Напаѓачот на Барселона, Мемфис Депај може да го напушти клубот, пренесува „Ел Национал“. Според изворот, Холанѓанецот знае дека неговиот клуб е во потрага по нов напаѓач. Доколку се влоши позицијата на Депај во Барселона, претставниците на фудбалерот се подготвени да ги разгледаат предлозите од други клубови. За возврат, Барселона може да го продаде напаѓачот со цел да ја подобри финансиската состојба и да собере средства за трансфери. Претходно во медиумите се појавија информации дека Каталонците се заинтересирани за потписот на Единсон Кавани од Манчестер Јунајтед, како и за напаѓачот на Борусија Дортмунд Ерлинг Халанд. Во актуелната сезона во шпанската Ла…
Author: riste
Во почетокот на годинава организаторите на Формула 1 објавија дека во наредната сезона ќе има вкупно шест спринтерски трки. Денеска пак, беа потенцирани и патеките на кои тие најверојатно ќе се реализираат. Големата награда на Бахреин е една од предложените а другите кои беа понудени се: ГН Емилија-Ромања на Имола, ГН на Канада, ГН на Австрија, Гран При на Холандија и ГН на Сао Паоло. Конечната одлука ќе биде донесена на некопј од наредните состаноци со челниците на тимовите кои ќе бидат активни во сезоната во 2022 година.
Најдобриот каратист во Македонија, Емил Павлов беше гостин во програмата на Спортско радио 90,3 ФМ во емисијата „60 минути на тема“ во која зборувавме за неговиот голем успех, освојување на сребрен медал на СП во Дубаи. Емил Павлов е задоволен од она што го направи како разултат на ова СП. „Отиодов на СП во Дубаи по големото разочарување кое го имав поради тоа што не бев дел од ОИ во Токио, работев напорно и се подготвив максимално за ова СП, одлучив д а ја променам категоријата и настапив во -67 кг, иако имав многу тешки борби сепак успеав да забележам…
Ралф Рангник и официјално седна на клупата на Манчестер Јунајтед и ја одржа првата прес-конференција. Германецот ги изнесе своите ставови и мислењето за составот со кој ќе располага во моментов. „Се радувам што ќе соработувам со луѓето во овој клуб. Денес ќе имаме тренинг, а веќе в недела натпревар. Секако дека го следев Јунајтед, ги гледав последните натпревари. Прилично ми е јасно што се случува тука и какви се целите на клубот. Имав долг телефонски разговор со Џоел Глејзер, а зборував и со Оле Гунар Солскјер кој ми разјасни многу работи околу екипата. Во тимот има талентирани играчи, а главна задача…
Раководството на Манчестер Јунајтед е подготвено да издвои 100 милиони фунти со кои новиот менаџер Ралф Рангник ќе има можност да го засили тимот во зимскиот преоден рок. Германецот пред неколку дена беше назначен на местото кое Оле Гунар Солскјер, но се уште официјално не го презеде тимот, бидејќи имаше доцнење со издавањето на неговата работна виза за Велика Британија. Сепак, сега се е во ред и во наредните денови ќе почне да работи на „Олд Трафорд“. И сосема е нормално тренерот да сака што поскоро да го освежи тимот и да добие доволно сериозен буџет за оваа намена, тврди…
Њукасл има сериозен интерес за голманот на Бенфика Одисеас Влаходимос. Грчкиот репрезентативец е една од главните трансфер цели на новиот менаџер Еди Хау за зимскиот преоден рок, тврдат медиумите во Португалија. На „Сент Џејмс Парк“ подготвуваат сериозна селекција со која ќе го засилат тимот за втората полусезона и ќе се обидат да избегнат испаѓање. Привлекувањето одличен голман е една од најважните цели, а вниманието на Њукасл го привлече токму Влаходимос. Во оваа фаза, сепак, Бенфика даде јасен сигнал дека овој играч не е на продажба, бидејќи не сака да го загуби на средина од сезоната. Португалците се склони да преговараат…
Во Реал Мадрид е планирано големо преструктуирање на тимот. Кралскиот клуб има намера да го ангажира Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд или Килијан Мбапе од ПСЖ. Во овој случај, Карим Бензема ќе биде пред заминување од Реал Мадрид. Ливерпул сака да ја искористи ситуацијата околу францускиот напаѓач, пренесуваат медиумите во Шпанија. За Бензема интерес има од ПСЖ, кој му нуди на Реал Мадрид да го вклучи Карим во договорот со Мбапе. Но, претседателот на „кралскиот клуб“ Флорентино Перез не сака да им го даде на парижаните свој играч, бидејќи ги смета за директен конкурент на европската сцена. Во оваа насока,…
Екипата на Атлетико Минеиро синоќа се сретна со Баија во рамките на 32. коло на Бразилското фудбалско првенство. Средбата се одигра на теренот на Баија, а домашната екипа водеше со 2:0, но голот на напаѓачот Хулк и двата гола на Кено му дозволија на Атлетико Минеиро да го сврти резултатот 3:2 и да победи на оваа средба. На два меча пред крајот на натпреварувањето, Атлетико Минеиро има 81 бодн и стана недостижен за своите ривали. На Фламенго (70 бода) му преостануваат само три средби. Атлетико Минеиро по втор пат во својата историја стана шампион на Бразил. За прв пат таков…
Крилниот напаѓач на Барселона, Ансу Фати и понатаму е под знак прашање за настап на клучниот дуел со Баерн (Минхен) во Лигата на шампионите следната недела. 19-годишниот фудбалер е надвор од терените од 6 ноември, кога на натпреварот против Селта заработи повреда на бутот. Надежите беа дека ќе може да се опорави до мечот со германскиот шампион, но во оваа фаза се чини се помалку веројатно такво нешто, пренесува „Марка“. Фати се уште не ги продолжил тренинзите, а до мечот во Минхен останува неполна недела. Натпреварот е исклучително важен за Каталонците, а само победа ќе им гарантира 100% пласман во…
Јувентус има интерес за играчот од средниот ред на Челзи, Жоржино. Бразилецот со италијански пасош, кој остана трет на ранг-листата во изборот за „Златната топка“, е главната трансфер цел на „бјанконерите“, на кои им е сериознп потребен играч со неговите квалитети за да ја води играта на тимот на средината на теренот. Ј увентус дури веќе стапил во контакт со агентот на играчот за да најде терен за евентуален негов трансфер, тврди „Калчомеркато“. 29-годишниот Жоржињо е важен играч за Челзи и лондончани тешко дека ќе се разделат со него. Сепак, договорот на италијанскиот репрезентативец е до летото 2023 година, а…
