Младата фудбалска репрезентација на Македонија предводена од селекторот Драган Канатларовски денеска треба да одигра уште еден натпревар во квалификациите за Европското првенство (ЕП) за играчи до 21 година кое ќе се игра во 2023 година. По три одиграни средби, Македонија има еден пораз и две нерешени натпревари, а во овој октомвриски циклус одиграа без победник кај Фарски Острови (1:1). Следниот противник е Ерменија, која нашите фудбалери ја гледаат како добра можност за прв триумф во овие квалификации. Ерменија не игра во добра форма, но сепак е пред Македонија на табелата,а доколку победиме ќе успееме да го избегнеме последното место во…
Author: riste
Напаѓачот на Милан, Оливие Жиру зборуваше за неговата љубов кон италијанскиот тим, а го сподели и своето мислење за неговиот колега во нападот Златан Ибрахимовиќ. „Горд сум што играм за Милан во Серија А. Го следев овој турнир како млад. Андриј Шевченко тогаш беше мојот омилен фудбалер. Имав среќа што добив можност да постигнам голови за истиот клуб како него. Што се однесува до Ибрахимовиќ, јас играв против него неколку пати. На 40-годишна возраст, тој игра на високо ниво, што го потврдува неговиот исклучителен професионализам. Се грижи за себе и за своето тело. Исто така, се обидувам да го правам…
Напаѓачот на Реал Мадрид, Еден Азар може да се врати во Челзи, пренесуваат одредени медиуми во Шпанија. Според истите, лондонскиот клуб е заинтересиран да го врати напаѓачот во својот состав. Се вели дека клубот веќе започнал преговори со претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез околу евентуален трансфер на белгискиот напаѓач. Еден Азар се пресели во Реал Мадруд летото 2019 година за 115 милиони евра. Пред тоа, седум години ги бранеше боите на Челзи, а на почетокот на кариерата играше за Лил. Постоечкиот договор на Азар со Реал Мадрид е до 2024 година. Во тековната сезона на шпанското првенство, Азар учествуваше…
Холандскиот напаѓач Мемфис Депај постави рекорд за голови постигнати во една календарска година за Холандија. Да потсетиме, во натпреварот од осмото коло од квалификациската фаза за Светското првенство 2022 година, Холандија го совлада Гибралтар со резултат 6:0. Депај постигна два гола, а со тоа ги постигна 13-от и 14 -от гол во календарската година за својата репрезентација. Со ова, тој го сруши рекордот на Патрик Клајверт, кој во 2000 година постигна 12 гола за една година. Холандија има 19 бода од осум натпревари и е лидер во групата. Норвешка (17) – на втората позиција, Турција трета со 15 бода. На…
Бразилскиот дефанзивец Дани Алвеш е на одмор во Европа и планира да му се придружи на својот нов тим во текот на зимскиот преоден рок. Ова го објави новинарот Николо Скира на својот Твитер профил. Според изворот, 38-годишниот Дани Алвеш добил понуди од клубови во САД, Бразил, Аргентина, Саудиска Арабија и Катар. Ќе потсетиме, по Олимписките игри во Токио, Дани Алвеш изјави дека Сао Паоло го одложил плаќањето на долгот кон него. После тоа, односот помеѓу играчот и клубот се влоши. Фудбалерот одби да се врати во тимот додека не ги добие ветените пари. Во август 2019 година, бразилскиот дефанзивец…
Селекторот на репрезентацијата на Германија, Ханзи Флик, секако задоволен си замина од Скопје, пред се поради виската победа на неговата селекција , но и играта која ја покажаа против Македонија. На оваа средба Германија не дозволи изненадување како во Дуизбург, а по средбата Флик даде коментар за мечот во Скопје. „Успеавме да ја оствариме целта. Ние сме првата репррезентација која оди на СП во Катар. Во првото полувреме имавме проблеми со реализацијата на шансите, но во вториот дел сите работи дојдоа на своето место против Македонија. Оној прв гол беше клучен за настаните на теренот. Нашиот тим игра еден за друг, а…
Македонија беше поразена од Германија во натпревар од квалификациите за СП 2022 година, резултатот убедлив 0:4 иако по првото полувреме немаше голови. Селекторот Благоја Милевски по натпреврот на прес-конференцијата даде свое видување на оваа средба. „Прво, сакам да ѝ ја честитам победата на Германија. Заслужена, но од друга страна, не можам да бидам незадоволен од поставеноста и играта во првиот дел и посебно транизициите, кои не искористивме ниту една од нив. Во второто полувреме сите четири гола кои ги примивме беа исклучиво по наши индивидуални грешки и тоа нема врска ниту со тактика ниту со поставеност. Тактички, момците одговорија во…
Судот по третпат ја одби кауцијата за дефанзивецот на Манчестер Сити, Бенџамин Менди, пишува „Деили Меил“. Французинот е обвинет по четири точки за силување и едно за сексуално вознемирување помеѓу октомври 2020 и август 2021 година. Обвиненијата беа покренати против Бенџамин Менди на 26 август. Судското рочиште за овој случај ќе се одржи на 24 јануари 2022 година. До тоа време, Менди ќе биде уапсен и зад решетки. На крајот на август, Манчестер Сити објави суспензија на Менди. Играчот настапуваше за Манчестер Сити од 2017 година. Пред тоа, Бенџамин Менди играше за Ле Авр, Марсеј и Монако.
Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ го заврши закрепнувањето по повредата на Ахиловата тетива. Според „Тутоспорт“, 40-годишниот играч очекува да игра на натпреварот од Лигата на шампионите против Порто на 19 октомври во Португалија. Ибрахимовиќ кон средината на неделата ќе започне со тренинзи со останатиот дел од екипата. Во моментов работи според индивидуална програма. Во октомври, Ибрахимовиќ наполни 40 години. Шведскиот фудбалер однапред го прослави својот роденден за да можат да присуствуваат вработените и фудбалерите на Милан. За годишнината, Ибрахимовиќ си купи нов златен спортски автомобил. Златан Ибрахимовиќ заработи повреда на коленото на 9 мај на натпреварот од Серија А против…
Вториот капитен на Јувентус, Пауло Дибала ќе остане и понатаму во дресот на Јувентус, а веќе е најавено дека ќе продолжи со тренинзите утре, објави „Скај Спорт Италија“. Аргентинецот имаше истегнување на бутот на натпреварот против Сампдорија и ги пропушти последните два натпревари на својата екипа против Челзи (1:0) и Торино (1:0). Поради повредата, Дибала го пропушти и натпреварите од светските квалификации на Аргентина. Напаѓачот веќе се опорави и ќе му биде на располагање на главниот тренер на Јувентус, Масимилијано Алегри, како подготовка за дербито против Рома на 17 октомври. Од друга страна денес беше објавено дека Дибала постигна договор…
