Ракометарите на Вардар ги очекува дуелот од 12. коло на Лигата на шампионите, во Скопје гостува ППД Загреб. Во Вардар секакод е4ка се сеќаваат на гостувањето во Загреб во декември кога беа поразени и сега со сигурност ќе сакаат да му се реваншираат на хрватскиот тим. Загрепчани се во добра форма со седум победи во низа од кои претпоследната со ПИК Сегед, но и Вардар влегува во добра серија по победата над Монпелје минатото коло и тоа на гостински терен. На прес-конференцијата пред натпреварот со ППД Загреб зборуваше тренерот Давид Дејвис Камара. Според него, одбраната повторно може да биде клучот за победа…
Author: riste
Голманот Борко Ристовски го продолжи договорот со македонскиот шампион Вардар за уште една сезона и ќе биде на голот на “црвено-црните” до 2023 година. Ристовски се врати пред две години во Вардар, од португалската Бенфика и донесе сигурност на голот на македонскиот шампион. Искусниот чувар на мрежата, продолжува да го носи дресот на Вардар откако претходно настапуваше во Франција, Германија и Шпанија во клубови како Барселона, Рајн Некар, Кретеј, Гумерсбах. На домашна сцена го чуваше голот на Македонија, Југ и Металург. Во моментов покрај Ристовски, актуелни договори со Вардар имаат Мартин Томовски и Васил Гогов, па македонското трио ќе биде…
Машката сениорска репрезентација на Македонија вечерва ги започнува мини-подготовките за претстојните квалификациски натпревари од Светскиот Куп во 2023 година. Селекторот Драган Бајиќ, за вечерва од 19:00 часот, го закажа првиот собир кој ќе биде реализиран во СЦ „Борис Трајковски“, каде и ќе го играме следниот натпревар од групата Г од февруарскиот ФИБА прозорец. Со оглед на краткото временско растојание, до одигрувањето на натпреварот од третото коло, закажан за 24 февруари во Тбилиси, против репрезентацијата на Грузија, сениорите ќе одработат уште еден тренинг, на 22 февруари (вторник) од 10:00 часот, исто така во големата сала во „Борис Трајковски“ во Скопје. Истиот…
Дефанзивецот на Севиља, Жил Кунде , кој е во сферата на интересите на Барселона и Челзи, одлучи да одбие преселба во шпанскиот клуб за да ја продолжи кариерата во англиската Премиер лига. 23-годишниот Жил Кунде се пресели во Севиља летото 2019 година од Бордо за 25 милиони евра. Сезонава на 20 натпревари од шпанското првенство дефанзивецот имаше една асистенција. Тој исто така постигна еден гол на три натпревари од Купот на Шпанија. Договорот на Кунде со Севиља истекува во 2024 година, а неговата пазарната вредност се проценува на 60 милиони евра.
Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Луис Суарез може да го промени тимот ова лето. За услугите на 35-годишниот уругвајски напаѓач се заинтересирани клубови од МЛС и Бразил, објавија медиумите во Шпанија. Според истите, од Атлетико Мадрид се подготвени да му понудат на играчот нов договор. Луис Суарез е во Атлетико Мадрид од 2020 година, откако се пресели од Барселона за 7 милиони евра. Оваа сезона уругвајскиот напаѓач постигна 11 гола и три асистенции на 33 натпревари во сите натпреварувања. Пазарната вредност на Суарез се проценува на 10 милиони евра. Неговиот договор со шпанскиот клуб истекува на крајот од сезоната.
Дефанзивецот на Барселона, Ерик Гарсија беше заменет на полувремето од 25. коло на шпанската Ла Лига со Валенсија (4:1). Фудбалерот ќе мора да направи фитнес тестови пред реванш натпреварот од 1/16 финалето од Лигата на Европа со Наполи, објави „Фудбал Еспања“. 21-годишниот Гарсија потекнува од школата на Барселона, но во периодот од 2017 до 2021 година, шпанскиот фудбалер играше како дел од англискиот Манчестер Сити, откако одигра 35 натпревари за тимот и имаше една асистенција, Гарсија минатото лето се врати во каталонскиот клуб со слободен трансфер, потпишувајќи договор до 2026 година. Гарсија нема постигнато гол на 23 натпревари во сите…
Во текот на изминатата ноќ, вниманието на кошаркарката јавност беше свртено кон „Мечот на ѕвездите“ кои се одржа во Кливленд. Тимот на Леброн триумфираше над составот на Дурент на „Ол-стар“ натпреварот, а оваа победа ја потврди токму Леброн Џејмс со кош во последните секунди за конечен резултат 163:160. Натпреварот ќе биде запаметен по тоа што беше неизвесен, но и по играта на Стеф Кари кој со 50 поени, од кој 16 тројки беше најдобриот на теренот. Токму Стеф Кари по натпреварот ја доби наградата за најкорисен играч (МВП) на мечот. Од останатите играчи, Никола Јокиќ имаше скромен учинок од 10…
Напаѓачот на Реал Мадрид, Герет Бејл ќе го напушти тимот на лето, објави добро познатиот инсајдер Николо Скира на својот Твитер. Според Скира, играчот одлучил да го напушти шпанскиот клуб како слободен играч. Интерес за велшкиот напаѓач веќе пројавуваат Премиерлигашки и МЛС клубови. Договорот на 32-годишниот Герет Бејл со шпанскиот клуб истекува на крајот од оваа сезона. Велшкиот напаѓач во актуелната сезона постигна еден гол на четири натпревари во шпанската Ла Лига. Претходно беше објавено дека играчот има намера да ја заврши кариерата во Тотенхем. Бејл играше за Тотенхем од 2007 до 2013 година, а исто така беше позајмен минатата…
Напаѓачот на Барселона, Мемфис Депај може да го напушти тимот во летниот преоден рок. Интер, Милан и Јувентус контактирале со претставници на холандскиот фудбалер, објави шпанскиот „Спорт“. Според изворот, клубовите биле заинтересирани за Депај во летниот преоден рок. Холанѓанецот би можел да го загуби местото во стартните 11 по купувањето на напаѓачите Феран Торес и Пјер-Емерик Обамејанг. Депај игра за Барселона од летото 2021 година, каде што се пресели со слободен трансфер од Лион. Депај оваа сезона настапи на 16 натпревари во Примера, постигнувајќи осум гола и две асистенции.
Напаѓачот на Барселона, Пјер-Емерик Обамејанг постигна хет-трик на натпреварот од 25. коло на шампионатот на Шпанија со Валенсија (4:1). Напаѓачот од Габон стана првиот играч во 21 век кој постигнал три гола на првенствени натпревари во Франција, Германија, Англија и Шпанија. Ова беше објавено веднаш по вчерашниот натпревар. Првично, 32-годишниот Обамејанг постигна два гола на натпреварот, но подоцна голот кој го постигна играчот од средниот ред Педри беше препишан на Обамејанг. Обамејанг и се приклучи на Барселона во зимскиот преоден рок како слободен играч. Претходно напаѓачот го раскина договорот со лондонскиот Арсенал за кој настапуваше од јануари 2018 година. Обамејанг…
