Барселона треба да го објави назначувањето на Чави за свој тренер во текот на утрешниот ден, објавија медиумите во Шпанија. Позитивен резултат даде денешната средба во Катар меѓу претставниците на Ал Сад и Барселона. Чави ќе пристигне во Барселона во текот на викендот и ќе биде претставен на почетокот на неделата како нов тренер на првиот тим. Неговото деби ќе го има на 20 ноември против Еспањол. Беше објавено дека претседателот на Барселона, Жоан Лапорта не дошол на разговорите во Катар. Влијателниот шеик кој е сопственик на клубот Ал Сад сакал лично да се сретне со Лапорте за да разговараат…
Author: riste
Денес во просториите на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) се одржа ждрепката за четвртфиналните парови во Купот на Македонија. Во четвртфиналето ќе имаме интересни натпревари, а ждребката сакаше да гледаме и дуел на Пелистер и Вардар, а Шкендија и Шкупи се избегнаа во оваа фаза од Купот на Македонија. Куп на Македонија – 1/4 финални парови: Пелистер – Вардар Силекс – Брегалница Ш. Шкендија – Струга ТЉ Македонија ЃП – Шкупи Натпреварите се играат на 24. ноември од 13:00 часот. Титулата од минатата година ја брани Силекс, кој моментално се натпреварува во ВМФЛ.
Виктор Линделоф испадна од составот на Манчестер Јунајтед за важното гостување кај Аталанта во Лигата на шампионите. Швеѓанецот заработи повреда на вчерашниот тренинг и не замина со тимот во Бергамо. Тоа значи дека доколку Оле Гунар Солскјер повторно реши да игра во формација со тројца централни дефанзивци, како што беше случајот на мечот со Тотенхем, ќе мора да го вклучи Ерик Беили или да го искористи Лук Шоу како дел од ова трио. Рафаел Варан и Хари Мегваер треба да бидат во центарот на одбраната. Во групата од 25 играчи беа и Дони ван де Бек и Ентони Марсијал. Пол…
Вечерва ќе се одиграат 8 натпревари од 4.коло во групната фаза од Лигата на шампионите. Екипите кои настапуваат оваа сезона со вечерашните натпревари влегуваат во втората фаза од натпреварите во групи и денеска се очекува да бидеме сведоци на тоа како неколку екипи си обезбедуваат пласман во фазата на елиминации. Од друга страна другите ќе мора да победат по секоја цена за да ги задржат шансите за учество во Лига Европа. Во групата Е, Барселона гостува кај Динамо (Киев) и секој друг резултат освен победа ќе ги стави Каталонците во крајно неповолна ситуација. Имаат само 3 бода на своето конто,…
Доколку Антонио Конте биде назначен за тренер на Тотенхем, клубот е подготвен да одвои речиси 180 милиони евра на италијанскиот тренер за зимски трансфери, информира „The Sun“. Раководството на Тотенхем е подготвено да му даде на Конте голем трансфер буџет, само за да го привлече во тимот. Претходно Антонио Конте јасно стави до знаење дека доколку биде назначен во Тотенхем би сакал да го засили тимот со 3-4 нови играчи. Во текот на вчерашниот ден британските медиуми објавија дека Конте веќе допатувал во Лондон за да потпише договор со Тотенхем. Договорот на Италијанецот со англискиот клуб би бил со важност…
Тренерот на Катарскиот тим Ал Сад, Чави, кој е главен кандидат за тренерската позиција во Барселона, може да го има својот прв натпревар на клупата на каталонскиот клуб на 20 ноември, објави „Sport.es“. Според изворот, преговорите меѓу клубовите се уште се во тек. Раководството на Ал Сад очекува шпанскиот тренер да остане во тимот до натпреварот против Ал-Духаил во среда на 3 ноември. Шпанецот дури во четврток ќе може да лета за Барселона, а во сабота Каталонците ќе играат во натпреварот од 13. коло на шпанскиот шампионат со Селта. Најверојатно, натпреварот од 14. коло во шпанското првенство со Еспањол, кој…
Играчот од средниот ред на Интер, Кристијан Ериксен е блиску до враќање на теренот, објави новинарот Николо Скира на Твитер. Данескиот фудбалер кариерата може да ја продолжи во холандската лига каде ќе му биде дозволено да игра. Ајакс веќе покажа интерес за потписот на Ериксен, кој претходно настапуваше за клубот од Амстердам. Мартин Скаутс, агент на Кристијан Ериксен, претходно ги коментираше гласините за можното заминување на играчот од клубот. Пред тоа на веб-страницата на Интер се појави порака според која Интер е подготвен да ги разгледа предлозите од клубовите од земјите каде на Ериксен ќе му биде дозволен влез на…
Напаѓачот на Реал Мадрид, Еден Азар може да се пресели во Њукасл Јунајтед во текот на зимскиот преоден рок, објави „АС“. Според изворот, Реал Мадрид веќе го ставил Азар на трансфер листа. Клубот од Мадрид е подготвен да го анализира секој предлог кој ќе дојде играчот. Њукасл е клуб кој планира големи инвестиции во играчи, па затоа и може да бидат заинтересирани за Белгиецот. Реал планира да се ослободи од играчот на лето, но доколку англискиот клуб дојде со значителна сума во зима, од Реал дефинитивно ќе ја разгледа оваа понуда. Исто така, се истакнува дека Азар сега има споредна…
Напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор проговори за можноста да потпише нов договор со мадридскиот клуб. „Многу сум мирен и сакам да останам. Не ме интересира колку ќе се смени новиот договор и колку ќе бидам платен. Најважно за мене е да играм во најдобриот клуб во светот и да се забавувам со него“, изјави Винисиус Жуниор. Бразилецот за мадридскиот клуб настапува од 2018 година. Вкупно за тимот одигра 132 натпревари, на кои постигна 23 гола и даде 28 асистенции. Оваа сезона напаѓачот настапи на 11 натпревари во шпанското првенство, постигна 7 гола и 3 асистенции. Да потсетиме, Винисиус се…
Нуно Еспирито Санто ќе добие големо обештетување за отказот од Тотенхем. Спарси ќе му платат на португалскиот стручњак 14 милиони фунти (малку повеќе од 16,5 милиони евра) за предвремен раскин на договорот, пишува весникот „The Sun“. Според изворот, според условите на договорот, клубот можел бесплатно да се раздели со тренерот на крајот на сезоната, доколку Тотенхем не влезе во првите шест тима од англиската Премиер лига. Да потсетиме, позицијата на Нуно Еспирито Санто беше разнишана по поразот на тимот во натпреварот од 10. коло од англиската Премиер лига со Манчестер Јунајтед (0:3). Претходно беше објавено дека сонародниците на Санто –…
