Author: riste

Фудбалерот од средниот ред на Баерн, Кингсли Коман најави желба во иднина да го запише своето име во историјата на клубот. „Мојот идол беше Роналдињо. Токму поради него сакав да играм фудбал. Но, Рибери е легенда и играч на кој гледам. Сакам да работам напорно за да го достигнам неговото ниво и достигнувања. Сакам да станам и легенда на Баерн. Но, јас сум Кингсли Коман, а не следниот Рибери“, рече Коман во интервју за „Sport1.de“. Да потсетиме дека Коман се пресели во Баерн од Јувентус во 2017 година за 17 милиони евра. Оваа сезона Кингсли Комен учествуваше на 11 натпревари…

Read More

Тотенхем следното лето ќе понуди 70 милиони фунти за напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен. Тотенхем и нивниот ривал од Лондон, Арсенал беа поврзувани со Нигериецот минатиот месец, но тогаш Наполи ги отфрлија сите понуди за нивниот голгетер. Антонио Конте секако сака да привлече уште еден напаѓач во својот тим и се фокусираше на 23-годишниот Виктор Осимен. Оваа сезона Осимен има девет гола и две асистенции на 16 натпревари за Наполи во сите натпреварувања. Сепак, поранешниот играч на Волфсбург и Лил пропушти многу натпревари поради повреда, а коронавирусот го спречи да игра за националниот тим на Африканскиот куп на нации.

Read More

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Џеси Лингард го демантираше менаџерот Ралф Рангник, кој вчера прокоментира дека играчот побарал неколку дена одмор за психички да се одмори. Се претпоставува дека тоа се должи на фактот што во последниот преоден рок на фудбалерот не му беше дозволено да замине од клубот. „Претпоставувам дека во понеделник ќе се врати на тренинзите и ќе биде дел од тимот“, изјави германскиот тренер. Меѓутоа, на својот Твитер профил, неколку часа подоцна, Лингард го напиша следново: „Клубот ме советуваше да одморам малку од лични причини! Но, мојата глава е чиста и секогаш ќе бидам професионалец кога ќе бидам…

Read More

Привлекувањето на Кристијан Ериксен со слободен трансфер се покажа како одличен потег на Брентфорд. Клубот се пофали со рекордна продажба на дресови со името на Данецот само неколку дена по објавувањето на трансферот. Како што е познато, Брентфорд реши да му дадат шанса на Ериксен да се врати на теренот, откако беше на работ на смртта на мечот меѓу Данска и Финска на ЕП 2020, откако доби срцев удар. По овој инцидент се очекуваше играчот од средниот ред да престане да игра фудбал, но тој самиот одлучи дека е подготвен да се врати на теренот, а Брентфорд му ја исполни…

Read More

Ракометарите на Вардар денес го играат првиот натпревар во новата сезона од регионалната СЕХА лига. На домашен терен ќе го пречкаат тимот на Нексе од Нашице, а последниот дуел меѓу овие два тима заврши во полза на хрватскиот тим. Екипата предводена од Бранко Тамше тогаш славеше на домашниот натпревар во март минатата година, а сега ќе се обиде да го изненади Вардар во СЦ „Јане Сандански“. На клупата на Вардар ќе дебитира Давид Дејвис откако се врати во клубот и го замени Веселин Вујовиќ, кој си замина поради лошите резултати во тековната сезона. „Црвено-црните“ се надеваат дека ќе го поправат впечатокот…

Read More

33-годишниот полски напаѓач на Баерн Минхен Роберт Левандовски го изрази своето мислење за шансите на неговиот тим да победи во актуелната Лига на шампиони. „Баерн секогаш сака да ги освои сите трофеи. Гледајќи како играме денес и каков е нашиот состав, ние сме еден од големите фаворити за Лигата на шампионите. Но, најважно е здравјето на играчите во најважните недели од сезоната. Исто така, треба правилно да го пресметате времето за да го достигнете врвот на физичката форма во вистинско време“, изјави Роберт Левандовски. Да потсетиме дека Баерн Минхен во 1/8 финалето од Лигата на шампионите оваа сезона ќе се…

Read More

Откако помина јануарскиот преоден рок, Барселона сега има нов приоритет. Моментално најважна цел на Каталонците е да го врзат нивниот голем талент Гави со нов договор, пренесува „Спорт“. 17-годишниот играч од средниот ред има договор со Барса до летото 2023 година, но клубот сака да го врзи долгорочно. Стана клучен играч на „Камп Ноу“, редовно играјќи со Роналд Куман, а сега и со Чави и стигна до националниот тим. Покрај тоа, клубот смета дека тој заслужува сериозно зголемување на платата која моментално е само 100 илјади евра годишно, а сака и да ја подигне откупната клаузула која изнесува 50 милиони…

Read More

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, ги сподели своите очекувања за иднината на европскиот фудбал во годишниот извештај на организацијата насловен „Европскиот клупски фудбалски пејсаж“. „Една од лекциите од последните две години е дека само со покажување солидарност и заедничка работа европскиот фудбал може да ги надмине егзистенцијалните предизвици како пандемијата. Оваа лекција се научи и од таканаречениот проект „Супер лига“. Себичните постапки на неколку пклубови беа спречени со единството на европскиот фудбал – навивачи, клубови, играчи и национални асоцијации. Овој извештај содржи отрезнувачки детали за постпандемиските предизвици кои се пред нас, но исто така ја илустрира неверојатната издржливост на европскиот…

Read More

Англискиот Лидс Јунајтед планира да го задржи напаѓачот Рафиња во својот тим . Од оваа екипа се подготвени да го направат Бразилецот најплатен играч во тимот, објави „ЕСПН“. Според изворот, од Лидс се уверени дека играчот ќе го продолжи договорот со клубот. Во блиска иднина ќе биде најавено продолжување на договорот. Рафиња (25) е во Лидс Јунајтед од октомври 2020 година, откако се пресели од француски Рен за 18,6 милиони евра. Рафиња оваа сезона на 19 натпревари во Премиер лигата постигна осум гола и имаше две асистенции. Договорот на бразилскиот фудбалер истекува во 2024 година, а Трансфермаркт го проценува Рафиња…

Read More

Тренерот на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман не е загрижен за иднината на ѕвездата на Баерн Минхен, Томас Милер, иако напаѓачот и светски шампион со репрезентацијата на Германија наскоро ќе влезе во последната година од договорот. „Разговорите за нов договор не се итни, затоа нема да ги започнеме денес или утре. Томас Милер игра на секој натпревар, тој е стартер и многу одговорен човек. Тој е лице на Баерн долго време и е почитуван во Минхен, јас би бил среќен доколку остане тука долго време“, изјави Нагелсман. Томас Милер има 32 години и има договор со Баерн до летото 2023 година.

Read More