Author: riste

Селекторот на сениорската репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров денес го објави списокот на ракометари за ЕХФ неделата во месец ноември. Нашата ракометна репрезентација ќе го искористи овој репрезентативен прозорец како подготовка за Европското првенство кое се игра во јануари 2022 година. На 5ти и 6-ти ноември, Македонија ќе гостува во Каиро кај Египет за пријателски двомеч. Селекторот ќе прави проверка на силите за ЕП, па поради тоа на списокот се најдоа 22 првотимци и десет резервни играчи. Список на повикани играчи: Голмани: Никола Митревски (Порто), Мартин Томовски (Вардар), Градимир Чаневски (Бутел) Крила: Цветан Кузманоски (Еурофарм Пелистер 2), Бојан Маџовски (Еурофарм Пелистер), Гоце Георгиевски (Вардар), Ненад Костески (Еурофарм Пелистер) Кружни напаѓачи: Стојанче…

Read More

Екипата на Манчестер Јунајтед направи серија лоши резултати, а позицијата на Норвежанецот Оле Гунар Солскјер е веќе разнишана. Тој им порача на своите фудбалери дека треба да се погледнат во огледало и да направат се за да си одговорат на прашањето каде погрешиле. „Нашиот настап не беше доволно добар. Мораме да го разгледаме целокупното однесување на тимот. Не треба да го сфаќаме како знак на будење, бидејќи веќе го имавме. Играчите треба да се погледнат во огледало, бидејќи јас веќе го направив тоа и да одговорат соодветно на она што се случи. Хари Мегваер е важен играч за нас, тој…

Read More

По високиот пораз од Брегалница, следуваше тренерска смена во екипата на Македонија ЃП. Александар Таневски повеќе не е предводник на екипата од Ѓорче Петров и тимот ќе бара нов тренер за да го врати на победничкиот пат. Таневски пристигна во клубот на местото на Жикица Тасевски и имаше добар старт. Меѓутоа, во последните неколку кола, Македонија Ѓорче Петров не успеа да победи и да фати прикучок во горниот дел на табелата. Пред да загуби од Брегалница на вчерашниот натпревар, тимот под водство на Александар Таневски имаше порази и од Тиквеш, Работнички и Академија Пандев, а одигра нерешено со Ренова. Последната победа на Македонија ЃП во првенството…

Read More

Искусниот Серхио Кун Агуеро за првпат влезе во составот на Барселона и може да дебитира вечерва. Аргентинскиот напаѓач се најде на списокот на Каталонците за натпреварот со Валенсија, откако веќе целосно се опорави од повредата. Претходно во неделата, тој дури постигна гол во контролен натпревар. Вчера, тренерот Роналд Куман не беше сосема сигурен дали ќе го вклучи Кун Агуеро во групата, но по последниот тренинг одлучи дека е подготвен. https://twitter.com/FCBarcelona/status/1449673273793556480?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1449673273793556480%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fsportal.bg%2Fnews-2021101710590670980 „Серхио Агуеро е одличен во шеснаесетникот и може да даде многу на тимот“, изјави холандскиот тренер на клупата на Барселона. Вечерва Барселона на својот стадион „Камп Ноу“ го пречекува тимот…

Read More

Поранешниот фудбалер на Ливерпул и Реал Мадрид, Нури Сахин, објави крај на својата фудбалска кариера, и покрај тоа што пред само еден месец наполни 33 години. Т ој неодамна беше назначен за играчк-тренер на турскиот Анталијаспор, но одлучи дека е подобро да се фокусира само на неговата работа како тренер. „Нема повеќе да играм фудбал“, рече тој за медиумите во Турција. Турскиот играч за врска потекнува од школата на Борусија (Дортмунд), а играше и за Феенорд и Вердер (Бремен).

Read More

Реномираното британско издание „Телеграф“ објави информации за плановите на Њукасл Јунајтед за следниот преоден рок по купувањето на клубот од државниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија. Според изворот, Њукасл најверојатно ќе потроши само дел од 225 милиони евра што им беа дозволени да ги инвестираат во играчи во јануари според правилата за финансиски фер-плеј. За следниот јануарски преоден рок, сопствениците планираа буџет од само 59 милиони евра. Клубот сеуште нема спортски и извршен директор, така што има смисла да се чека до лето за да се направи навистина голема селекција на играчи. Можно е и навивачите на Њукасл да треба…

Read More

Напаѓачот на Милан, Анте Ребиќ, се повреди за време на натпреварот со Верона кој го доби неговата екипа со пресврт во второто полувреме со 3:2. Хрватскиот фудбалер беше заменет во 36. минута од средбата. Наместо него, на теренот влезе португалскиот напаѓач Рафаел Лео. Според „Фудбал Италија“, Ребиќ претходно имал проблеми со петата. Се претпоставува дека напаѓачот можеби ја повредил ахиловата тетива. Ребиќ се пресели во Милан од Ајнтрахт Франкфурт на позајмица во 2019 година, а една година подоцна потпиша постојан договор со италијанскиот клуб. Оваа сезона, 28-годишниот играч учествуваше на 8 натпревари од италијанското првенство, постигна 1 гол и 2…

Read More

Францускиот напаѓач во екипата на Милан, Оливие Жиру го коментираше резултатот од натпреварот од 8-то коло во италијанската Серија А со Верона (3:2). „По првото полувреме, мислев дека ова не е крај. Требаше да покажеме карактер. На Милан му требаше време да влезе во игра, вклучувајќи ме и мене. Мислам дека ми треба повеќе атлетски тренинзи. Важно беше да се вратиме во игра по 0:2. Тоа беше емотивен момент, бидејќи можевме да ја свртиме средбата пред нашите фанови. Навистина сум среќен“, изјави Жиру во изјава за „Скај Спорт Италија“. Милан има 22 бода и се искачи на првото место на…

Read More

Тренерот на Лестер Сити, Брендон Роџерс, ја коментираше победата на наговата екипа во натпреварот од 8. коло на англиската Премиер лига со Манчестер Јунајтед. „Бевме одлични денес. Оваа недела, разговарав со тимот за тоа како треба да се вратиме во она во што сме добри. Мора да се борите, мора да трчате. Требаше да се занимаваме со прашања почнувајќи од одбраната, агресијата и интензитетот. Само откако овие компоненти се во ред, можете да играте брз и динамичен фудбал. Ние сме тим кој игра со висок притисок. Понекогаш треба да се прилагодиме, но ова е нашиот план. Уживав да го гледам…

Read More

Напаѓачот на Ливерпул, Роберто Фирмино постигна три гола на натпреварот од англиската Премиер лига против Ватфорд. Овој хет-трик беше втор за Фирмино во англиската Премиер лига по оној во декември 2018 година, Фирмино постигна три гола против Арсенал, објави „OptaJoe“. Покрај тоа, Фирмино стана првиот Бразилец во историјата на англиското првенство кој постигнал повеќе од еден хет-трик. Лукас Моура (Тотенхем), Афонсо Алвеш (Мидлсброу) и Робињо (Манчестер Сити) претходно постигнаа три гола на еден натпревар од Премиер лигата. Натпреварот Ватфорд – Ливерпул заврши со победа на „црвените“ со резултат 5:0. За Ливерпул, Фирмино постигна хет-трик, а Мане и Салах постигнаа по…

Read More