Author: riste

Потпретседателката на Вест Хем, Карен Брејди зборуваше за скандалот со дефанзивецот Курт Зума. „Да бидам јасен – нема оправдување за постапките на Курт Зума. Јас, како и сите други кои го гледаа видеото што беше објавено оваа недела, бев шокиран од она што го видов. Ставот на клубот по ова прашање беше јасен уште од самиот почеток. Безрезервно ги осудуваме неговите постапки и никогаш нема да оправдаме каква било форма на суровост кон животните. Постапивме што е можно побрзо и го казнивме колку што е можно повеќе“, изјави Брејди за „Дејли Меил“. На 7 февруари се појави видео како 27-годишниот…

Read More

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп проговори за можното учество на напаѓачот Садио Мане во натпреварот од 24. коло на шампионатот на Англија со Барнли. „Претпоставувам дека Мане ќе има целосен тренинг, а потоа ќе донесеме одлука, прво да видиме како ќе се чувствува“, изјав Клоп пред мечот со Барнли. 29-годишниот Садио Мане оваа сезона на 20 натпревари во Премиер лигата постигна осум гола и даде една асистенција. Тој исто така постигна два гола на шест натпревари во групната фаза од Лигата на шампионите. Претходно Мане со репрезентацијата на Сенегал го освои Африканскиот куп на нации. Барнли – Ливерпул е натпревар…

Read More

Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш проговори за своите цели во англискиот тим. „Многу сум задоволен од времето поминато во клубот. Отсекогаш сум велел дека е кошмар да не се освои титула за овој клуб, затоа што навистина го посакувам тоа. Сакам да го сторам тоа за себе, но и затоа што мислам дека клубот го заслужува тоа, навивачите го заслужуваат тоа – и таков клуб не треба да биде толку долго без трофеи. Пред две недели имавме две шанси да освоиме трофеј, а сега има само една шанса. Мора да се бориме за ова и да…

Read More

Фудбалерот од средниот ред на Милан, Исмаел Бенасер наскоро ќе го продолжи договорот со италијанскиот клуб, објави новинарот Николо Схира на својот Твитер. Новиот договор ќе важи до 2026 година. Според него, алжирскиот фудбалер ќе заработува 3,2 милиони евра годишно, односно двојно повеќе од сега. Откупната клаузула од 50 милиони евра ќе биде отстранета од договорот Претходниот договор со Бенасер истекуваше во 2024 година. Бенасер (24) му се приклучи на Милан од Емполи во 2019 година за 16 милиони евра. Играчот од средниот ред одигра 20 натпревари во Серија А оваа сезона, постигнувајќи еден гол и асистенција. Милан по 24…

Read More

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Единсон Кавани ќе го напушти клубот ова лето со слободен трансфер, соопшти инсајдерот Фабрицио Романо. „Црвените ѓаволи“ нема да му понудат нов договор на 34-годишниот фудбалер. Кавани сака да се испроба во Ла Лига, каде што се уште не играл. Агентите на Уругваецот ќе се обидат да му најдат клуб во Шпанија. Но, Кавани нема да ја донесе конечната одлука сега, туку во наредните месеци. Единсон Кавани нема намера да се пресели во Ривер Плата во Аргентина. Претходно беше објавено за интерес од овој клуб. Да потсетиме дека Кавани се пресели во Манчестер Јунајтед во октомври…

Read More

Тренерот на Пари Сен Жермен, Маурисио Покетино го објави составот на тимот за натпреварот со Рен кој ќе се одигра вечерва. Мечот ќе го пропуштат напаѓачот Нејмар и дефанзивецот Серхио Рамос. Двајцата до неодамна се опоравуваа од повредите, но очигледно се уште не се целосно подготвени. Рамос продолжува да работи на програма за опоравување. Нејмар од вчера тренира со главниот тим. Покетино се надева дека ќе биде подготвен за осминафиналето од Лигата на шампионите во вторник против Реал Мадрид. Тренерот изјави дека доколку Бразилецот е подготвен ќе биде стартер на натпреварот против шпанскиот гигант.

Read More

Манчестер Јунајтед продолжува да му плаќа на напаѓачот Мејсон Гринвуд и покрај наводите за насилство, пишува „Дејли Меил“. Според изворот, играчот сепак добива плата од 75.000 фунти (нешто повеќе од 89.000 евра) неделно. Од друга страна компанијата „Најк“, која го спонзорира спортистот, го раскина договорот со Гринвуд без да му плати компензација. Ова се должи на штетата што фудбалерот ја нанел на угледот на компанијата. Да потсетиме дека 20-годишниот играч доби обвиненија за насилство. Ова го соопшти девојката на фудбалерот Хариет Робсон. Манчестер Јунајтед го суспендираше Гринвуд од натпревари и тренинзи поради обвинувањата против него, а полицијата го уапси. Фудбалерот…

Read More

Од петокот се укинуваат дел од итните антивирусни мерки кои во декември беа воведени во Премиер лигата поради бранот заразени со Омикрон. Вака одлучија клубовите од Премиер Лигата на денешниот состанок. Од утре веќе не е задолжително носење маски во затворени простории, се намалува временскиот рок за процедури за опоравување, а задолжителното тестирање на играчите и вработените се намалува на два пати неделно, кое стапува на сила од понеделник. Премиерлигата во официјалното соопштение најави дека редовно ќе се разгледуваат и останатите вонредни мерки, а ставот е дека сите ќе бидат укинати на крајот на месецот. https://twitter.com/premierleague/status/1491796970175823880?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1491796970175823880%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fsportal.bg%2Fnews-2022021017021824797 Премиерот на Обединетото Кралство…

Read More

РК Еурофарм Пелистер и официјално го потврди ангажирањето на словенечкиот интернационалец Урбан Лесјак кој ќе ја засили голманската позиција на тимот од Битола. „Ни причинува особено задоволство да ги информираме сите наши приврзаници и навивачи за уште едно бундеслигашко засилување во нашите редови. РК Еурофарм Пелистер постигна договор со словенечкиот интернационалец Урбан Лесјак. Искусниот 31-годишен голман од следната сезона ќе го брани голот на нашиот клуб, откако веќе го потпиша двегодишниот договор. Лесјак од 2018 година ги брани боите на Хановер, а својата играчка кариера ја започна во Целје Пивоварна Лашко, клуб за кој настапуваше од 2010 до 2018 година.…

Read More

Раководството на Борусија Дортмунд речиси се договори за трансферот на напаѓачот на  РБ Салцбург, Карим Адејеми. Ова го пренесува инсајдерот Фабрицио Романо на својот „Твитер“ профил. Според изворот, преговорите за потпишување на договор со напаѓачот траат од ноември. Клубот е уверен дека ќе постигне целосен договор со Салцбург во наредните недели. Адејеми е главната цел на Борусија по потпишувањето на договорот со Никлас Зуле. Претходно беше објавено дека Барселона понудила 40 милиони евра за напаѓачот на австрискиот клуб, а Борусија пак е подготвена да плати 35 милиони евра плус бонуси за Адејеми и сака да му понуди 5 милиони евра…

Read More