Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Пол Погба конечно е подготвен да се врати на терените, откако ги пропушти последните три месеци поради повреда на бутот. Французинот не настапи за својот тим на мечот со Аталанта на 2 ноември, откако заработи повреда за време на ангажманите со репрезентацијата. Сепак, 28-годишниот играч од средниот ред ќе биде во групата на играчи за утрешниот натпревар против Мидлзброу од ФА Купот и можеби ќе започне дури и како стартер. „Пол Погба ќе биде во групата и можеби ќе започне. Едисон Кавани ќе се врати викендот и ќе добие неколку дена пауза Ерик…
Author: riste
Македонската олимписка делегација се соочува со проблеми пред отворањето на Зимските олимписки игри во Пекинг. Информациите од Мекинг велат дека тренерот Борче Јованоски е позитивен на коронавирус и сè уште не се знае дали ќе биде во можност да им помогне на скијачите, а има и промена во тоа кој ќе го носи нашето знаме на свеченото отварање на игрите во Пекинг. Единствен носител на македонското знаме на отварањето на игрите ќе биде Дардан Дехари. Ана Цветановска (која на сите ковид тестови е негативна) поради близок контакт со својот тренер Борче Јованоски, нема да може да го носи македонското знаме.…
Напаѓачот на Барселона, Осман Дембеле одбил да го раскине договорот со клубот, објави „Марка“. Според изворот, Французинот не сакал со меѓусебен договор да го раскине договорот со Каталонците. Доколку Дембеле се согласеше, ќе станеше слободен играч и Каталонците ќе треба да му исплатат дел од платата додека играчот не најде нов клуб. Претходно се дозна дека доколку Дембеле одбие да го раскине договорот со Барселона, клубот ќе може да го направи тоа еднострано. Каталонците до 30 јуни ќе треба да му ја исплатат целата плата на Французинот. Да потсетиме дека договорот на Осман Дембеле истекува следното лето. Барселона во јануарскиот…
Ѕвездата на Милан, Златан Ибрахимовиќ е под знак прашање за настап на саботното градско дерби со Интер, објавија италијанските медиуми. Како што е познато, за време на пресметката со Јувентус (0:0), 40-годишниот напаѓач се здоби со воспаление на ахиловата тетива на десната нога и беше принудно заменет. Подоцнежните лекарски прегледи покажаа дека не се работи за повреда, но ветеранот се уште чувствува болка на истото место и затоа моментално тренира индивидуално. Според „Газета Дело Спорт“, засега веројатноста Ибрахимовиќ да стартува во дербито е 50:50, а тоа ќе се случи само доколку дотогаш целосно се надмине проблемот. Така тимот во последен…
Њукасл и Јувентус се клубовите кои потрошиле најмногу пари за влезни трансфери во јануари, според проценките на Трансфермаркт. Од Њукасл потрошиле повеќе од 100 милиони евра за нови играчи оваа зима, а точната бројка е 102,1 милиони. Њукасл доби неколку нови играчи – Бруно Гимараеш, Киран Трипие, Ден Бирн, Мет Таргет и Крис Вуд. Јувентус е втор со 97,7 милиони евра. „Старата дама“ го направи и најголемиот трансфер оваа зима, плаќајќи 80 милиони евра (вклучувајќи бонуси) на Фиорентина за српскиот напаѓач Душан Влаховиќ. Клубот од Торино го купи и швајцарскиот играч за врска Денис Закарија, чиј договор со Борусија (Менхенгладбах)…
Рафаел Надал е победник на годинешниот турнир Австралија опен и со тоа го наследи тронот на Новак Ѓоковиќ. Шпанскиот тенисер во финалето беше подобар од Данил Медведев од Русија (2:6, 6:7, 6:4, 6:4, 7:5). Мечот траеше над пет часа и сигурно ќе остане запаметен како еден од најдобрите во историјата на турнирот кој се игра на „Род Лејвер Арена“. Мечот започна со доминација на Медведев кој ги доби првите два сета и кога сите очекуваа дека лесно ќе стигне до победа во овој дуел, дојде одговорот од Рафаел надал кој во два сета со по 6:4 успеа да го израмни резултатот на…
43-годишниот Френк Лампард денеска ќе потпише договор со Евертон, објави новинарот Фабрицио Романо на својата страница на Твитер . Претходно се дозна дека Евертон постигнал договор со тренерот за негово назначување на менаџерската позиција во оваа екипа. Во моментов вршител на должноста тренер на англискиот клуб е Данкан Фергусон. Да потсетиме дека Френк Лампард е без работа од јануари 2021 година, кога доби отказ од Челзи. Поранешниот фудбалер на Челзи ја започна својата тренерска кариера во Чемпионшип лигата со Дерби Каунти. Неговиот учинок вклучува признание за тренер на месецот во англиската Премиер лига (октомври 2019 година).
Напаѓачот на Порто, Луис Дијаз му се приклучи на Ливерпул, објави официјалниот сајт на клубот од „Енфилд“. Претходно беше објавено дека Ливерпул направил значителен попуст на играчот во процесот на преговори. Првично, Порто сакаше да заработи 111 милиони евра за својот играч.Како резултат на тоа, двете страни се договорија за сума од 67 милиони евра. Договорот на Дијаз со Ливерпул е на пет години. https://twitter.com/LFC/status/1487756795544223746?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1487756795544223746%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.championat.com%2Ffootball%2Fnews-4592225-liverpul-obyavil-o-transfere-napadayuschego-portu-luisa-diasa.html Дијаз беше во Порто од 2019 година. 25-годишниот колумбиски напаѓач сезонава одигра 18 првенствени натпревари, постигна 14 гола и 4 асистенции. Од 2018 година Дијаз е повикан во репрезентацијата на Колумбија. Ливерпул на 22 натпревари…
Швеѓанецот Џим Готфридсон е прогласен за МВП на Европското првенство кое се одржува во Унгарија и Словачка и завршува денес. Пред финалето беше објавен и најдобриот тим на шампионатот. Во него покрај шведскиот организатор на играта има место уште и за Милош Вујовиќ, Алеиш Гомез, Јоханес Гола, Лук Стеинс, Микел Хансен, Матиас Гидсел, Виктор Халгримасон и Оскар Бергендал. Првенството завршува денес со мечот за брзонен медал меѓу Данска и Франција (од 15.30 часот) и големото финале во кое ќе се сретнат Шпанија и Шведска со почеток од 18.00 часот.
Офанзивниот играч за врска на Баер (Леверкузен) Надим Амири до крајот на сезоната ќе игра како позајмен Баер Леверкузен во Џенова, објави италијанскиот клуб на својата официјална веб-страница. Договорот има и задолжителна клаузула за купување што подлежи на одредени услови. 25-годишниот фудбалер, кој има пет натпревари за германската репрезентација, ќе го носи дресот со број 8 во Џенова. Оваа сезона Надим Амири има 20 натпревари во сите натпреварувања за Леверкузен, на кои постигна 2 гола и 2 асистенции.
