Холандскиот напаѓач Мемфис Депај проговори за победата на неговата репрезентација во квалификацискиот натпревар за СП 2022 со селекцијата на Норвешка (2:0). „Горд сум на нашата репрезентација. По натпреварот со Црна Гора имавме продуктивен разговор, сите играчи беа подготвени за оваа вечер. Бевме најдобриот тим. Го направивме тоа што требаше да го направиме. Можевме да постигнеме повеќе голови, бевме многу проактивни“, изјави Депај за официјалната страница на УЕФА. Да потсетиме дека напаѓачот на холандската репрезентација Мемфис Депај и напаѓачот на Англија, Хари Кејн станаа најдобри стрелци во групната фаза од квалификациите за Светското првенство во ФИФА 2022 година. Двајцата играчи имаат…
Author: riste
Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез е решен да ги доведе на „Сантијаго Бернабеу“ и двете големи ѕвезди на светскиот фудбал во моментов – Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд. Дури веќе го има обезбедено буџетот за да ги привлече следното лето, објавија дел од медиумите во Шпанија. Французинот ќе пристигне како слободен играч, а Реал Мадрид ќе плати откупна цена од 75 милиони евра за да го земе Норвежанецот од Борусија (Дортмунд). „Од највисоките нивоа во Реал Мадрид ни кажаа дека привлекувањето на Мбапе е веќе договорено. Сепак, клубот е решен да ги земе Килијан и Халанд во исто време.…
По одигрувањето на последните натпревари од квалификациите во Европа, веќе се познати сите 10 победници во групите кои директно се квалификуваат за претстојното Светско првенство во Катар во 2022 година. Веќе ги знаеме екипите кои завршија на второто место во своите групи, кои одат во баражот. На нив мора да се додадат двете најдобри селекции во Лигата на нации, кои не се пласираа во квалификациите, но ќе играат и во баражите, кои ќе ги одредат последните три селекции кои ќе најдат место на Светското првенство. Ждрепката ќе биде извршена на 26 ноември, а 12-те екипи кои се поделени во две…
Еурофарм Пелистер дојде до првата победа во ЕХФ ракометната лига откако славеше на гостувањето кај АЕК во Атина со 27:30. Македонскиот тим уште од самиот старт наметна своја игра и на крај успеа да стави крај на позитивната серија на противникот, кој победи на првите два меча во Групата Д. Пелистерци беа доминантни во текот на целиот натпревар, во првиот дел константно беа во предност и го завршиа полувремето со 13:16. Одличната игра ја продолжија и во вторто полувреме во кое ја одржуваа оваа предност а во еден момент имаа водство од 18:24 кое само најави дека Еурофарм Пелистер од…
Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година ја прекина серијата на одиграни натпревари без пораз откако на домашен терен загуби од големиот фаворит и лидер во нашата група Франција со 0:1. Со ова практично се загубени шансите за висок пласман во нашата група и настап на Европското првенство (ЕП) во 2023 година. Македонија играше пред се дефанзивно и добро се бранеше во најголемиот дел од натпреварот, но сепак Франција ја чекаше својата шанса за погодок и ја дочека во финишот од натпреварот кога успеа преку Калулу да дојде до пртедност која на крајот беше доволна за победа и нови три…
Во текот на денешниот ден, Реал Мадрид одржа тренинг како подготовка за натпреварот од шпанското првенство против Гранада (21 ноември). Стручниот штаб им обезбеди одмор на играчите кои се враќаа од своите репрезентации, останатите играчи тренираа според распоредот. Во исто време, по своја желба им се приклучи и играчот од средниот ред Еден Азар, кој се врати од белгиската репрезентација, ојабија медиумите во Шпанија. Да потсетиме дека вечерва Белгија со мечот против Велс ќе ги затвори квалификациите за СП 2022 година. Бидејќи Белгијците веќе обезбедија билет за Катар, селекторот Роберто Мартинез им дозволи на Азар и некои други играчи да…
Пауло Дибала испадна од комбинација во составот на Аргентина за натпреварот против Бразил, објави „Sky Sport Italy“. Напаѓачот на Јувентус има повреда на мускулот и вечерва нема да биде достапен за клучниот меч со Бразил. Аргентинецот, кој вчера наполни 28 години, ќе се врати во Торино и медицинскиот штаб на Јувентус ќе одлучи дали играчот ќе биде во составот на својата екипа за првенствениот натпревар со Лацио во текот на викендот. Дибала беше стартер за Аргентина во победата од 1:0 против Уругвај минатата недела и асистираше за голот на Анхел Ди Марија, но беше заменет на паузата поради повреда.
Два претсезонски натпревари на кошаркарската НБА лига ќе се одржат во Абу Даби во октомври 2022 година, објавија светските агенции, повикувајќи се на извор од Министерството за култура и туризам на Абу Даби. Учесниците на средбите дополнително ќе бидат објавени. „Одржувањето НБА натпревари и други настани во Абу Даби се заснова на нашата посветеност на развојот на кошарката ширум светот. Преку ова партнерство, на навивачите во ОАЕ ќе им обезбедиме автентично НБА искуство и ќе го поддржиме развојот на кошарката во регионот со обезбедување повеќе можности за момчињата и девојчињата да научат и да ја играат кошарка. Абу Даби е…
Италијанскиот мотоциклист Валентино Роси и официјално ја заврши својата богата кариера. Роси по денешната трка во Валенсија, која за него беше последна стави крај на богатата кариера исполнета со многу победи и шампионски титули. Валентино Роси одлучи да стави крај на кариерата и да го напушти спортот во кој останува легенда. На денешната трка го освои десеттото место, што е показател дека веќе не може да се носи со најдобрите во шампионатот. Победата денес му припадна на Франческо Бањаја, пред Хорхе Мартин и Џек Милер. Меѓутоа се беше во втор план, поради тоа што фокусот на јавноста по крајот од…
Напаѓачот на Наполи, Лоренцо Инсиње може да ја продолжи кариерата во англиската Премиер лига. Лондонски Челзи е заинтересиран за услугите на 30-годишниот Италијанец, информира весникот „Марка“. Според истиот извор, Инсиње не сака да го продолжи договорот со Наполи, бидејќи клубот му нуди намалена плата. Актуелниот договор на Лоренцо истекува на крајот од тековната сезона. Оваа ситуација сака да ја искористи Челзи, кој е подготвен бесплатно да го ангажира играчот и да му ја даде потребната плата. Интернет порталот „Transfermarkt“ ја проценува пазарната вредност на Инсиње на 48 милиони евра. Во сезоната 2020/21, Лоренцо одигра 48 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи…
