Author: riste

Раководството на англискиот Тотенхем преговара за договор со поранешниот тренер на Интер, Антонио Конте. Од Тотемнхем се подготвени да му понудат на италијанскиот тренер договор со плата од 15,5 милиони фунти (18,3 милиони евра) годишно, информира „Дејли Мејл“. Претходно беше објавено дека Конте веќе отпатувал за Лондон за да потпише договор со Тотенхем. Договорот на Италијанецот со англискиот клуб би траел до 2023 година. Конте е подготвен да го води Тотенхем, тој е заинтересиран за проектот, а двете страни треба само да средат некои детали. Антонио Конте во тимот ќе го  замени Нуно Еспирито Санто, откако Тотенхем денес го објави…

Read More

Тренерот на Виљареал, Унаи Емери е блиску до враќање во англиската Премиер лига, каде што претходно работеше во лондонски Арсенал. Њукасл Јунајтед е заинтересиран за услугите на шпанскиот стручњак, пренесува „Спорт1“. Според изворот, на раководството на Њукасл му требало долго време да избере меѓу неколку тренери и се решиле на кандидатурата на Емери. Токму Шпанецот е приоритетен кандидат за менаџерската позиција. Претходно, медиумите го нагласија интересот за Стивен Жерард и селекторот на Белгија Роберто Мартинез. Да потсетиме, на 7 октомври нов сопственик на Њукасл стана Државниот инвестициски фонд на Владата на Саудиска Арабија (ПИФ). Претходно на чело на англискиот клуб…

Read More

Спортскиот директор на ПСЖ Леонардо ги коментираше информациите според кои францускиот клуб може да го раскине договорот со дефанзивецот Серхио Рамос. Шпанецот, кој пред стартот на оваа сезона дојде во ПСЖ, допрва треба да дебитира за новиот тим откако ја санираше повредата. Беше објавено дека раководството на ПСЖ е загрижено за физичката состојба на Рамос. „Знаеме дека Рамос има повреда. Шпанскиот печат кој известува за можен раскин на договорот само шпекуллира. Сите знаевме дека има здравствени проблеми. Знаевме се“, изјави Леонардо за „Фудбал Еспања“. Серхио Рамос му се приклучи на ПСЖ во јули 2021 година. Договорот на фудбалерот со клубот…

Read More

Серхи Бархуан и официјално седна на клупата на Барселона, само еден ден откако Роналд Куман доби отказ, а новиот тренер веќе беше претставен пред каталонската јавност. Претседателот Жоан Лапорта верува дека тимот токму под водство на Бархуан ќе успее да се врати на победите во Ла Лига, а привремениот стратег својата прва шанса за тоа ќе ја има викендов, каде го очекува мечот со Алавес. „Најпрво би сакал да му се заблагодарам на клубот за довербата. Второ, сакам да му се заблагодарам на Куман затоа што работевме рамо до рамо сите овие месеци. Доаѓам во тежок момент. Ми се допадна…

Read More

Напаѓачот на Интер, Алексис Санчез може да остане во клубот од Милано. Ова го пренесува денес „Газета дело Спорт“. Според изворот, раководството на тимот ја разгледува опцијата Чилеанецот да не ја менува клупската средина следната зима, туку да го обнови договорот. Договорот на актуелниот фудбалер е со важност до 2023 година, според кој Санчез заработува околу 7 милиони евра годишно. Оваа сезона Санчез учествуваше во седум натпревари од сите натпреварувања и имаше една асистенција. Санчез ја помина сезоната 2019/2020 во Интер како позајмен од Манчестер Јунајтед. Напаѓачот учествуваше на 29 натпревари, стана автор на 4 гола и 10 асистенции, а…

Read More

Играчот од средниот ред на Челзи и Хрватска, Матео Ковачиќ се повреди на тренингот на својата екипа. Според менаџерот на лондончани Томас Тухел, тој ќе отсуствува неколку недели. Играчот може да го пропушти натпреварот од квалификациите за Светското првенство во 2022 година против репрезентацијата на Русија. Средбата ќе се одржи на 14 ноември во Сплит. Ковачиќ најверојатно ќе ги пропушти следните три натпревари на Челзи, два во англиската Премиер лига и еден во Лигата на шампионите. „Тој ќе биде надвор од терените неколку недели. Можете да го повикате во три часот наутро на технички тренинг, одбранбен тренинг, статичен тренинг или…

Read More

Менаџерот на Челзи, Томас Тухел, даде свое очекување за враќањето на напаѓачите Тимо Вернер и Ромелу Лукаку, кои се опоравуваат од повредите. „Кога ќе се вратат Вернер и Лукаку? Најреална опција е по паузата за меѓународни натпревари во ноември. Што се однесува до Кристијан Пулишиќ, тој ќе биде вклучен за мечот со Барнли, ако сè оди добро за него”, рече Тухел. Оваа сезона, Лукаку одигра 11 натпревари за Челзи, постигнувајќи 4 гола и 1 асистенција. Вернер на 10 натпревари има 2 гола и 1 асистенција.

Read More

Украинската кошаркарска федерација ги соопшти деталите поврзани со организацијата на средбата од квалификациите за Светскиот Куп која е закажана за 29 ноември. Од Украина стигна информација дека средбата против нашата најдобра селекција ќе се игра во главниот град на Украина – Киев, и тоа во „Дворецот на спортовите“ со почеток од 19:00 часот, по локално време. Освен тоа познати се и цените на влезниците кои од пред некој ден се во слободна продажба. За четирите сектори во киевската Арена, треба да се издвојат од 2.5 до 16.5 евра. Претходно, на отворањето на ноемврискиот ФИБА „прозорец“, нашата машка сениорска репрезентација на 26. ноември во…

Read More

Раководството на Барселона постигна договор со легендата на тимот Чави, кој ќе го води тимот, пренесуваат медиумите во Шпанија. Тој важи за главен фаворит за замена на Роналд Куман, кој доцна синоќа доби отказ. Холанѓанецот беше разрешен од функцијата по двата последователни порази во првенството од Реал Мадрид во „Ел Класико“ и вчера од Рајо Ваљекано. Сепак, медиумите во Шпанија информираат дека Чави ќе разговара со сопствениците на Ал-Сад и дури е подготвен да остане на чело на следните две средби на катарскиот тим, по што и официјално ќе си замине. Во договорот на поранешниот играч од средниот ред има…

Read More

Роналд Куман за добиениот отказ од Барселона ќе добие солидна сума на финансиско обештетување. Барселона ќе му плати на холандскиот стручњак 12 милиони евра за предвремено раскинување на договорот, информира „Ел Паис“. Потсетуваме, Куман беше отпуштен по поразот на Барселона во мечот од 11. коло на шпанскиот шампионат со Рајо Ваљекано (0:1). Роналд Куман седна на клупата на Барселона во август 2020 година, а тимот под негово водство го освои Купот на Шпанија и го зазеде третото место во националниот шампионат минатата сезона. Во актуелниот шампионат на Шпанија, Барселона во 11 кола освои 15 бода и се наоѓа на 9-тото…

Read More