Фиорентина покажува интерес за напаѓачот на Рома, Борха Мајорал, кој е на позајмица во римскиот клуб. Според информациите од Италија, интересот на „Виолетовите“ за 24-годишниот шпански напаѓач не е поврзан со ситуацијата околу главниот напаѓач и најдобар стрелец на тимот, Душан Влаховиќ. Ќе потсетиме, српскиот фудбалер претходно одби да го продолжи договорот со клубот. Мајорал се смета за алтернатива на рускиот напаѓач Александар Кокорин. Шпанецот потекнува од школата на Реал Мадрид. Оваа сезона, напаѓачот одигра 2 натпревари за Рома, во кои мина 20 минути на теренот.
Author: riste
Португалскиот напаѓач од Атлетико Мадрид, Жоао Феликс, е на списокот на желби на Ливерпул. Според медиумите во Англија, Ливерпул сака да го добие овој фудбалер по завршувањето на тековната сезона, летото 2022 година. Договорот на Феликс со Алтетико Мадрид е до летото 2026 година. Трошоците за трансфер на португалскиот напаѓач се проценуваат на 70 милиони евра. Оваа сезона, 21-годишниот Португалец одигра 5 натпревари за Атлетико во сите натпреварувања и не постигна гол. Да потсетиме, Феликс се пресели во Атлетико Мадрид од Бенфика во 2019 година. Сумата на трансферот изнесуваше 127 милиони евра. Откако се приклучи на тимот во 2019 година,…
Милан објави дека левиот бек Тео Ернандез има позитивен тест за КОВИД-19, откако се врати од обврските кон француската репрезентација, која ја освои Лигата на нации. Така, дефанзивецот ќе мора да остане во изолација најмалку 10 дена и сигурно ќе ги пропушти натпреварите со Верона, Порто и Болоња. Ернандез учествуваше на сите натпревари на „росонерите“ досега во оваа сезона, во кои постигна два гола и три асистенции. Неговото отсуство е уште една лоша вест за Милан во последните часови, откако синоќа стана јасно дека стартниот голман Мајк Мењан ќе го оперира левиот зглоб, а предвидувањата се дека ќе отсуствува помеѓу…
Напаѓачот на Реал Мадрид и француската репрезентација Карим Бензема е прогласен за автор на најубавиот гол на завршницата во Лигата на нации. Според официјалниот „Твитер“ профил на Лигата на нации, голот ккој го постигна Бензема на последниот натпревар на турнирот со Шпанија е најубавиот погодок постигнат на завршните натпревари.33-годишниот напаѓач ја прими топката во пред шеснаесетникот, по што со спектакуларен удар ја испрати топката во спротивниот горен агол. Ударот на Бензема се случи во 66. минута од средбата и овозможи на Франција да го израмни резултатот во финалето. Конечната победа на Франција и ја донесе Килијан Мбапе , кој реализираше…
Играчот за врска на Манчестер Јунајтед, Пол Погба може да стане фудбалер на Реал Мадрид, објави „АС“. Според изворот, Реал Мадрид сака да ја искористи „ситуацијата“ да потпише со играчот бесплатно во летниот преоден рок. Претходно, францускиот агент Мино Рајола не ја отфрли можноста дека Погба ќе се врати во Јувентус. Во летото 2022 година истекува договорот на играчот од средниот ред со Манчестер Јунајтед, па затоа иднината на Пол Погба останува неизвесна. Погба веќе играше за Јувентус од 2012 до 2016 година. Потоа се пресели во Манчестер Јунајтед, а Англискиот клуб плати 105 милиони евра за играчот од средниот…
Голманот на Баерн Минхен и германската репрезентација Мануел Нојер наскоро може да го продолжи договорот со клубот од Минхен, пренесува „Sport1.de“. Според изворот, двете страни започнале преговори. Нојер (35 години) изјави дека има намера да ја заврши својата играчка кариера во минхенскиот клуб. Моменталниот договор на Нојер со Баерн Минхен трае до летото 2023 година. За потсетување, Нојер се пресели во Баерн од Шалке 04 во 2011 година. Оваа сезона голманот учествуваше на седум натпревари од германската Бундеслига, од кои на два го сочува недопрен голот на неговиот тим. Од 2009 година, Нојер е дел од германската репрезентација. Како дел…
Манчестер Сити веќе ги прави првите чекори за евентуален трансфер на гол-машината на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд. Според весникот „Тајмс“, во јануари клубот ќе одржи состанок со агентот на 21-годишниот напаѓач, Мино Рајола, за да разговараат за можноста за привлекување на талентираниот фудбалер следното лето, кога ќе влезе во сила откупната клаузула од 75 милиони евра. Халанд е баран од најдобрите клубови во Европа, вклучувајќи ги и ПСЖ, Реал Мадрид и Барселона. Затоа, не е изненадувачки што англискиот шампион веќе почна да ја испитува можноста да го купи. Клубот е тесно поврзан со норвешката репрезентација, бидејќи таму помеѓу 2000 и…
Вардар утре го очекува натпревар со Монпелје во рамките на Лигата на шампионите, а овој дуел се игра утре од 20:45 часот во СЦ „Јане Сандански“, и е дел од 4. Коло во Групата А. Пред овој натпревар тренерот Веселин Вујовиќ рече дека ќе може да смета на сите ракометари и до последен момент ќе размислува со кој состав ќе излезе на мегдан против Монпелје. „Имам високо мислење за Монпелје. Сметам дека е историски тим, кој е достоен за респект. Ќе биде исклучително тежок натпревар и ќе нѝ биде потребна сета помош, особено од навивачите. Вардар е во одличен момент…
Оптимизмот во Милано за обновување на договорот на својот фудбалер Френк Кеси се повеќе се намалува. Според „Газета дело Спорт“, клубот веќе се помирил со фактот дека нема да може да го продолжи договорот со играчот од средниот ред, кој истекува на крајот од оваа сезона. Милан му понудил плата од над 6 милиони евра, додека играчот инсистира на повеќе од 8 милиони евра годишно. „Кориере дела Сера“, пишува дека неговиот агент, веќе го понудил ограчот на градскиот ривал Интер, кој во минатото имаше интерес за овој интернационалец од Брегот на Слоновата Коска. Сепак од Интер одбиле да учествуваат во…
Македонскиот женски ракомет утрово го потресе трагичната вест за смртта на поранешната македонска ракометарка Јулија Николиќ, позната по моминското презиме Портјанко. Јулија пристигна во Макеоднија како млада ракометарка и на само дваесет години го облече дресот на Кометал Ѓорче Петров. Во редовите на европскиот првак Јулија Николиќ настапуваше од 2003 до 2009 година, а во меѓувреме почна да настапува и за сениорската репрезентација на Македонија. Откако доби македонско државјанство, ракометарката беше еден од најдобрите играчи во својата генерација. Од Кометал Ѓорче Петров во 2009 година, таа се пресели во Беледијеспор во Турција, а потоа играше во француски Арвор (сега Брест), а настапуваше и во Русија за Звезда Звенигород.…
