Ливерпул со нов договор може да го направи египетскиот напаѓач Мохамед Салах најплатен играч во Премиер лигата. Договорот на 29-годишниот Салах истекува на крајот од следната сезона и Ливерпул ќе мора да работи напорно за да го задржи фудбалерот, пренесува „ЕСПН“. Ливерпул може да ја зголеми платата на Салах на 592.000 евра неделно, што ќе го направи најплатениот играч во англискиот шампионат. Египетскиот фудбалер за англискиот тим настапува од 2017 година. Сезонава Салах во сите натпреварувања одигра 24 натпревари и постигна 22 гола и девет асистенции. Ливерпул треба последниот натпревар во 2021 година да го игра против Лестер Сити во…
Author: riste
Шпанецот Давид Дејвис Камара е нов тренер на РК Вардар 1961 и ќе го предводи тимот во пролетниот дел од оваа сезона. Повеќекратниот македонскиот шампион и двоен европски првак го реши прашањето на тренерското место со ангажирањето на 45-годишниот Давид Дејвис, кој по пауза од повеќе од три години повторно се враќа во Скопје. Дејвис ќе остане во Вардар до крајот на сезонава по што управата и тренерот ќе разговараат за продолжување на соработката. Тој во периодот од 2014 до 2018 година беше дел од Вардар и заедно со Раул Гонзалес на клупата ја освоија првата шампионска титула за „црвено-црните“…
Манчестер Јунајтед на својата официјална веб-страница објави дека потпишал нов договор со младиот талент Ентони Еланга. Новиот договор ќе го задржи Еланга на „Олд Трафорд“ до летото 2026 година. Ентони Еланга има 19 години и игра главно како лево крило. Шведскиот младински репрезентативец дојде во фудбалската академија на „Црвените ѓаволи“ во 2014 година. Своето официјално деби за првиот тим на Манчестер Јунајтед го имаше во мај годинава против Лестер во натпревар од Премиер лигата. За првиот тим на англискиот гигант досега има вкупно 5 натпревари и 1 постигнат гол.
Дефанзивецот на италијанскиот Интер Милан Шкрињар не ја исклучи можноста да го напушти тимот. Сепак, фудбалерот забележува дека се чувствува удобно да биде шампион на Италија. „Не размислувам за заминување, се чувствувам добро во Интер. Сепак, никогаш не знаете што може да се случи. Сè уште не сме преговарале за продолжување на договорот, бидејќи тој завршува дури во 2023 година“, изјави Шкрињар за „Corriere della Sera“. 26-годишниот Шкрињар му се приклучи на Интер од Сампдорија во летото 2017 година за 34 милиони евра. Оваа сезона словачкиот дефанзивец постигна три гола на 23 натпревари од италијанската Серија А и Лигата на…
Раководството на Јувентус е заинтересирано за купување на напаѓачот на Сасуоло Џанлука Скамака. Ова го пренесува „La Gazzetta dello Sport“. Според истиот извор, клубот од Торино активно бара нов напаѓач. Преговорите со Мауро Икарди и Пјер-Емерик Обамејанг се во ќорсокак, па Јувентус се заинтересира за 22-годишниот Италијанец. Станува збор за позајмување на напаѓачот со опција за откуп. Скамака оваа сезона во Серија А постигна шест гола. Тој е втор стрелец на Сасуоло. Јувентус има освоено 34 бода на 19 средби и се искачи на петтото место на табелата на италијанската Серија А, додека лидер е Интер со 43 бода од…
Напаѓачот на Баерн и Франција, Кингсли Коман наскоро може да го обнови договорот со клубот од Минхен, објавија медиумите во Германија. Според истите, преговорите меѓу двете страни се во напредна фаза. Новиот договор се очекува да биде склучен во првите месеци од 2022 година. Актуелниот договор на Коман со Баерн Минхен е до летото 2023 година. Да потсетиме дека Коман се пресели во Баерн Минхен од Јувентус во 2017 година за 17 милиони евра. Оваа сезона 25-годишниот француски фудбалер учествуваше на 10 натпревари во германското првенство и постигна 4 гола. Од 2015 година, Коман е дел од француската репрезентација. Баерн…
Крилниот напаѓач на Барселона, Осман Дембеле ќе се согласи да го продолжи договорот со клубот, објавија медиумите во Шпанија. Французинот се уште не ги договорил сите детали од новиот договор, но не сака да си замине од клубот. Дембеле игра за Барселона од 2017 година, каде се пресели од Борусија Дортмунд за 135 милиони евра. Договорот на играчот со Барселона е до 30 јуни 2022 година. Според интернет порталот Трансфермаркт, пазарната вредност на играчот е 50 милиони евра. Во актуелната сезона од шпанската Ла Лига, Дембеле учествуваше во пет натпревари и постигна две асистенции. Исто така Осман Дембеле има одиграно…
Селекторот на ракометната селекција на Македонија, Кирил Лазаров, по денешниот собир пред новиот голем предизвик, Европското првенство (ЕП) кое следи на стартот на 2022 година го кажа планот на подготовки, но и очекувањата од настапот на Македонија на ова ЕП. „Најпозитивна работа е што оваа национална селекција почнувајќи од 2012 година има континуитет и тоа ни е прва и основна цел до сега, а ќе биде и понатаму. Мислам дека нашата машка селекција е со најголеми големи натпреварувања, во споредба со другите селекции и тоа е големината на оваа репрезентација. Процесот на подмладување е почнат, неминовно е една генерација да…
Тренерот на Бетис, Мануел Пелегрини го продолжи договорот со клубот, објави официјалниот сајт на екипата од Андалузија. Новиот договор на 68-годишниот тренер со Бетис е до 2025 година. Чилеанецот беше на чело на Бетис од 2020 година. Во првата сезона под водство на Пелегрини, тимот заврши на 6-то место во Примера. Во текот на својата тренерска кариера, Пелегрини беше главен тренер на Манчестер Сити, Реал Мадрид, Малага, Вест Хем Јунајтед, Виљареал, Ривер Плата и други тимови. Во актуелното шпанското првенство, по 18 одиграни кола, Бетис е на 3. место на табелата со 33 бода, зад водечкиот Реал Мадрид со 43…
Напаѓачот на Реал Мадрид, Еден Азар може да го напушти Кралскиот клуб, објавија шпанските медиуми. Истите информации велат дека играчот нема да го напушти Реал Мадрид во јануари. Напаѓачот ќе донесе одлука за својата иднина на лето. Од Реал Мадрид се подготвени да ги слушнат предлозите на другите клубови за трансферот на Белгиецот, но проблем во реализацијата на трансферот може да биде високата плата на фудбалерот, која изнесува 13 милиони евра годишно. Претходно беше објавено дека играчот не сака да го напушти Реал Мадрид во зима, бидејќи не сака непотребни промени во животот поради претстојната принова во семејството. 30-годишниот Азар…
