Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Дони ван де Бек, кариерата ќе ја продолжи во Евертон. Ова го објави новинарот Фабрицио Романо на својот профил на Твитер. Двата клуба се договориле за позајмица на 24-годишниот играч, а „карамелите“ ќе му ја исплатат целата плата до крајот на сезоната. Сепак, самиот Ван де Бек се уште нема донесено конечна одлука. Тоа го тврдат клубови како Кристал Палас, Валенсија и други кои исто така се заинтересирани за него.
Author: riste
Англискиот тим Тотенхем постигна договор со Јувентус за играчот од средниот ред Дејан Кулушевски, пренесува „Скај Спортс“. Фудбалерот мора да пристигне во Лондон во следните неколку часа за да ги помине лекарските прегледи и потоа да го потпише личниот договор. Медиумите во Италија и Англија пренесуваат дека тој ќе пристигне на позајмица во Тотенхем, но со задолжителна опција да го купи доколку лондончани се пласираат во Лигата на шампионите. Од Англија додаваат дека дека цената ќе биде околу 40 милиони фунти. Ова е добра вест за Антонио Конте, откако Тотенхем неколку пати овој месец не успеа да оствари различни цели…
Останаа да се одиграат уште два натпревари, односно уште борбата за медалите на Европското првенство во Унгарија и Словачка. Досега беа одиграни навистина интересни натпревари кои долго ќе се паметат кај љубителите на ракометот, но исто така не очекуваат интересни натпревари во борбата за третото место и на финалниот меч за титулата. Селекциите на Шпанија и Шведска ќе ја спуштат завесата на Европското првенство. Двете селекции во Будимпешта ќе се сретнат по вторпат на овој шампионат, затоа што најнапред одиграа меч во првата групна фаза. Тогаш „фуријата“ славеше рутинска победа, но сега иако е фаворит никој не очекува дека ќе биде тоа лесен меч за Шпанија. Шведска пак…
Арсенал ја одби понудата на Кристал Палас за Едуард Нкетија. Младиот напаѓач, чиј договор со „топџиите“ истекува по крајот на оваа сезона, е долгогодишна трансфер цел на Кристал Палас. Веќе во текот на летото Кристал Палас се обиде да го привлече, а според „Скај Спортс“ ова е втора понуда за него, која клубот ја испраќа дури овој месец. Арсенал сака да го задржи Нкетија, но тој веќе ја одбил неговата понуда за повторно потпишување. За него е заинтересиран и Баер (Леверкузен). 22-годишниот Нкетија нема одиграно ниту еден натпревар во Премиер лигата оваа сезона, но постигна пет гола на натпреварите на…
Англискиот Тотенхем размислува да го ангажира уругвајскиот играч од средниот ред на Јувентус, Родриго Бентанкур и веќе е во преговори со неговите агенти. Клубот од Торино е подготвен да го продадат играчот. Ова го објави новинарот Николо Скира на Твитер. 24-годишниот Бентанкур се пресели во Јувентус во 2017 година од аргентинската Бока Јуниорс за 15,7 милиони евра. Оваа сезона Уругваецот имаше две асистенции на 19 натпревари во италијанската Серија А. Има и пет натпревари во групната фаза од Лигата на шампионите и една асистенција. Договорот на Бентанкур со Јувентус истекува во 2024 година, а Трансфермаркт ја проценува пазарната вредност на…
Играчот од средниот ред на Арсенал, Гранит Џака нема да го напушти англискиот тим во преостанатите денови од зимскиот преоден рок. Ова го објави новинарот Фабрицио Романо на Твитер . Тренерот на Рома, Жозе Мурињо е голем љубител на играта на швајцарскиот играч за врска и сакаше Џака да му се приклучи на неговиот тим во летото 2021 година. Сепак, клубовите во моментов не се во преговори за реализирање на ваков трансфер. Џака (29) му се приклучи на лондонскиот клуб во летото 2016 година. Играчот од средниот ред имаше една асистенција на 10 натпревари во Премиер лигата оваа сезона. Договорот…
Арсенал се обидува да привлече напаѓач пред затворањето на преодниот рок, но тоа се покажува како тешка задача. Лондончани бараат замена за Пјер-Емерик Обамејанг, но во исто време се обидуваат да се разделат со него – нешто што исто така е нејасно дали ќе можат да го сторат до понеделник. Нивната главна цел беше напаѓачот на Фиорентина, Душан Влаховиќ, но тој одбра да се пресели во Јувентус. По овој неуспех, Арсенал сега мора да се насочи кон некој друг напаѓач. Обидот на Арсенал да го ангажира играчот на Реал Сосиедад, Александар Исак, исто така наиде на проблем, бидејќи Шпанците им…
Ливерпул е блиску до привлекување на крилниот напаѓач на Порто Луис Дијаз. Колумбискиот репрезентативец моментално се наоѓа во Аргентина, каде што е следниот натпревар на Колумбија во квалификациите за Светското првенство. Поради оваа причина од Ливерпул испратиле делегација да ги изврши неговите лекарски прегледи таму. Фактот дека Дијаз е во Јужна Америка му создава логистички проблеми на Ливерпул, кој треба да се справи со нив до затворање на преодниот рок во понеделник. „Црвените“ планираа да го привлечат 25-годишниот фудбалер во текот на летото, но сфатија дека доколку не реагираат сега, на крајот од сезоната тој ќе замине во друг клуб.…
Милан може да го ангажира Дејан Кулушевски од Јувентус на позајмица до крајот на сезоната, пренесуваат дел од италијанските медиуми. Швеѓанецот со потекло од Македонија го бара Евертон, но тој одби да им се приклучи на „Карамелите“, одбивајќи други понуди од странство бидејќи сака да продолжи да игра во Италија. Јувентус пред една година го привлече Кулушевски од Аталанта за 35 милиони евра. 21-годишниот фудбалер покажа дека има потенцијал, но очигледно во Торино не гледаат голема иднина пред него. https://twitter.com/MilanEye/status/1486725571203649536?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1486725571203649536%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fsportal.bg%2Fnews-2022012717534023251 Сезонава офанзивниот играч за врска настапи на 27 натпревари, иако во повеќето влезе како резерва успеа да постигне 2 гола…
Њукасл ја зголеми понудата за играчот од средниот ред на Олимпик Лион, Бруно Гимараеш, тврди „Л‘Екип“. Веќе вчера англиските медиуми објавија дека двата клуба се договориле за зделка вредна 40 милиони евра. Меѓутоа, Лион потоа излезе со официјално соопштение во кое ги демантираше овие информации. Денес, сепак, договорот изгледа е повторно блиску до официјализирање, откако Њукасл додадоа уште два милиони за зголемување на понудата, плус потенцијални дополнителни 10 милиони во вид на бонуси. Очекувањата се дека овој пат Олимпик Лион ќе ја прифати понудата и Бразилецот ќе стане третото ново засилување на Њукасл оваа зима по Трипер и Вуд.
