Author: riste

Удинезе го објави ангажманот на Пабло Мари од Арсенал. Дефанзивецот до лето ќе настапува како позајмен играч во италијанскиот тим, а зделката не вклучува опција за откуп. 28-годишниот Шпанец не е меѓу играчите на кои смета Микел Артета и има само 2 натпревари во Премиер лигата од почетокот на сезоната. Од друга страна, Удинезе се наоѓа на 14. место во Серија А. Пабло Мари е поранешен играч на Манчестер Сити, но не успеа да се пробие таму. Арсенал го привлече од Фламенго пред точно две години – првично на позајмица, а потоа го купи за 6 милиони евра.

Read More

Прес-службата на ПСЖ ја објави медицинската состојба во тимот. Беше потврдена повредата на францускиот напаѓач Килијан Мбапе и времето на закрепнување на бразилскиот напаѓач Нејмар. „Килијан Мбапе се лекува од болки во левиот адукторски мускул. Во петок ќе биде направен преглед за да се процени динамиката на повредата. Нејмар продолжува со тренинзите по индивидуална програма. Тој треба да се врати во составот на почетокот на следната недела“, пишува на официјалната веб-страница на Пари Сен Жермен. Претходно се дозна дека Парижаните упатиле импресивна понуда до Килијан Мбапе, вклучувајќи и двегодишен договор со многу поволни услови за фудбалерот. Забележано е дека Французинот…

Read More

Извршниот директор на Барселона, Матеу Алемани потврди дека повеќе нема да сметаат на Осман Дембеле откако тој одби да потпише нов договор. Каталонците се надеваат дека овој месец ќе премине во друга екипа, бидејќи на лето ќе биде слободен играч. „Разбираме дека одлуката на Дембеле не е да остане со нас“, рече Алемани. „Веќе му кажавме за нашата одлука дека повеќе нема да сметаме на него. Сакаме да има само играчи кои се посветени на клубот. Му кажавме на Дембеле дека треба да си замине што е можно поскоро. Во јули почнавме преговори за неговиот нов договор, сепак, нашите понуди…

Read More

Англиските премиерлигаши ќе одржат уште еден состанок, овојпат идејата е да се сменат правилата според кои се одложуваат натпреварите. Според „Дејли Меил“, онлајн средбата ќе биде следната недела. Вкупно 21 натпревар за два месеци веќе се одложени поради коронавирусот, што доведе до хаос во програмата. Така, стана апсурдно еден клуб да има пет одиграни натпревари помалку од друг. Сегашните правила важат од минатото лето и велат дека е многу веројатно некој клуб да не може да собере доволно играчи – било да е тоа поради позитивни тестови за КОВИД-19, казни или средби на репрезентации. Планот е во иднина клубовите да…

Read More

Дефанзивецот на Пари Сен Жермен, Лејвин Курзава повеќе не е трансферна цел на Челзи. 29-годишниот лев бек беше опција да го замени повредениот Бен Чилвел, но Томас Тухел одби да го привлече овој играч. Курзава не е во плаовите на тренерот на ПСЖ, Маурисио Покетино и нема одиграно ниту еден официјален натпревар од август. Неговиот агент очајно бара нов тим, а се очекува кариерата да ја продолжи во Италија. Претстојат преговори со Интер, Лацио и Наполи. Моментално единствениот лев бек на располагање на Тухел е Маркос Алонсо.

Read More

Синоќа екипата на манчестер Јунајтед победи на гостувањето кај Брентфорд, на натпревар од одложеното 17.коло од англиската Премиер лига. Манчестер Јунајтед како гостин победи со 3:1. Како што беше објавено по натпреварот, оваа победа го направи Манчестер Јунајтед првиот тим во историјата на англиската Премиер лига кој ја надмина границата од 300 победи на гостински терен. Најблиску до нив според овој индикатор се Челзи (259), Арсенал (246), Ливерпул (239) и Манчестер Сити (188). https://twitter.com/OptaJoe/status/1483921373210763268?cxt=HHwWiICzzY6o-ZcpAAAA По 21 одигран натпревар, Манчестер Јунајтед се наоѓа на седмото место на табелата на англиската Премиер лига со 35 бодови. Брентфорд (23) е 14-ти, а лидер…

Read More

Ѕвездата на Аргентина и на францускиот Пари Сен Жермен, Лионел Меси не е вклучен во составот на националниот тим за квалификациските натпревари за Светското првенство во 2022 година, кои ќе се одржи во јануари и февруари.  Ова беше објавено на „Твитер“ од страна на репрезентацијата на Аргентина. Веќе на 28 јануари, Аргентина ќе игра на гостински терен со репрезентацијата на Чиле, додека на 2 февруари ќе биде домаќин на Колумбија. https://twitter.com/Argentina/status/1483816646791909385?cxt=HHwWksC-_Z3YyZcpAAAA Во квалификациите за СП 2022 во Јужна Америка на врвот е Бразил (35), а потоа следуваат Аргентина со 29 и Еквадор со 23 освоени бодови. Да потсетиме дека Меси…

Read More

Поранешниот англиски репрезентативец Џермејн Дефо речиси сигурно ќе ја продолжи кариерата во Англиската Лига 1 – третото ниво на фудбалски лиги во Англија. 39-годишниот напаѓач е пред договор со Оксфорд Јунајтед. Се очекува ветеранот да потпише договор до крајот на сезоната, а потоа да одлучи дали ќе се откаже од фудбалот. Дефо е слободен играч од почетокот на годината. Тој претходно го носеше дресот на Ренџерс и одигра вкупно 74 натпревари и постигна 32 гола за шкотскиот гигант. Најдобриот период во кариерата на Дефо беше во Тотенхем. Напаѓачот беше дел од оваа екипа во периодот од 2009 до 2014 година.…

Read More

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо може да го напушти клубот следното лето, пренесува „АС“. Според изворот, напаѓачот ќе ја промени клупската средина доколку „црвените ѓаволи“ не влезат во Лигата на шампионите. Португалецот сака да го повтори или сруши рекордот на Франсиско Генто од Реал Мадрид, кој освои шест европски титули. Познато е дека слична цел има и напаѓачот на Пари Сен Жермен, Лионел Меси. Да потсетиме дека Роналдо е петкратен освојувач на Лигата на шампионите (четири пати со Реал Мадрид и една победа со Манчестер Јунајтед). Меси има четири победи во Лигата на шампионите (сите со Барселона). По 20…

Read More

Напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски може да го смени тимот ова лето, соопшти „Билд“. Според изворот, клубот од Минхен планира да го продаде играчот на лето доколку не се согласи да го продолжи договорот со него. Актуелниот договор на Полскиот интернационалец со Баерн е со важност до летото 2023 година. Да потсетиме дека Левандовски ја доби наградата за најдобар играч во 2021 година според ФИФА. Роберт стана најпродуктивниот играч во изминатата година со неговите 69 гола на 59 натпревари за Баерн и Полска. Роберт Левандовски постигна 43 првенствени гола, 11 во Лигата на шампионите, 2 во германскиот Суперкуп, 2…

Read More