Челзи сака да го продолжи договорот со играчот од средниот ред Мејсон Маунт, објави новинарот Николо Скира на својот Твитер профил. Во наредните недели лондонскиот клуб ќе разговара со играчот за продолжување на договорот. Актуелниот договор на Маунт со сините истекува во 2024 година. Челзи е подготвен да му понуди долгорочен договор на играчот од средниот ред и планира да му ја зголеми платата. Маунт потекнува од фудбалската школа на Челзи. Во сениорскиот тим е од 2019 година. Мејсон Маунт оваа сезона има 21 настап во Премиер лигата, постигнувајќи 7 гола и 6 асистенции.
Author: riste
Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп изјави дека напаѓачот Мохамед Салах би можел да учествува на натпреварот од англиската Премиер лига против Лестер Сити на 10 февруари. „Мо се врати, веќе разговарав со него. Тој, секако, е многу разочаран, но со нетрпение ги очекува натпреварите на Ливерпул. Првото нешто што ми рече беше: „Подготвен сум“. Тој е искусен фудбалер, неверојатно физички подготвен. Сега тој ќе има сесија за опоравување и ќе видиме како ќе се чувствува утре. Садио Мане по можност ќе лета за Ливерпул на 9 февруари во вечерните часови. Секако дека ќе ја пропушти средбата со Лестер. Она што…
Четири од најголемите клубови во Европа ја следат ситуацијата околу една од ѕвездите на Баерн (Минхен) Серж Гнабри. Вчера се појави информација дека крилниот напаѓач и Баварците не се многу блиску до договор за продолжување на договорот на играчот со германскиот гигант. Договорот на Гнабри со Баерн истекува во летото 2023 година. Според информациите кои доаѓаат од Германија, Реал Мадрид, Барселона, Ливерпул и Манчестер Јунајтед ја следат ситуацијата, но се очекува Гнабри да остане на „Алијанц Арената“. Фудбалерот сака иста плата како Кингсли Коман и Лерој Сане, кои можат да се пофалат со бруто плата од 15 милиони евра, без…
Тренерот на Челзи, Томас Тухел, е позитивен на коронавирусот, соопшти прес-службата на лондонскиот клуб. 48-годишниот тренер отиде во карантин. Се очекува тој повторно да се приклучи на тимот најрано до крајот на следната недела. Претходно се дозна дека играчот од средниот ред Кристијан Пулишиќ, кој се врати од репрезентацијата на САД на крајот на оваа недела исто така нема да биде во тимот, а стручниот штаб на Челзи одлучи да му даде неколку дена одмор. Напаѓачот и помогна на својата репрезентација да го победи Хондурас со 3-0 во квалификациите за Светското првенство, постигнувајќи еден гол. Германскиот специјалист ги предводеше лондончани…
Германката Клаудија Пехштајн стана највозрасната жена која некогаш настапила на едни Зимски олимписки игри. 49-годишната натпреварувачка во брзо лизгање се појави во трката на 3.000 метри во Пекинг, со што стана само вториот спортист, а првата жена, која осум пати се натпреварувала на Зимски Олимписки Игри. Пехштајн, која освои девет олимписки медали во кариерата, се изедначи со јапонскиот ски-скокач Нориаки Касаи по бројот на настапи на Зимските олимписки игри. Интересно е тоа што Клаудија Пехштајн ќе наполни педесет години два дена по завршувањето на ЗОИ во Пекинг, денешната трка ја заврши за 4:17.16 минути, што е речиси 20 секунди побавно…
Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема, ќе го пропушти натпреварот од 23. коло во шампионатот на Шпанија против Гранада. Французинот не се опорави целосно од повредата и покрај тоа што ден претходно делумно тренираше со останатиот дел од екипата, но го пропушти денешниот тренинг. Да потсетиме дека во 22. коло од шпанската лига, Реал Мадрид му гостуваше на Елче. Екипите одиграа нерешено – 2:2. На оваа средба Бензема не успеа да реализира пенал. И тој се повреди и го напушти теренот во 58. минута. Реал Мадрид има 50 бода од 22 натпревари и е на првото место на табелата во…
Тереса Јохауг беше најбрза на трката на 15 километри во крос-кантри во Пекинг и го освои првиот златен медал на Зимските Олимписки игри. Норвешката скијачка доминираше во текот на целата трка и заврши со време од 44.13 минути. Голема беше битката за среброто и бронзата, а во фото-финиш до второто место стигна Наталија Неприаева од Русија, додека третото место ѝ припадна на Тереса Стадлобер од Австрија со заостанување од само 0,3 секунди. Во оваа дисциплина требаше да настапи и македонската олимпијка Ана Цветановска, но за жал организаторите го ограничија бројот на учеснички поради ковид-пандемијата.
Македонските олимпијци се подготвуваат за своите настапи на Зимските олимписки игри во Пекинг, кои вчера и официјално беа отворени. Крос-кантри натпреварувачите Ставре Јада и Ана Цветановска ја почувствуаа подлогата на главната патека во нордијските дисциплини и тоа маскирани во црвено-жолта боја. Ана Цветановска денес требаше да го има и своето деби, но не доби шанса да се натпреварува на 7,5+7,5 километри – скијатлон, па така првиот настап ќе го има на десети овој месец на 10 километрои-класично, трката е закажана со почеток во 08:00 часот по македонско време. Ставре Јада ќе учествува во квалификации за спринт слободно на 1,5 км и 50…
Норвешка беше најбрза на биатлонската трка во мешаната штафета на Олимписките игри во Пекинг и се закити со златниот медал по големата битка со Франција и Русија. Со време од 1 час .6 минути и 45,6 секунди Норвешка се израдуваа на победата и златниот медал. Трката помина со многу пресврти во самиот тек , бидејќи се работеше за трка од четири пати по 6 км. и четири промени во тимовите. Франција, Русија и Норвешка сепак беа водечки и се менуваа на врвот. Последната норвешка измена, Јоханес Тингес Бо скијаше неверојатно во последните 1.000 метри и од третото место изби прв,…
Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Осман Дембеле ќе може да игра во натпреварот од 23. коло на шампионатот на Шпанија со Атлетико Мадрид, соопшти „АС“. Главниот тренер на клубот Чави го убеди претседателот Жоан Лапорта во потребата да го искористи играчот. Претходно Французинот не сакаше да се согласи на продолжување на договорот и на меѓусебна спогодба за раскин на договорот со Каталонците. Доколку Дембеле се согласеше на ова, ќе станеше слободен играч, а Каталонците ќе требаше да му исплатат дел од платата додека играчот не најде нов клуб. Да потсетиме дека договорот на Осман Дембеле истекува следното лето. Барселона…
