Првиот голман на Германија Мануел Нојер, ќе биде достапен на селекторот Ханзи Флик за вечерашниот натпревар во Скопје. Селекцијата на Германија сака со победа во Македонија да ги реши сите дилеми околу првата позиција во нашата група. Исто така и Антонио Рудигер кој го прескокна последниот тренинг во текот на вчерашниот ден и наместо на тренинг со останатите, тренираше во хотелот – чисто од претпазливост, објасни Флик. „Тој играше многу во последен период и затоа решивме да му дадеме малку одмор и работеше само за рекоперација. Сепак Антониот е подготвен максимално и може д аго користиме за оваа средба“ рече…
Author: riste
Македонија се враќа од гостувањето кај Лихтенштајн со остварена убедлива победа од 4:0 и освоени три планирани бода од ова гостување. Македонската фудбалска репрезенатција добро го започна натпреварот и на самиот старт имаше убава шанса, но Трајковски не успеа да ја зафати топкта како што посакуваше и не го погоди голот на домашната селекција. Потоа следуваа неколку шанси на Милан Ристовски, Елиф Елмас и Дарко Чурлинов кои не донесоа предност за Македонија. Сепак нашата репрезнтација успеа д аго отвори резултатот и да го сруши бункерот пред голот на Лихтенпштајн во 39-та минута кога по корнерот кој го изведе Трајковски ,…
Познати се имињата на 30-те играчи кои ќе се борат за највредната индивидуална награда во светскиот фудбал – „Златната топка“. Победникот за 2021 година ќе биде објавен на официјална церемонија, која ќе се одржи на 29 ноември во Париз. Логично, со најмногу претставници (по пет) се европските шампиони оваа година – Челзи на клупско ниво и Италија кај репрезентациите, како и шампионот во Премиерлигата – Манчестер Сити. Фаворити за наградата се Лионел Меси, Роберт Левандовски, Жоржињо, Н’Голо Канте и Кристијано Роналдо. https://twitter.com/francefootball/status/1446519509460951043 Номинирани за „Златната топка“ во 2021 година: Цезар Аспиликуета (Шпанија) – Челзи Николо Барела (Италија) – Интер Карим…
Од страна на „Франс Фудбал“ беа објавени имињата на десетте голмани кои ќе се борат за трофејот „Лев Јашин“, кој се доделува на најдобриот голман во светскиот фудбал во текот на годината. Ова ќе биде второ доделување на оваа награда, а во 2019 година му припадна на бразилскиот голман на Ливерпул – Алисон Бекер, кој овој пат не е меѓу претендентите за тоа. Дури четири од номинираните играат во Премиерлигата, а ПСЖ нема еден, туку двајца претставници. Иста е ситуацијата и со голманите од Словенија, каде исто така има двајца играчи на списокот. Џалуиџи Донарума и европскиот клупски шампион со…
„Франс Фудбал“ ги објави имињата на десетте млади играчи кои ќе бидат во комбинација да го добијат т.н „Трофеј Копа“, кој се доделува на најдобриот фудбалер до 21 година. Наградата е именувана по легендарниот француски фудбалер Рејмо Копа и се доделува од 2018 година. Претходни победници беа Килијан Мбапе (2018) и Матијас де Лихт (2019). Номинирани за 2021 година се: Мејсон Гринвуд (Англија, Манчестер Јунајтед), Букајо Сака (Англија, Арсенал), Педри (Шпанија, Барселона), Жереми Доку (Белгија, Рен), Рајан Гравенберг (Холандија, Ајакс), Џамаил Мусиала (Германија, Баерн Минхен), Флоријан Вирц (Германија, Баер Леверкузен), Џуд Белингем (Англија, Борусија Дортмунд), Џовани Реина (САД, Борусија Дортмунд),…
Двајца уругвајски фудбалери на Атлетико Мадрид, Луис Суарез и Хозе Марија Хименез се повредија во квалификацискиот натпревар за СП 2022 против Колумбија (0:0). Луис Суарез удри со коленото во колумбискиот дефанзивец Јери Мина. На коленото на напаѓачот се појави крв, а во второто полувреме Суарез не можеше да игра. Исто така во 59. минута од средбата, Хозе Хименез падна на тревникот и не можеше да ја продолжи средбата. Се наведува дека дефанзивецот има повреда на мускулот. Уругвајските фудбалери на Атлетико ќе треба да поминат лекарски преглед, кој ќе ја утврди природата на нивните повреди. Во следниот натпревар од Шпанскаота лига,…
Микел Артета беше прогласен за менаџер на месецот во септември. Во периодот за кој станува збор, неговиот Арсенал забележа три победи од три средби во елитата, меѓу кои е онаа со 3:1 над Тотенхем во градското дерби. Останатите две победи беа со 1:0 над Норич и Барнли. „Оваа награда го потврдува фактот дека во тешките времиња сите бевме едно, работевме заедно и бевме позитивни“, рече Артета. Поранешниот асистент на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити станува шестиот Шпанец што ја заслужил оваа награда во Премиерлигата. Пред него тоа беа Рафаел Бенитез, Роберто Мартинез, Кике Санчез Флорес, Пеп Гвардиола и Хави Гарсија.
Португалскиот напаѓач Кристијано Роналдо кој е член на Манчестер Јунајтед, стана најдобар играч во англиската Премиер лига во месец ептември, според официјалната веб-страница на Премиерлигата. Роналдо одигра три натпревари во тековната сезона и постигна три гола. Роналдо, исто така, упати 17 удари кон голот – повеќе од било кој друг играч во Премиерлигата. Манчестер Јунајтед е на четвртото место, со 14 бода од 7 натпревари. Да потсетиме, на 27 август Роналдо се пресели во Манчестер Јунајтед од Јувентус. Во периодот од 2003 до 2009 година, Роналдо веќе настапуваше во таборот на „црвените ѓаволи“.
Хавиер Переира е нов тренер на шпанскиот тим Леванте, соопшти прес-службата на клубот. Двете страни потпишале договор, кој ќе има важност до крајот на тековната сезона на шпанското првенство и предвидува опција за продолжување на уште две сезони. Претходно, од страна на клубот беше соопштена разделбата од 54-годишниот шпански тренер Пако Лопез, кој беше на чело на клубот од 2018 година. Во овој период, Пако Лопез го водеше тимот на 147 натпревари во сите натпреварувања. https://twitter.com/LevanteUD/status/1445996528976502784 Во тековната сезона на шпанското првенство, Леванте има серија од 8 натпревари без победа, па тоа беше причината за разделбата со тренерот. Одиграа нерешено…
Напаѓачот на Фиорентина, Душан Влаховиќ, може да ја продолжи кариерата во англиската Премиер лига. Манчестер Сити е заинтересиран за услугите на српскиот фудбалер. Ова го објави денес „Газета дело Спорт“. Раководството на Фиорентина ќе бара 90 милиони евра за 21-годишниот напаѓач. Покрај Манчестер Сити, Арсенал тврди дека се заинтересирани за Влаховиќ. „Топџиите“ веќе се обидоа да го купат напаѓачот на Фиорентина. Минатата сезона Влаховиќ постигна 21 гол на 37 натпревари во Серија А и беше прогласен за најдобар млад играч на шампионатот. 21-годишниот српски напаѓач игра за Фиорентина од 2018 година. Влаховиќ се пресели во италијанскиот клуб од Партизан. Моменталниот…
