Author: riste

Македонија ја очекува тежок натпревар со Ерменија, а нашиот репрезентативец Енис Барди очекува да одиграат како тим, затоа што тоа е единствениот начин да се дојде до победа која ќе ги задржи шансите на нашата репрезентација за второто место во групата од овие квалификации за Светското првенство во Катар следната година. „Наша задача е да бидеме концентрирани на нашата игра. Деталите решаваат на секој меч во овие квалификации, но најважно за нас е да знаеме што бараме од овој дуел. Мора да одиграме како тим за да стигнеме до посакуваната цел. Можеби по Европското првенство очекувањата се поголеми, но мое мислење е дека треба…

Read More

Јувентус го понудил играчот од средниот ред Арон Рамзи на други клубови, вклучувајќи ја и Рома, објави „Калчомеркато“. „Старата дама“ се согласува да го позајми Рамзи бесплатно и во исто време да му плати на Велшанецот 60% од неговата плата. Така, клубот кој се согласил на зделката ќе му плати на Арон Рамзи околу 1,5 милиони евра за една и пол година преостанати од договорот. Јувентус веќе нема намера да му дава шанси на Рамзи, кој не успеа да се докаже во италијанското првенство. Беше објавено дека Јувентус ќе го раскине договорот со Арон, а играчот сам ќе може да…

Read More

Јулијан Дракслер се повреди и отпадна од составот на германскиот национален тим за претстојните натпревари во ноември. Четирикратните светски шампиони веќе се пласираа на Светското првенство во 2022 година, но имаат проблеми со составот пред натпреварот против Лихтенштајн во Волфсбург во четврток. Никлас Зуле е позитивен на коронавирус, а уште четворица играчи со кој бил во близок контакт веќе се ставени во карантин. „Жал ми е за Дракслер“, изјави за медиумите селекторот, Ханзи Флик. Играчот од средниот ред на ПСЖ долго време нема играно за Германија, но нема да може да се врати во националниот тим поради повреда на мускулот.…

Read More

Џејдон Санчо, за кого Манчестер Јунајтед летото плати 73 милиони фунти, се подготвува за нова улога во тимот на Оле Гунар Солскјер. Во последните две недели, 21-годишниот крилен напаѓач беше вклучен како крилен бек и наскоро може да биде искористен на овој начин во натпреварите на „црвените ѓаволи“. По тешкиот пораз од Ливерпул, Солскјер реши да ја промени шемата на игра и да се префрли на 3-4-1-2 со тројца централни дефанзивци и двајца крилни бекови. Арон Ван-Бисака, кој игра на десната страна, е критикуван за офанзивниот настап, додека во ретки случаи кога е на теренот, Санчо вложува многу енергија во…

Read More

Новиот тренер на Барселона Чави Ернандез и официјално беше промовиран на „Камп Ноу“ а притоа даде свој коментар за неговото враќање во клубот. Тој го презема тренерското место од Серхи Бархуан, кој накратко беше привремен тренер по отказот на Роналд Куман. „Се враќам подготвен, а мојата ДНК не е променета. Има многу работи кои треба да се вратат во игра, особено пресингот по губењето на топката. Мојата идеја е нашиот тим да ја води играта, да ја поседува топката, да создава ситуации. Сите мора да бидеме обединети за Барса повторно да се бори за трофеи“, изјави 41-годишниот тренер во интервју…

Read More

Нашите фудбалски репрезентативци денес го имаа својот собир во Скопје каде ќе се подготвуваат за последните два натпревари од квалификациите за СП во Катар 2022 година. Поплпаднево нашите репрезентативци ќе одработат еден тренинг, а се очекува до крајот на денот на селекторот Милевски да му се стават на располагање сите играчи кои се здрави и подготвени за настап. Од првиот избор на Милевски поради повреди отпаднаа Јаховиќ и Ракип, а на нивно место дополнително се повикани Дориан Бабунски и Енур Тотре. ФОТФ ФОТО: ФФМ

Read More

Поранешното крило на Арсенал, Марк Овермарс ја одби понудата на Њукасл да стане спортски директор во клубот. 48-годишниот Холанѓанец ја извршува функцијата во Ајакс од 2012 година и за тоа време стекна репутација како специјалист за откривање и развивање таленти од светска класа. Затоа новите сопственици на Њукасл сакаа да го привлечат во својот проект. Сепак, според одредени медиуми на Островот, Овермарс одлучил да остане во Холандија и да ја продолжи својата работа во Ајакс. Во меѓувреме, Њукасл се очекува денеска да го објави назначувањето на Еди Хау, кој ќе го замени Стив Брус на менаџерската позиција. Поранешниот тренер на…

Read More

Италијанскиот гигант Милан и тренерот Стефано Пиоли се блиску до договор за продолжување на соработката на тренерот со клубот, под чие водство „росонерите“ се претставуваат одлично од почетокот на сезоната во Серија А. Според италијанскиот новинар Николо Скира, преговорите се во завршна фаза и Пиоли ќе биде награден со нов договор со зголемување на годишната плата од 2 милиони евра на 3 милиони евра, без да се земат предвид бонусите. Договорот ќе трае до 2024 година. Вчера Милан одигра градското дерби со Интер кое заврши нерешено 1:1, а со тоа Милан е на делба на првата позиција со Наполи. На…

Read More

Новиот тренер на Барселона, Чави утре, 9 ноември, ќе го одржи првиот тренинг со тимот, пренесува „Фудбал Еспања“, а тоа значи дека Чави веднаш ќе се фати за работа на својата нова позиција. Претходната недела беше официјално потврдено дека Чави го напушти катарскиот клуб Ал-Сад и се сели на клупата на Барселона. Во каталонскиот клуб тој го замени Роналд Куман, кој претходно беше отпуштен. Официјалната презентација на Чави ќе се одржи денеска, 8 ноември. На церемонијата се очекува да присуствуваат околу 25.000 фанови. А од утре новиот тренер на тимот ќе го започне тренажниот процес. Според некои информации, поранешниот клуб…

Read More

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, го коментираше резултатот од натпреварот од 13. коло на шпанскиот шампионат со Валенсија (3:3). „Противникот беше фокусиран. Ова е пристојно реми за Валенсија. Што имам да кажам, го кажав во соблекувалната. Тешко е да се загубат бодови, но не можам да бидам лут на тимот по работата што ја направија на овој натпревар и на натпреварот против Ливерпул. Во фудбалот треба да платите за грешките. Беше одличен натпревар, имавме 80-85 одлични минути, но за жал сите понекогаш грешиме. Кривицата за загубената победа не би ја префрлил на ниту еден од играчите. Ако треба да…

Read More