важниот меч со лидерот на табелата во Серија А, Наполи кој се игра в недела. Санчез во првото полувреме беше заменет при поразот на Чиле од Еквадор со 0:2 во светските квалификации, а медицинските тестови покажаа дека се работи за повреда на бутот. 32-годишниот Алексис Санчез има 10 натпревари и 1 гол во сите натпреварувања од почетокот на сезоната. Тој се уште нема голови во Серија А оваа сезона,…
Напаѓачот на РБ Лајпциг, Јусуф Поулсен ќе биде надвор од терените до нова година. Данскиот репрезентативец заработи повреда на потколеницата на средбата со репрезентацијата и ќе се опоравува 5 недели, најави тренерот на Лајпциг Џеси Марш. „Лоши вести за нас. Јуси го скина мускулното влакно на потколеницата. Беше во најдобра форма и неговото отсуство воопшто не е добро за нас”, изјави Марш. Добра вест за германскиот вицешампион е враќањето на дефанзивците Вили Орбан и Лукас Клостерман, кои најверојатно ќе бидат во стартниот состав за првенствениот натпревар против Хофенхајм в сабота.
Капитенот на Уругвај, Диего Годин, кој моментално игра за Каљари, сака да се врати во Атлетико Мадрид, објави „Мундо Депортиво“. Според изворот, 35-годишниот Уругваец ќе го напушти италијанскиот клуб во зима. Годин играше за Атлетико од 2010 до 2019 година. Вкупно одигра над 250 натпревари за тимот во Примера. Потоа играше за Интер и Каљари. Шпанското издание пренесува дека Годин е подготвен да се пресели во Атлетико под секакви финансиски услови – финансиското прашање не е главно за него. Во исто време и Атлетико е заинтересиран за враќање на играчот со оглед на нестабилната игра на тимот во одбраната. Атлетико…
Најдобриот македонски каратист Емил Павлов се пласираше во финалето на Светското првенство во Дубаи во категоријата до 67 килограми каде за противник ќе го има Стивен да Коста од Франција. Со ова Павлов е на чекор да испише историја за нашето карате. Во полуфиналето нашиот каратист славеше над Унгарецот Мартијал Ивес Тадиси поради прв освоен поен бидејќи борбата заврши нерешено 3:3. Претходно, на патот до финалето Емил Павлов беше подобар од Словакот, Матеј Хомола, Садтидин Сајматов од Узбекистан, Абдала Хамад од Јордан и Али Елсави од Египет. За Павлов ова е прв настап во категоријата до 67 килограми, откако претходно…
Стеф Кари беше предводник на екипата на Голден Стејт во победата над Бруклин каде постигна 37 поени, од кои имаше 9 успешни удари за 3 поени, а тоа му донесе триумф на Голден Ст. кај Бруклин со 117:99. Н аовој начин Стеф Кари успеа по Реј Ален да стане втор кошаркар кој стигнал до над 2.900 тројки. Реј Алан и понатаму води на листата со 2.973 успешни удари од далечина. https://twitter.com/NBAFantasy/status/1460849984497233926?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1460849984497233926%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fsportal.bg%2Fnews-2021111709344448587 Ендрју Вигинс постигна 19 поени за Голден Стејт, Џордан Пул помогна со 17, додека Дрејмонд Грин заврши со 11 поени, 8 скока и 6 асистенции. Џејмс Харден постигна 24…
Челзи е уште еден клуб кој внимателно ја следи ситуацијата со капитенот на Наполи, Лоренцо Инсиње. Договорот на 30-годишниот крилен напаѓач истекува на лето и се уште не е обновен. Затоа се повеќе од европските гиганти се вртат околу него и се надеваат дека ќе го украдат без пари од „Диего Амрандо Марадона“, пишува весникот „Марка“. Засега Лоренцо Инсиње најавува дека сака да остане во својот роден град Наполи. Сепак, клубот го притиска да ја преполови платата, а тоа по се изгледа не му се допаѓа многу на крилниот напаѓач. Така што нема да биде изненадување ако на крајот дојде…
Лука Модриќ е подготвен да ја намали платата и ќе потпише нов договор со Реал Мадрид, кој ќе го задржи на „Сантијаго Бернабеу“ до 2023 година, објави новинарот Николо Скира. 36-годишниот хрватски ветеран сака да ја заврши кариерата како фудбалер на Реал Мадрид и затоа е подготвен да се согласи на помала плата, тврди италијанскиот новинар. Освојувачот на „Златната топка“ за 2018 година е дел од составот на Реал Мадрид од 2012 година, кога Реал го купи од Тотенхем. Играчот од средниот ред има 402 натпревари и 28 гола во дресот на Реал Мадрид, а има освоено многу трофеи со…
Арсенал доставил понуда за крилниот напаѓач на Јувентус, Дејан Кулушевски, тврди „Калчомеркато“. „Топџиите“ сакаа директно да ги разменат играчите со тоа што му понудија да го разменат Николас Пепе за 21-годишниот Швеѓанец, но нивната понуда беше одбиена од Јувентус. Лондончани имаат сериозен интерес за Кулушевски и сакаат да го земат во своите редови. Тие се надеваа дека ќе можат да го разменат за Николас Пепе, бидејќи цената на двајцата моментално е приближно иста – околу 30 милиони фунти. Сепак, Јувентус не се согласи на ваква зделка, бидејќи повеќе би сакале да го продадат Кулушевски и да ја наполни касата за…
Милан е подготвен да се вклучи во битката за играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Џеси Лингард. Договорот на Англичанецот истекува на лето и од „Олд Трафорд“ се надеваат дека ќе добијат понуди за него во зимскиот преоден рок за да не го пропуштат без обештетување, пренесува „EСПН“. За Лингард е заинтересиран и неговиот поранешен клуб Вест Хем, каде минатата сезона остави одличен впечаток за време на позајмицата. Сепак и Милан ја следи ситуацијата и е подготвен да даде предлог до „црвените ѓаволи“. Лингард (28) беше подготвен да го напушти „Олд Трафорд“ летото, но тогаш менаџерот Оле Гунар Солскјер…
