Author: riste

Напаѓачот на Арсенал, Александар Лаказет, нема намера да ја продолжи кариерата во лондонскиот клуб. Според информациите објавени во Англија, фудбалерот веќе му дал зелено светло на својот агент да избере опции за летниот трансфер период. „Се разбира, моите агенти почнуваат да ја разгледуваат опцијата. Како и да е, оваа тема нема да се покрене барем до јануари, сакам да бидам фокусиран на сопствената игра“- изјави фудбалерот во врска со евентуалниот трансфер. Александар Лаказет игра за Арсенал од 2017 година. Во дресот на оваа екипа Французинот одигра 135 натпревари, на кои постигна 51 гол. Со доаѓањето на Микел Артета на тренерската…

Read More

Шпанскиот фудбалски стрчњак Пеп Гвардиола призна дека сака да се испроба во работа со национален тим. „Кога ќе завршам во Манчестер, ќе ми биде интересно да работам на СП или ЕП. Но, обично тоа не е лесно – има многу малку слободни работни места во такви случаи. Меѓутоа, доколку тоа не се случи, ќе продолжам да го тренирам клубот. Ако зборуваме за работа во Англија, тогаш мислам дека можам да работам само во Манчестер Сити. Знаете, пред многу години никогаш не би помислил дека ќе станам менаџер на Манчестер Сити и ќе бидам во тимот шест сезони. Да видиме што…

Read More

Раководството на ПСЖ не планира никако да го задржи Маурисио Покетино на тренерската позиција на тимот. Според одредени медиуми во Франција, парижаните се подготвени да го раскинат договорот со тренерот на крајот од сезоната и нема да му пречат на неговата преселба во Манчестер Јунајтед. Да потсетиме дека Покетино е еден од главните кандидати за менаџерската функција на „олд Трафорд“ откако му беше даден отказот на Оле Гунар Солскјер. До крајот на сезоната тимот ќе го води Ралф Рангник. Претходно и самиот Покетино зборуваше за можноста да замине во Манчестер Јунајтед. Дополнително, беше објавено дека Аргентинецот сакал да го напушти…

Read More

Бразилскиот Палмеирас синоќа го освои Копа Либертадорес, со што стана последниот учесник на претстојното клупско светско првенство. Претходно, Челзи (Англија), Ал-Хилал (Саудиска Арабија), Ал-Али (Египет), Монтереј (Мексико), Оукленд Сити (Нов Зеланд) и Ал-Џазира (Катар) беа екипите кои имаа обезбедено настап во ова натпреварување. Ждрепката за натпреварите ќе се одржи следниот понеделник на 29 ноември. Вреди да се напомене дека Челзи и Палмеирас турнирот ќе го започнат од полуфиналната фаза. Претстојното светско клупско првенство ќе се одржи во ОАЕ во јануари 2022 година.

Read More

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Пол Погба повеќе не е во трансфер плановите на Реал Мадрид, пренесува весникот „Марка“. Според изданието, кралскиот клуб се откажал од трката за 28-годишниот Французин поради неговите високи финансиски барања. И покрај тоа што трансферот на Погба во Реал Мадрид може да се случи како слободен играч, мадридскиот гигант не е подготвен да ги задоволи потребите на играчот од средниот ред за личен договор. Фудбалерот игра за Манчестер Јунајтед од 2016 година. Според порталот Трансфермаркт, пазарната вредност на играчот е 60 милиони евра. Договорот на Погба со клубот истекува во летото 2022 година.…

Read More

Претседателот на Белененсес, Руи Педро Суареш емотивно го прокоментира скандалозниот натпревар од португалскиот шампионат, на кој неговиот тим доживеа службен пораз. За потсетување, поради епидемијата на коронавирус, голем дел од фудбалерите на Белененсес не можеа да учествуваат на овој натпревар. Тимот побара од Португалската фудбалска федерација да го одложи натпреварот, но тие беа одбиени. Како резултат на тоа, во стартниот состав на домаќините имаше само девет играчи. Во првото полувреме Бенфика постигна седум гола. Во вториот дел Белененсес излезе со седум играчи. Веднаш по свирежот за продолжување на средбата, домашниот играч поради повреда седна на тревникот, а судијата предвреме го…

Read More

Напаѓачот на Ривер Плата, Јулијан Алварез може да ја продолжи кариера во шпанскиот шампионат. Каталонскиот гигант Барселона е заинтересирана за услугите на 21-годишниот играч, пренесува „Sport.es“. Според изворот, клубот го следи младиот играч веќе неколку месеци. Трансферот на фудбалер ќе ја чини Барселона меѓу 20-25 милиони евра. Алварез е играч кој потекнува од Ривер Плата. Договорот на играчот со клубот е со важност до 31 декември 2022 година. Според интернет порталот Трансфермаркт, пазарната вредност на играчот е 20 милиони евра. Во актуелниот шампионат на Аргентина, напаѓачот настапи на 18 натпревари, постигна 17 голови и 8 асистенции, а воедно Алварез е…

Read More

Ракометарите на Вардар одиграа уште еден лош натпревар и се поразени на домашен терен од екипата на Пик Сегед со 27:30 (9:16). Конечниот резултат е и подобар од она што се случуваше во текот на целиот натпревар во кој Вардар дојде до предност од 1:0 на стартот на мечот, а потоа гостите од Унгарија направија серија од 7:0 и водеа со 7:1. До крајот на првиот дел Вардар успе малку да се закани и да намали на -4, но на оддмор се замина со 9:16. Во вториот дел Вардар заигра малку подобро и намали на -3 (15:18 и 16:19) ,…

Read More

Барселона се соочи со нов кадровски проблем. Играчот од средниот ред Педри, кој претходно ја освои наградата „Златно момче“ за најдобар млад играч во Европа, нема да биде во можност за настап пред крајот на 2021 година, објави „Sport.es“. Според изворот, проблемите со повредата ќе го спречат Педри да игра до крајот на 2021 година. Сезонава учествуваше само на два натпревари на тимот во Примера. Барселона во текот на тековната сезона веќе се соочи со сериозни кадровски проблеми поради повреди. Чави, кој го замени тренерот на Каталонците Роналд Куман, по неговото назначување го разреши шефот на медицинскиот тим на Барселона.…

Read More

Капитенот на Јувентус Џорџо Киелини и Федерико Бернардески се вратија на тренинзите на својата екипа по повредите. Двајцата фудбалери на Јувентус во вторникот го пропуштија тешкиот пораз од 4:0 од Челзи во Лигата на шампионите, но се очекува да бидат на располагање за дербито со Аталанта во сабота. Матија Де Шиљо се уште е надвор од комбинација за тренерот Масимилијано Алегри, но големи се шансите Пауло Дибала да биде подготвен за настап на оваа средба.

Read More