Author: riste

Челзи во зимскиот преоден рок ќе се обиде да го привлече играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Еден Азар. Не е тајна дека сопственикот на „сините“ Роман Абрамович сака да го врати Белгиецот на „Стемфорд Бриџ“. Клубот дури подготвува понуда за него, а идејата е првично да го позајми со опција за откуп, пренесуваат медиумите на Островот. Азар најдобрите години во кариерата ги помина во Челзи, каде остана седум сезони, во кои одигра 352 натпревари и постигна 110 гола за клубот. Во 2019 година, сепак, тој беше продаден на Реал Мадрид за 115 милиони евра. Сепак, 30-годишниот фудбалер го…

Read More

Следната недела, ГН на Саудиска Арабија му ја дава на Макс Верстапен првата можност да ја обезбеди својата прва титула во Формула 1 на една трка пред крајот на сезоната 2021 година. За тоа да се случи, ѕвездата на Ред Бул ќе треба да освои најмалку 18 бода повеќе од ривалот во битката за титулата, Луис Хамилтон, кој ќе пристигне во Саудиска Арабија по двете последователни победи во Бразил и Катар. Сепак, пред дебитантскиот старт на Формула 1 во Саудиска Арабија, Верстапен откри дека никогаш не сонувал за повеќе од една шампионска титула. „Во Формула 1 е важно да ја…

Read More

Лидерот во Серија А, Наполи, претрпе тежок удар за шампионските амбиции, откако клубот денеска објави дека нема да може да се потпира на својот голгетер Виктор Осимен во следните три месеци. Нигериецот утрово беше опериран од проф.Тартаро откако се здоби со повеќекратни скршеници на коските на лицето на натпреварот од 13. коло на италијанското првенство со Интер (2:3). Се предвидува дека периодот на опоравување ќе трае околу 90 дена. Тоа автоматски значи дека Осимен ќе го пропушти Африканскиот куп на нации кој ќе се одржи во јануари следната година. Виктор Осимен со девет гола досега е најдобар стрелец на Наполи…

Read More

Борусија Дортмунд е подготвена да потроши сериозни пари за да го задржи главниот напаѓач Ерлинг Халанд во тимот. Според „Скај Спорт Германија“, раководството на клубот се согласува двојно да ја зголеми платата на Норвежанецот од 8-9 милиони евра на 16-18 милиони евра доколку се согласи да го продолжи договорот. Исто така, Борусија сака обештетувањето да стапи на сила не во 2022 година, туку во 2023 година според новиот договор. Да потсетиме, голем број европски клубови, меѓу кои Реал Мадрид и ПСЖ, се заинтересирани за Халанд. Напаѓачот моментално се опоравува од повредата. Тој повеќе нема да влегува на терен до крајот…

Read More

Напаѓач на Наполи Лоренцо Инсиње нема да може да му помогне на својот тим на гостувањето во Лигата на Европа на УЕФА со Спартак Москва, информираше официјалниот сајт на италијанскиот клуб. Лоренцо Инсиње има проблеми со коленото. Во моментов не тренира со останатиот дел од тимот. Покрај тоа, Виктор Осимен, Замбо-Ангиса, Матео Политано и Алесандро Заноли дефинитивно ќе го пропуштат патувањето во Москва поради различни причини. За потсетување, во среда, на 24 ноември, Наполи гостува кај Спартак Москва во рамките на 5. коло од групната фаза од Лигата на Европа. Во моментов клубот од Италија води во групата Ц со…

Read More

Во Франција се одржа посебен состанок на кој се разговарало за проблемите со насилството на фудбалските стадиони во земјата од почетокот на сезоната. На него присуствуваа премиерот Жералд Дарманен, министерката за спорт Роксана Марасинеану, министерот за правда Ерик Дупон-Морети, како и претседателите на Фудбалската федерација и на професионалната лига, Ноел Ле Гра и Винсент Лабрун. Овој состанок беше инициран по уште еден случај на насилство на мечот Лион – Марсеј, кој беше прекинат поради фрлено шише од трибините, удирајќи го фудбалерот на гостите Димитри Паје. После средбата е даден рок од 2 недели во кој мора да се предложат конкретни…

Read More

Шпанскиот дефанзивен играч Серхио Рамос конечно ќе може да заигра за својот клуб ПСЖ откако се најде на списокот фудбалери кои ќе му се спротистават на Манчестер Сити. Засилувањето од Реал Мадрид поради повреда досега не беше во можност да настапи и натаму чека да го има своето деби за ПСЖ. Фановите конечно ќе дочекаат да го видат во дресот на својата екипа. Тимот на Пеп Гвардиола ќе го пречека францускиот противник во директен судир за првата позиција во Групата А. „Граѓаните“ засега имаат еден бод предност во однос на фудбалерите на ПСЖ. https://twitter.com/PSG_inside/status/1463085429700317185?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1463085429700317185%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.gol.mk%2Ffudbal%2Fserhio-ramos-konechno-kje-zaigra-defanzivecot-dostapen-za-derbito-so-manchester-siti Големото дерби во рамките на петтото…

Read More

Играчот од средниот ред на Барселона, Педри може да продолжи кариера во германската Бундес лига. Баерн Минхен е заинтересиран за услугите на 18-годишниот фудбалер, пренесува „АС“. Според изворот, германскиот клуб се очекува четирикратно да ја зголеми платата на Шпанецот во однос на онаа што ја добива во Барселона. За потписот на Педри, Баерн Минхен е подготвен да го собори својот трансфер рекорд. Да потсетиме дека во моментов тоа е 80 милиони евра.Толку му беше платено на Атлетико Мадрид во 2019 година за трансферот на дефанзивецот Лука Ернандез. Договорот меѓу Барселона и Баерн Минхен би можел да се реализира или во…

Read More

Напаѓачот на Баерн Минхен и Полска, Роберт Левандовски е прогласен за најдобар фудбалер за 2021 година од италијанското издание на „Тутоспорт“. 33-годишникот фудбалер ја освојува наградата втора година по ред. Левандовски на крајот од минатата сезона ја освои „Златната копачка“, со што стана најдобар стрелец во европските национални првенства (41 гол на 29 натпревари во Бундеслигата). Втор во гласањето беше играчот од средниот ред на Челзи и Италија, Жоржињо, додека напаѓачот на ПСЖ и Аргентина, Лионел Меси беше трет . Во гласањето учествуваа поранешни фудбалери, меѓу кои Павел Недвед, Андриј Шевченко, Лотар Матеус, Христо Стоичков, Самуел Ето, Алесандро Костакурта, Руи…

Read More

Учеството на Ромелу Лукаку во натпреварот од Лигата на шампионите против Јувентус останува под знак прашалник, потврди менаџерот на „сините“ Томас Тухел. Белгискиот напаѓач се повреди на средбата со Малме минатиот месец и од тој момент нема настап на ниту еден натпревар. „Се уште е неизвесно дали Лукаку ќе игра. Тој изгледаше добро на тренингот вчера. Ќе видиме што ќе се случи. Максимумот за него е да се појави на теренот во последните минути. Се ќе биде јасно по неговата средба со медицинскиот персонал“, – изјави Тухел за медиумите. „Играчот од средниот ред Жоржино е целосно подготвен да им се…

Read More