Домот на напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема , бил ограбен за време на мечот со Елче во шпанското првенство, објави „Марка“. Според изворот, крадците влегле во куќата преку градината, сместена во луксузен станбен комплекс во Сан Себастијан де лос Рејес, во време кога куќата била празна. Самиот натпревар заврши со резултат 2:2. На оваа средба Бензема не успеа да реализира пенал. И тој се повреди и го напушти теренот во 58. минута. Реал Мадрид има 50 бода од 22 натпревари и е на првото место на табелата во шпанската Ла Лига. За разлика од Реал Мадрид, Елче (23) е…
Author: riste
ПСЖ извојуваше убедлива победа над Ремс во натпреварот од 22. коло на француската Лига 1. Средбата се одигра во Париз на стадионот „Парк на принцовите “ и заврши со резултат 4:0 во корист на домашната екипа. Италијанскиот играч за врска на ПСЖ Марко Верати го отвори резултатот. Ова е прв гол на овој фудбалер во францускиот шампионат по повеќе од четири години. Верати последен пат постигна гол во Лига 1 во мај 2017 година, кога ПСЖ ја победи Бастија со 5:0. Италијанскиот играч дојде во ПСЖ во летото 2012 година од Пескара. За францускиот клуб, играчот од средниот ред одигра…
Легендарниот поранешен украински напаѓач Андриј Шевченко е многу блиску до потпишување договор и превземање на улогата селекторот на репрезентацијата на Полска. Последен пат тој ја водеше италијанската екипа Џенова, но беше ослободен само два месеци подоцна, бидејќи Џенова не игра како што посакуваше раководството на овој клуб. Според информацијата објавена денес фудбалскиот сојуз на Полска ги договорил сите детали. Украинецот ќе добива 2,5 милиони евра годишно, а сумата ќе биде поделена меѓу федерацијата и спонзорите. Шевченко сега треба да ја среди работата со Џенова, каде што има договор до летото 2024 година, иако тој доби прекин на соработката со тимот.…
И по денешниот натпревар кој Манчестер Јунајтед го одигра и доби против Вест Хем Јунајтед (1:0), Кристијано Роналдо остане без постигнат гол или асистенција. Португалскиот напаѓач Кристијано Роналдо го мина целиот натпревар на теренот, но не можеше да постигне гол или асистенција. Натпреварот против Вест Хем беше трет по ред за Роналдо на кој не успеа да постигне гол или асистенција. Португалецот немаше ниту една ефективна акција на натпреварите со Вулверхемптон (0:1) и Брентфорд (3:1). Последен пат Кристијано Роналдо постигна гол против Барнли на средбата од 20. коло од Премиер лигата, која се одигра на 30 декември 2021 година. На…
Јувентус е решен да остане во трката за да ја привлече ѕвездата на Фиорентина, Душан Влаховиќ до крајот на овој месец, објавија италијанските медиуми. Цената на напаѓачот е 70 милиони евра и затоа „Старата дама“ ја подготви следнава понуда: 35 милиони евра плус крилниот напаѓач Дејан Кулушевски, проценет на 35 милиони евра. Така, клубот се надева дека ќе ги убеди колегите на Фиорентина да го продадат Влаховиќ, кој одбива да го продолжи договорот кој му истекува летото 2023 година. Од „Артемио Франки“ признаа дека се подготвени да ги слушнат предлозите во текот на овој преоден рок, иако фудбалерот и клубот…
Почнувајќи од средата, 19 јануари, започна продажбата на билети за Светското првенство во фудбал во 2022 година во Катар, а според информциите кои ги објави ФИФА, огромна е побарувачка низ целиот свет за влезници. Во првите 24 часа од почетниот продажен период, фановите ширум светот побараа над 1,2 милиони билети. Најголема побарувачка имаа навивачите од Катар, а потоа следат фудбалските навивачи од Аргентина, Мексико, САД, Обединетите Арапски Емирати, Англија, Индија, Саудиска Арабија, Бразил и Франција, се наведува на официјалната веб-страница на ФИФА. За финалниот натпревар биле побарани повеќе од 140.000 билети, а за воведниот натпревар повеќе од 80.000 билети. Првата…
Челзи размислува за понуда за напаѓачот на Барселона, Осман Дембеле. Французинот одби повторно да потпише нов договор под предложените услови и од „Камп Ноу“ го повикаа веднаш да си замине бидејќи нема да сметаат на него до крајот на сезоната. Самиот играч одговори на овој повик велејќи дека ќе даде се од себе додека не му истече договорот, како и секогаш, и нема да дозволи да биде уценуван. Според „Сан“, Челзи е еден од клубовите кои имаат интерес да го ангажираат Дембеле до крајот на сезоната, а потоа да потпишат со него како слободен играч. Заинтересиран е и Њукасл, но…
Синоќа беше одигран реванш полуфиналниот натпревар од Карабао купот или Лига купот на Англија помеѓу Арсенал и Ливерпул. Натпреварот заврши со победа на Ливерпул од 2:0, а оваа победа го однесе Ливерпул во ново финале од ва натпреварување. Ова ќе биде 13-ти. финален натапревар на Ливерпул во Лига Купот во нивната клупската историја, нов рекорд во ова натпреварување. Во изминатите 12 финалиња, Ливерпул забележал осум победи и четири порази. Со головите на Диого Жота, Ливерпул успеа да го совлада Арсенал со 2:0 и да си закаже финален дуел со Челзи кој претходно обезбеди место во натпреварот за трофејот во Лига…
Познатиот агент Мино Рајола е на интензивна нега, пренесува „Фудбал Италија“. Според изворот, состојбата на Рајола се влошила и тој сега е на интензивна нега во болницата „Сан Рафаеле“ во Милано поради белодробна болест. На 12 јануари беше објавено дека Рајола бил пренесен во болница и итно опериран. Сепак, Рајола подоцна на Твитер објави дека е на рутински медицински преглед. Да потсетиме, меѓу клиентите на Рајола се голманот на Пари Сен Жермен и на италијанската репрезентација Џанлуиџи Донарума, норвешкиот напаѓач на Борусија Дортмунд Ерлинг Халанд, шведскиот напаѓач на Милан Златан Ибрахимовиќ, холандскиот дефанзивец на Јувентус Матијс де Лихт, играчот за…
Пари Сен Жермен е фаворит за привлекување на играчот од средниот ред на Тотенхем, Танги Ндомбеле. Францускиот гигант има намера да ја засили конкуренцијата на средината на теренот со поранешниот играч на Олимпик Лион, кој не е во плановите на Антонио Конте. Тотенхем сигурно ќе се раздели со Ндомбеле доколку го обезбеди потписот на Франк Кеси. Интернационалецот од Гана одби да го продолжи договорот со Милан и тоа го направи атрактоивен за многу клубови. Од Милан ја чекаат најдобрата понуда, откако категорично одбија да му платат на играчот од средниот ред 8 милиони евра по сезона. Во случај да не…
