Играчот од средниот ред Матео Гендузи, кој е на позајмица во Олимпик Марсеј, изјави дека не сака да се врати во Арсенал. „Моментално сум на позајмица, но сè уште сум под договор со Арсенал. Но, целосно фокусиран на играње во Марсеј. Ова е клубот со кој сакам да ја поврзам мојата иднина, сакам да му се приклучам на долг рок. Веќе ги имав овие разговори со клубот пред да го потпишам договорот и тука се чувствувам многу удобно. И затоа сакам да продолжам да уживам играјќи за Марсеј“, изјави Гендузи. Гендузи се пресели во англискиот Арсенал од француски Лориент во…
Author: riste
Фудбалската федерација на Англија (ФА) му понудила на сегашниот селектор Герет Саутгејт да го продолжи договорот. На тренерот му се нуди да му биде двојно зголемена претходната плата, пренесува „The Sun“. Саутгејт ќе го предводи тимот на Светското првенство во Катар 2022 година. Но, од фудбалската федерација на Англија се плашат дека селекторот веднаш по овој настан ќе замине за да се испроба во Премиерлигата. Преговорите меѓу двете страни ќе започнат по двата натпревари од квалификацискиот циклус за СП 2022 година. Извршниот директор на ФА, Марк Булингем, за време на Евро 2020 објави дека сака Саутгејт да потпише нов договор.…
Поранешниот дефанзивец на Барселона и Шпанија, Карлес Пујол може да се врати во својата поранешна екипа и да заземе лидерска позиција, објави „Sport.es“. Новиот тренер Чави и претседателот на клубот, Жоан Лапорта се заинтересирани за негово враќање. Карлес Пујол исто така очекува да се врати во Барселона, но во моментов не сака да заземе административна функција. Тој сака место каде што може да носи важните одлуки. Претходно беше објавено дека екс-фудбалерот може да ја преземе функцијата технички секретар, која наскоро ќе ја напушти Рамон Планс. Според изворот, Карлес Пујол нема да се врати во Барселона како дел од стручниот штаб…
Синоќа во Атина (Грција) беше одигран натпреварот од 9. коло од квалификациите за СП 2022 година. Грција беше домаќин на Шпанија, средбата заврши со победа на Шпанија од 1:0, а оваа средба беше посебно значајна за еден фудбалер на репрезентацијата на Шпанија. 33-годишниот клучен играч за врска на Барселона и шпанската репрезентација Серхио Бускетс го одигра својот 133-ти натпревар во дресот на националниот тим. Според овој индикатор, тој стана трет, израмнувајќи се со новиот главен тренер на Барселона – Чави. Пред нив се само екс голманот на Реал Мадрид Икер Касиљас (167) и дефанзивецот на францускиот ПСЖ Серхио Рамос кој…
Светскиот рекет број 1 Новак Ѓоковиќ (Србија) ги доби Стефанос Циципас, Андреј Рубљев и Каспер Руд како ривали во неговата група на завршниот АТП турнир. Тие ја формираат Зелената група на турнирот, кој за прв пат ќе се одржи во Торино помеѓу 14 и 21 ноември. Вториот тенисер на АТП листата, Даниил Медведев (Русија) е лидер на Црвената група. За пласман во полуфиналето со него ќе се борат Александар Зверев (Германија), Матео Беретини (Италија) и Полјакот Хуберт Хуркач. Медведев го освои турнирот минатата година откако оствари пет победи пред да го подигне пехарот, вклучително победите над Ѓоковиќ, Доминик Тием и…
Македонските фудбалски репрезентативци по убедливата победа над Ерменија во Ереван со 5:0, можат да бидат презадоволни од игртаа и резултатот, но секако Енис Барди има повод посебно да биде среќен по оваа средба. На прес-конференцијата зборуваше и стрелецот на хет-трикот Енис Барди кој скромно само кажа дека му е драго што ја носел капитенската лента и постигнал три гола. „Благодарен сум што дојдовме до ваква победа. Сметам дека сите претходни дуели беа како победи, бидејќи одигравме многу добро. Мотивацијата за капитенската лента не беше пресудна, за мене сите сме капитени и одговорни во репрезентацијата. Горд сум што сум дел од овој…
Репрезентацијата на Македонија одигра одличен натпревар во Ереван и со убедливи (0:5) буквално ја прегази Ерменија со што остана во игра за второто место во нашата група кое носи во мундијалскиот бараж. Хет-трик на Енис Барди и по еден гол на Милан Ристовски и Александар Трајковски за големата победа на Македонија. По завршувањето на натпреварот, на прес-конференцијата зборуваше селекторот Благоја Милевски, кој нагласи дека е среќен за победата и играта на своите избраници. „Пред сè, честитки за фудбалерите, покажаа уште еднаш дека во себе имаат огромен потенцијал. Сепак, имаме уште еден натпревар до крајот на циклусот, што ќе се случи по него, ќе видиме в недела. Мислам дека…
Македонската фудбалска репрезентација забележа убедлива победа на гостувањето кај Ерменија во Ереван совладувајќи го домашниот тим со 5:0. Нашите репрезентативци уште од самиот почеток на натпреварот покажаа дека се решени да се вратат од ереван со освени 3 бода, а се добро почна за Македонија во 22 минута кога Трајковски на асистенција на Ашковски погоди за 1:0. По една убава акција во 36.минута, Барди по асистенцијата на Елмас ја донесе Македонија во водство од 2:0. Во вториот дел Македонија ја контролираше играта и создаде неколку шанси, за во 66 минута биде досуден пенал кој го реализираше Барди за зголемено водство…
Хрватот Лука Модриќ се надева дека ќе потпише нов договор со неговиот клуб Реал Мадрид, кој ќе му овозможи да игра на новиот „Сантијаго Бернабеу“ пред да ја заврши кариерата. Во мај, 36-годишниот Модриќ го продолжи актуелниот договор на една година и останува важна фигура во мадридскиот тим. Модриќ и раководството на Реал Мадрид знаат дека фудбалската кариера на Хрватот е при крај, пишува весникот „АС“, а ветеранот се надева дека ќе остане во клубот најмалку уште една година. Според шпанското издание, Лука Модриќ сонува да заигра на реновираниот стадион „Сантијаго Бернабеу“, кој моментално се реновира. Активностите се очекува да…
Фудбалската репрезентација на Македонија утре ја очекува натпреварот со Ерменија, дуел кој е важен за двете селекции, а со тоа е јасно дека и Македонија и Ерменија ќе одат на победа. Како никогаш досега сме блиску до пласман во баражот за пласман на Светско првенство, но за тоа ни се потребни победи во последните два квалификациски натпревари, но и среќа од исходите на останатите натпревари. Селекторот Благоја Милевски во пресрет на гостувањето во Ереван изјави дека неговите избраници се подготвени да ја искористат секоја шанса за да се оствари посакуваната цел. „И двете селекции имаат подеднакви шанси за тоа второ место.…
