Author: riste

Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан може да ја продолжи кариера во англиската Премиер лига. Манчестер Јунајтед е заинтересиран за услугите на француски стручњак, информираше „The Times“. Според изворот, раководството на Манчестер Јунајтед го гледа Зидан како идеална замена за Оле Гунар Солскјер, под чие водство тимот покажува нестабилни резултати. „Црвените ѓаволи“ се уверени дека присуството на поранешните играчи на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо и Рафаел Варан ќе ја зголеми желбата на Зидан да соработува со Манчестер Јунајтед. Претходно беше објавено дека Ралф Рангник е фаворит за местото нов тренер на Манчестер Јунајтед. Да потсетиме, во медиумите се појавија…

Read More

Италија загуби уште еден играч пред решавачкото гостување кај Северна Ирска. Голманот Салваторе Сиригу нема да патува со тимот и веќе се врати во својот клуб Џенова. „Азурите“ имаат ист број бодови со Швајцарија на врвот во групата Ц од светските квалификации. Тимот на Роберто Манчини е прв според гол разликата. Италијанскиот селектор нема да може да смета на уште неколку играчи. Алесандро Бастони, Давиле Калабрија и Кристијано Бираги го напуштија таборот на тимот во последните 24 часа поради различни причини. Во тимот беа повикани Давиде Запакоста и Џан Марко Ферари. Уште пред собирот на играчите беше јасно дека натпреварите…

Read More

Холандскиот тренер Џовани ван Бронкхорст пристигнал во Глазгов на разговори со Ренџерс, објави медиумите во Шкотска. Синоќа било објавено видео на кое тренерот шета низ аеродромот во еден шкотски град. Тренерот на Ренџерс, Стивен Жерард е пред заминување од клубот и потпишување договор со англиската Астон Вила. Договорот на тренерот со клубот од Бирмингем ќе трае три години. Трансферот на Жерард ќе биде објавен наскоро. Ван Бронкхорст ја започна својата тренерска кариера како помошен тренер во младинската репрезентација на Холандија во 2010 година. Една година подоцна, специјалистот се пресели во Феенорд, каде што беше и помошник на главниот тренер. Ван…

Read More

Фудбалската репрезентација на Македонија по одличната игра и големата победа во Ереван денес ја очекува последниот меч во овој квалификациски циклус за Светското првенство (СП), а противник ќе биде селекцијата на Исланд (18:00 часот). Исланд успеа да извлече бод на гостувањето кај Романија и со тоа ја врати Македонија во шанса за бараж и сама да одлучува за својата судбина. Да се потсетиме дека Македонија во Рејкјавик водеше со 2:0, но ја прокоцка таа предност и натпреварот заврши нерешено 2:2. Сепак Сепак сега работите се такви како што се и на нашата репрезентација и е потребна било каква победа за да биде втора…

Read More

Интер на својот голман Самир Хандановиќ и фудбалерот Иван Перишиќ ќе им понуди договори со намалување на платите, објави новинарот Николо Скира на Твитер. Клубот од Милано сака да ги намали платите на играчите за речиси половина. Сега Хандановиќ добива 3,5 милиони евра годишно плус бонуси, додека Перишиќ е платен 5 милиони евра. Покрај Интер, Хандановиќ има настапувано и за Удинезе, Тревизо и Лацио. Договорот на 36-годишниот голман со миланскиот клуб е со важност до летото 2022 година. Оваа сезона Хандановиќ одигра 12 натпревари за Интер. Договорот на Перишиќ исто така е до крајот на оваа сезона. Во сезоната 2021/22,…

Read More

Селекторот на Англија, Герет Саутгејт планира промени за последниот натпревар од светските квалификации. Во понеделник Англија гостува во Сан Марино и им треба само нерешен резултат за да го обезбедат првото место во групата и да се пласираат на Светското првенство. Вчера Англичаните ја победија Албанија со 5:0 по хет-трикот на Хари Кејн и головите на Хари Мегваер и Џордан Хендерсон. „Ќе направиме многу промени, но она што го направивме добро во минатото е да одржиме високо ниво на перформанси, дури и кога има промени“, рече Саутгејт. „Не ја завршивме нашата работа, ни треба бод. Би било грешка ако моето…

Read More

Македонија по победата над Ерменија и ремито на Романија против Исланд е во ситуација сама да одлучува дали ќе игра бараж за пласман на СП во Катар наредната година. Победа на домашен терен против Исланд ќе значи освојување на второто место во групата и потврда на историскиот успех. Денес беа одредени судиите кои ќе ја делат фудбалската правда на натпреварот меѓу Македонија и Исланд, а таа доверба му е дадена на Давиде Маса од Италија. Главен судија: Давиде Маса (Италија) Помошници: Даниеле Биндони и Стефано Аласио (Италија) Четврти судија: Симоне Соза (Италија) Вар-судија: Сандро Шерер (Швајцарија) Романија истот така игра натпревар во недела, но гостуваат кај Лихтенштајн и не би требало да имаат тешка…

Read More

Новиот тренер на Барселона, Чави, се обиде да ја следи дури и тежината на играчите за да помогне да се спречат повреди на мускулите. Една од неговите иновации е играчите да минуваат низ вага пред појадок и дури потоа да се фокусираат на тренинзите, пишува весникот „АС“. Самиот тренер објасни дека неговото огромно искуство како играч го покажа токму тоа: усогласеноста со тежината е клучот за ограничување на повредите на мускулите. Луис Енрике беше првиот тренер на Барселона кој воведе тест за тежина кога стана главен тренер во 2017 година. Но, Енрике го стави во режим тестот за тежина еднаш…

Read More

Многу е веројатно дека Серхио Агуеро повеќе нема да игра фудбал поради неговото болно срце. Лекарите утврдиле дека неговите проблеми се посериозни и веќе го известиле дека постои реална опасност да не може да се врати на теренот, објави Радио Каталонија. Пред десет дена, по мечот во Барселона, на 33-годишниот Кун Агуеро му беше дијагностицирана аритмија и беше објавено дека во следните три месеци тој сигурно нема да игра, а во зависност од темпото на неговото лекување ќе биде одлучено колку долго ќе трае неговото закрепнување и дали ќе може да ја продолжи кариерата како професионален фудбалер. За да се…

Read More

Арсенал е заинтересиран за играчот од средниот ред на РБ Лајпциг Тајлер Адамс, пренесува „Билд“. „Топџиите“ размислуваат да го купат 22-годишниот Американец во претстојниот зимски преоден рок. Адамс е универзален играч кој може да дејствува во центарот на теренот, како десен дефанзивец и како крилен бек. РБ Лајпциг го привлече од Њујорк Ред Булс во јануари 2019 година за 2,6 милиони евра. Досега во текот на оваа сезона Адамс одигра 13 натпревари за тимот, вклучувајќи ги сите во Лигата на шампионите.

Read More