Англискиот Челзи не се договорил со данскиот дефанзивец Андреас Кристенсен за нов договор, објавија медиумите во Англија. Преговорите меѓу играчот и клубот влегоа во ќорсокак, двете страните не контактираат два месеци. Во исто време, Данецот сака да остане во Лондон. Беше објавено дека Кристенсен е блиску до обновување на актуелниот договор со Челзи. Договорот на Кристенсен со Челзи е со важност до летото 2022 година. Во актуелната сезона од Премиерлигата, данскиот дефанзивец настапи на шест натпревари и не постигна гол. Кристенсен потекнува од школата на Челзи и е во првиот тим од 2014 година. Како дел од англискиот клуб Андреас…
Author: riste
Дефанзивецот на ПСЖ, Серхио Рамос е блиску до враќање на теренот по повредата. Денес, Шпанецот се врати на тренинг со останатиот дел од екипата, информираше „АС“. Според изворот, Серхио Рамос може да дебитира за ПСЖ на натпреварот од 12. коло на француската Лига 1 против Лил. Натпреварот ќе се одигра во петок на 29 октомври. Шпанецот сака да игра за ПСЖ токму на овој натпревар, но можно е тренерот на ПСЖ, Маурисио Покетино, да го чува Рамос за натпреварот од Лигата на шампионите против Лајпциг следната недела. Да потсетиме дека Серхио Рамос стана фудбалер на ПСЖ во јули 2021 година.…
Поранешниот претседател на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге, кој ја напушти функцијата на крајот на јуни 2021 година, реагираше на одбивањето на играчот од средниот ред Џошуа Кимих да се вакцинира. „Најпрво, би сакал да му кажам на Кимих дека може да биде пример. Знам дека е одлично момче. Се разбира, бев изненаден од неговото одбивање да се вакцинира. Ова сега доведе до одредени дискусии. Во февруари, изразив мислење дека би било паметно рано да се вакцинираат фудбалерите, бидејќи тоа би било пример за секого. Бев многу критикуван. Сега ситуацијата е променета. Она што го прави Кимих е многу одговорно. Тој…
Тренерот на Реал Мадрид Карло Анчелоти ги сподели своите очекувања од натпреварот од 10. коло на Примера со Барселона. „Двата тима минуваат низ процес на реструктуирање, но сепак ќе имаме одличен натпревар. Физички, се подобруваме. Сè уште не знаеме какви височини можат да достигнат играчи како Ансу Фати или Винисиус Жуниор, но сигурно знаеме дека овој натпревар секогаш ќе биде многу голем за двете екипи. Ги имам истите чувства како во моментите кога на теренот беа Кристијано Роналдо и Меси. Ова е многу посебен натпревар. Сега тимовите имаат различни играчи, но мислам дека младата генерација на Барселона е извонредна. „Ел…
Макс Верстапен ќе стартува од првата позиција на денешната трка од Формула 1 шампионатот која се вози на патеката во Остин за ГН на САД. Верстапен дојде до најдобро време во квалификациите во последниот круг кога оствари набрзо време и обезбеди пол позиција на вечерашната трка. Покрај него од првиот ред ќе стартува Луис Хамилтон, со кого се во жестока битка за шампионската титула. Третата позиција му припадна на Серхио Перез од Ред Бул, а иако Валтери Ботас обезбеди четврто место, ќе стартува од деветтата позиција поради менувањето дел од моторот, што му донесе казна. Чарлс Леклер со своето Ферари…
Играчот за врска на Манчестер Јунајтед, Дони ван де Бек е уморен од чекање шанса да се пробие во првиот тим на „црвените ѓаволи“. 24-годишниот Холанѓанец веќе бара нов клуб за продолжување на кариерата. Интересно, тој се сврте кон Реал Мадрид, тврдат одредени медиуми во Англија. Ван де Бек никогаш не можеше да го убеди Оле Гунар Солскјер почесто да биде во составот на Манчестер Јунајтед. Минатата сезона одигра само 19 натпревари во Премиерлигата, а од почетокот на тековната сезона забележа скромни 6 минути на теренот. Затоа Холанѓанецот веќе гледа кон излезната врата на „Олд Трафорд“. Тој му наложи на…
Јувентус има интерес за голманот на Челзи, Кепа Аризабалага. „Старата дама“ планира да упати понуда за 27-годишниот голман во текот на летниот преоден рок, пишуваат медиумите во Италија. Кепа целосно го загуби местото во стартниот состав кај лондончаните, бидејќи Томас Тухел повеќе смета на Едвард Менди. Шпанецот има договор со Челзи на уште 4 години, но би сакал да го напушти „Стемфорд Бриџ“ и да замине во тим каде што ќе игра редовно. Јувентус е во потрага по нов голман кој ќе го замени Војчех Шчесни. Полјакот имаше неколку прилично несигурни натпревари на почетокот на сезоната и клубот сериозно размислува…
Денес беше одржан 29-тиот Турнир во мал фудбал на медиумите во организација на СПортско радио 90,3 ФМ, а целиот настан помина со почитување на Ковид-19 протоколите. На турнирот улчествуваа неколку медиуми од Скопје, а полуфиналните натпревари поминаа со многу постигнати голови. МТВ 2 успеа да го победи тимот на АЛФА ТВ со 10:6, додека Спортско радио 90,3 беше подобар од Македонско радио со 5:3. Во финалето се сретна екипите на Спортско радио 90,3 и МТВ 2, а победи екипата на Спортско радио со 9:3 и сто тоа го освои првото место на овој традиционален турнир. Исто така беа доделени и…
Менаџерот на Челзи, Томас Тухел, откри дека најверојатно ќе го користи Каи Хаверц како централен напаѓач во отсуство на повредените Ромелу Лукаку и Тимо Вернер. Германецот не откри колку долго двајцата ќе бидат надвор од игра, но рече дека сигурно нема да може да ги искористи во следните два натпревари. Претходно денеска се шпекулираше дека на Лукаку ќе му треба околу еден месец да се опорави од повредата на скочниот зглоб што ја заработи на натпреварот против Малме оваа недела. „Нема големи вести за Ромелу и Тимо. Можам да кажам дека дефинитивно ќе го пропуштат утрешниот меч, како и оној…
Голгетерот на Борусија (Дортмунд) Ерлинг Халанд повторно е надвор од комбинација на тренерот поради повреда. Марко Роуз објасни дека напаѓачот ќе отсуствува неколку недели бидејќи му се обновила повредата на бутот поради која неодамна пропушти три натпревари. Во вторникот Халанд одигра 90 минути во тешкиот пораз со 0:4 од Ајакс во Лигата на шампионите, но повторно почувствува болка. Борусија Дортмунд ќе се соочи со Арминија (Билефелд), Инголштад за Купот на Германија, Келн, Ајакс, РБ (Лајпциг) и други екипи во овој период. Дербито во Бундес лигата против Баерн (Минхен) е дури на 4 декември.
