Author: riste

Екипите на Интер и Ливерпул вечерва ќе се соочат во првиот меѓусебен натпревар од 1/8 финалето од Лигата на шампионите. Ова е една од најинтересните пресметки од оваа фаза, а од дербито очекуваме да видиме два спектакуларни натпревари меѓу екипи кои сакаат атрактивен фудбал. Првиот дел од битката е вечерва на „Џузепе Меаца“ во Милано, каде секој од двата тима ќе сака да постигне позитивен резултат кој ќе му даде предност пред реваншот. Иако е еден од најуспешните клубови во Лигата на шампионите со три трофеи во својата историја, Интер во последните години е во сенка на другите екипи. Сега,…

Read More

Се чини дека Барселона не се откажа од потрагата по играчот од средниот ред на Милан, Франк Кеси, како што неодамна беше објавено. Каталонците продолжуваат да имаат интерес за 25-годишниот фудбалер и дури стапиле во контакт со неговиот агент за да започнат разговори за негов можен трансфер на „Камп Ноу“ на лето, пишува новинарот Фабрицио Романо. Договорот на Кеси со Милан е до крајот на сезоната, по што станува слободен играч. Тој веќе може да потпише преддоговор со друг клуб, кој ќе стапи на сила на лето. Романо тврди дека Барселона се во контакт со играчот од декември, а сега…

Read More

Голманот на Манчестер Јунајтед, Давид де Геа успеа да ја сочува својата мрежа на заостанатиот натпревар од 18. коло од англиската Премиер лига со Брајтон кој го добија со 2:0. Како што беше објавено по натпреварот, со ова Шпанецот го повтори рекордот на „црвените ѓаволи“ по бројот на чисти мрежи. Давид Де Геа е изедначен на првото место со данскиот голман Петер Шмајхел, кој играше за клубот од Манчестер од 1991 до 1999 година, двајцата во нивните настапи за Манчестер Јунајтед имаат 128 натпревари без да примат гол. Давид де Геа игра за Манчестер Јунајтед од 2011 година. Голманот оваа…

Read More

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо постигна гол на натпреварот од одложеното 18. коло од англиската Премиер лига со Брајтон (2:0). Според ова , Португалецот постигнал најмалку еден гол во 21 календарска година. Серијата на Кристијано Роналдо започна од 2002 година. Во тој момент напаѓачот настапуваше за португалскиот Спортинг. Интересно е тоа што благодарение на голот против Брајтон, Роналдо ја прекина серијата без голови од шест натпревари. Покрај тоа, ова е прв гол за Кристијано Роналдо во 2022 година. Во актуелната сезона на англиската Премиер лига, Португалецот има одиграно 21 натпревар, постигнато девет гола и три асистенции.

Read More

Францускиот скијач Клеман Ноел стигна до златниот медал во слалом на Зимските олимписки игри во Пекинг 2022 година. Французинот иако беше шести по првата трка, со одлична втора трка успеа да ја престигне конкуренцијата и да дојде до златниот медал. Ноел трката ја заврши со вкупно време 1:44.09 минута, што беше со огромна предност од 61 стотинка во однос на сребрениот Јоханес Штролц кој стигна до вториот медал на игрите по златото во комбинацијата. Бронзениот медал му припадна на Норвежанецот, Себастијан Фос-Солеваг кој доцнеше 70 стотинки зад победникот. До крајот на ЗОИ остануваат уште две дисциплини во алпско скијање. Кај…

Read More

Селекторот на Кошаркарската репрезентација на Македонија, Драган Бајиќ го објави списокот на играчи на кои ќе смета во февруарскиот циклус од квалификациите за пласман на Светското првенство во 2023. Во вториот дел од квалификациите, нашата машка сениорска репрезентација ќе одигра два натпревари. На 24 февруари, во Тбилиси, ќе гостуваме кај селекцијата на Грузија, а три дена подоцна, на 27 февруари, во рамките од 4 коло од квалификациските натпревари во групата Г, во Скопје Македонија ќе биде домаќин на Грузија. Поширокиот список на Бајиќ: Бојан Крстевски (МЗТ Скопје Аеродром) Кристијан Николов (МЗТ Скопје Аеродром) Дамјан Робев (МЗТ Скопје Аеродром) Адем Мекиќ…

Read More

Ракометарите на Вардар утре гостуваат во Монпелје, а тоа ќе биде  исклучително важен натпревар за Вардар, кој посакува пласман меѓу најдобрите шест екипи на табелата. Францускиот противник е лидер на табелата и ќе биде нова тешка пречка за избраниците на Давид Дејвис на европската сцена. „Играме против тежок противник кој игра одлично во Лигата на шампионите и домашниот шампионат во Франција. Ова ќе биде прв натпревар за нас по паузата и очекувам тешка средба. Ние мора да ја играме нашата игра, да веруваме во нас и ќе одиме на победа. Сакаме пласман меѓу најдобрите шест екипи на табелата. Што се однесува до…

Read More

Поранешниот играч за врска на Барселона, Андрес Иниеста изјави дека би сакал да се врати во каталонскиот клуб. Во моментов Шпанецот настапува како дел од јапонскиот клуб Висел Кобе. „Би сакал да се вратам во Барселона. Сè уште навистина уживам да сум во фудбалот и да размислувам за тоа. Ова е она што најмногу ме возбудува. Често сфаќам дека сакам да станам тренер или спортски директор. Сакам мојата иднина да биде поврзана со фудбалот“, изјави Иниеста. Иниеста игра за Висел Коби од 2018 година, приклучувајќи се на тимот како слободен играч. Целиот претходен дел од својата професионална кариера, фудбалерот го…

Read More

Репрезентативецот Мартин Велковски кој настапува зе екипата на Еурофарм Пелистер смета дека тимот драстично ја подобри формата за разлика од од првиот дуел против Ним кој го играа во Битола. „Мислам дека нè чека тежок натпревар, бидејќи Ним е квалитетна екипа и тоа го покажа низ Европската лига. Мислам дека ќе биде поразличен натпревар од оној во Битола. Тогаш ние влегувавме во форма, а тие беа во врвот на нивната игра. Сега мислам дека играат малку послабо. Детално ги анализираме, еве вчера играа натпревар од француската лига. Мислам дека постои шанса, бидејќи играме добро и сме се подобри и подобри и се…

Read More

Ракометарите на Еурофарм Пелистер утре ги очекува првиот предизвик во европската ракометна лига од продолжението на сезоната. Француски Ним е следен предизвик за избраниците на тренерот Жељко Бабиќ кој има проблеми со болни ракометари, сепак верува дека неговиот тим ќе биде многу подобар од оној кој загуби во Битола пред четири месеци. „Сигурно дека добродојдени беа натпревари кои ги игравме месецов. Еден од проблемите е што не бевме комплетни и не можевме да вежбаме што подготвивме. Сепак, во секој случај добро е што игравме и тоа ќе ни помогне против Ним. Тие се физички јака екипа, играат многу „еден на…

Read More