Author: riste

Македонската фудбалска репрезентација ќе мора без Елиф Елмас да игра во плеј-оф дуелот со Италија во битка за место на СП 2022 година во Катар. Светската фудбалска федерација (ФИФА) одлучи да ги избрише жолтите картони од квалификациските мечеви, но суспензиите остануваат, а тоа значи лоши вести за селекторот Благоја Милевски. Тој нема да може да смета на еден од најдобрите во нашиот национален тим. 22-годишниот Елиф Елмас направи еден непромислен потег и заработи жолт картон на последниот дуел со Исланд на домашен терен. Тоа значи дека ќе мора да прави пауза од еден натпревар, а ќе биде достапен за финалето од плеј-офот. На овој историски натпревар нема да може да настапи…

Read More

Данските медиуми најавуваат дека селекторот Николај Јакобсен ќе направи одредени промени во ростерот на својата селекција за последниот дуел од групната фаза против Македонија. Данска е голем фаворит во дуелот со Македонија, а воедно и еден од фаворитите за златниот медал на ова ЕП, па се надева дека ќе сочува некој од клучните играчи за следните предизвици кои ги очекуваат до крајот на шампионатот. Бидејќи немаат потреба од бодовите од оваа средба, Данската репрезентација со комбиниран состав ќе и се спротистави на младата селекција на Македонија предводена од Кирил Лазаров. Матиас Гидсел сигурно ќе биде поштеден и нема да настапи, додека…

Read More

Денешниот ден ќе биде богат со натпревари на ЕП во Ракомет кое се одржува во Унгарија и Словачка, а за нас најинтересно ќе биде во Групата А каде Македонија го игра последниот натпревар со Данска. Во групата А од 18 часот играат Црна Гора и Словенија во директна пресметка за второто место во нашата група, додека од 20.30 часот Македонија ќе ги одмери силите со Данска во меч кој нема резултатско значење. Групата Ц ни носи два нови натпревари, од 18 часот играат Украина и Хрватска , додека во 20.30 часот Франција ќе игра против Србија. Хрватска додека победи ќе…

Read More

Машката репрезентација на Македонија вечерва ќе го одигра последниот натпревар од групната фаза на Европското првенство во Унгарија и Словачка. По дуелот со Данска, кој нема резултатско значење за двете репрезентации, нашите ракометари веднаш се враќаат во Скопје. Со чартер лет од аеродромот во Дебрецин во 1 часот после полноќ, нашата делегација ќе полета кон Скопје. Според планот, авионот со нашите ракометари би требало да пристигне околу 2:30 часот на Аеродромот во Скопје, па по неколку денови одмор ракометарите ведбаш ќе се посветат на клупските обврски. Натпреварот меѓу Данска и Македонија се игра вечерва во „Феникс Арена“ со почеток во…

Read More

Селекторот на репрезентацијата на Данска, Николај Јакобсен ќе се обиде да сочува дел од играчите за следните натпревари кои ја очекуваат неговата селекција на Европското првенство на последниот меч од групната фаза против Македонија. Данска е голем фаворит за побеата на оваа средба, а поради тоа селекторот се одлучи да им даде одмор на неколку ѕвезди, а во текот на натпреварот ќе се обиде да го разигра целиот тим од клупата на резерви. „Секогаш сум поддржувач на штедењето на сили. Ако можеш да заштедиш, направи го тоа затоа што ќе ти треба подоцна. Дали чини нешто? Не верувам дека е така. Има толку…

Read More

Денешниот ден на ЕП ќе ни донесе само четири натпревари и тоа во Групите Б и Д кои се играат во Будимпешта и Братислава. Во групата Б од 18 часот во Будимпешта домашната репрезентација на Унгарија ќе игра против Португалија и со победа ќе сеобиде да ги задржи шансите за пласман во главната фаза. Двете репрезентации беа поразени во првото коло. Во вториот натпревар од 20.30 часот Исланд ќе игра против Холандија,ова е дуел на две екипи кои имаат поедна победа и селекцијата која ќе победи на оваа средба ќе има обезбеден пласман во следната фаза. Групата Д која се…

Read More

Македонија загуби од Црна Гора со 28:24 во второто коло на Европското првенство кое се играше вчера , а со тоа ги загуби шансите за место во главната фаза на ЕП. Левиот бек Филип Кузмановски по натпреварот беше крајно разочаран и рече дека ќе му биде срам да излезе на терен и да погледне кон трибината на дуелот против Данска. „Срам ми е да излезам на терен против Данска пред овие наши навивачи. Тие заслужуваат многу повеќе во однос на тоа што го покажавме. Немам коментар, не знам што да кажам. Самите сме криви и требаше да ги поправиме техничките…

Read More

Денес е нов слободен ден за ракометната репрезентација на Македонија на ЕП во Унгарија и Словачка. По вчерашната лоша игра и поразот од Црна Гора, Македонија ги загуби шансите за пласман бво главната фаза на ЕП, а реално и ќе заврши на последното место во Групата А на ова ЕП. Во секој случај утре не очекува натпревар против Данска која игра одличен ракомет на ова ЕП, а тоа го покажа на двата натпревари со Црна Гора и Словенија каде забележа лесни и убедливи победи. За селекторот Кире Лазаров ќе биде голем предизвик, но и проблем да и се спротивстави на…

Read More

Никола Митревски пристигна во Дебрецин, влезе во игра во финишот на првото полувреме и успеа до крајот на натпреварот да одбрани 10 удари кон нашиот гол. Сепак неговите одбрани не беа доволни за позитивен резултат на нашата репрезентација на мечот со Црна Гора. По средбата, голманот на Македонија на прес-конферецијата му честиташе на противникот и ги потенцира причините за неуспехот. „Честитки за победата на Црна Гора, беа подобри, помотивирани и поагресивни. Тие две-три нешта влијаеја на терен и според мене тоа е причината за овој резултат“, краток изјави Никола Митревски на прес-конференцијата. Македонија откако остана без шанси за втора фаза,…

Read More

Македонија по поразот од Црна Гора ќе го заврши ЕП во понеделник со мечот против Данска, а по натпреварот кој го загубвме вечерва свој коментар даде и еден од најискусните во нашите редови, Филип Миркуловски. Искусниот Миркуловски по натпреварот не го криеше своето незадоволство од поразот и истакна дека вечерва Македонија загуби во натпревар во кој не покажа ни душа ни срце. „Многу сме разочарани. Поквалитетни сме од Црна Гора, но тоа како и секогаш мора да се докаже на терен. Фаворитите не победуваат секогаш. Се спремавме добро, трениравме напорно, но има нешто што не се тренира – тоа е душа и срце.…

Read More