Во седиштето на УЕФА во Нион беше одржана ждрепката за осминафиналната фаза на Лигата на Европа. Во извлекувањето релативно лесно помина Црвена Звезда која го доби Глазгов Ренџерс. Среќата посака интересни пресметки меѓу Аталанта и Баер Леверкузен, Севиља против Вест Хем, додека Барселона игра против Галатасарај. Осминафинални парови во Лигата на Европа: Глазгов Ренџерс – Црвена Звезда Брага – Монако Порто – Лион Аталанта – Баер Леверкузен Севиља – Вест Хем Барселона – Галатасарај РБ Лајпциг – Спартак Москва Бетис – Ајнтрахт Франкфурт Воведните натпревари во осминафиналето се закажани за десетти март, додека реванш дуелите стандардно се на програмата седум…
Author: riste
Како што беше најавено изминатите неколку денови, Европската куќа на фудбалот (УЕФА) ја потврди одлуката на денешниот состанок во врска со промената на домаќинот на финалето на Лигата на шампионите. Русија поради воениот конфликт со Украина остана без можноста да биде организатор односно домаќин на финалниот натпревар, па така мечот за трофејот во најсилното клупско натпреварување во Европа наместо во Санкт Петербург на „Газпром Арена“ се сели во Париз на стадионот „Стад де Франс“. Иако се шпекулираше дека Англија би можела да биде нов домаќин, односно стадионот „Вембли“ и усште два лондонски стадиони, сепак финалето на Лигата на шампионите ќе се одигра во Франција.
Реал Мадрид му понуди нов 4-годишен договор на Марко Асенсио, но понудите за него од странство се поисплатливи од финансиска гледна точка, изјави еден од неговите агенти. Офанзивниот играч има договор за само уште една сезона. Сега Реал Мадрид му понуди плата од 4,5 милиони евра + 1,5 милиони во форма на бонуси. Ова е горе-долу иста понуда како сегашната плата на фудбалерот, но англиските клубови се подготвени да му дадат 7 милиони евра по сезона, вели неговиот претставник. Во Шпанија не ја исклучуваат можноста дека зборовите на менаџерот не соодветствуваат со вистината, а дека ова е обид да се…
Напаѓачот на Наполи, Дрис Мертенс го прокоментира поразот на неговиот тим во реваншот од 1/16-финалето на Лигата на Европа со Барселона. „Штета, бидејќи вечерва беше убава вечер, стадионот беше полн, имаше идеална атмосфера. Барселона одигра одличен натпревар, не бевме на нашето ниво, но не смееме да ги загубиме главите. Знам колку се силни нашите играчи и знам што можеме да постигнеме. Денес е тежок ден, но мора да спиеме добро, бидејќи во недела имаме уште еден важен натпревар – со Лацио во италијанското првенство“, изјави Мертенс за официјалната веб-страница на УЕФА.
Дефанзивецот на Барселона, Жорди Алба проговори по победата на каталонскиот тим во реваншот од 1/16-финалето на Лига Европа против Наполи (4:2). „Мислам дека имавме одличен натпревар. Ние сме во серија на добри игри и резултати. Како резултат на тоа, пропуштивме многу, но треба да ни е драго што отидовме понатаму, во следната фаза. Тоа беа одлични четири гола. И што е најважно, тие ни помогнаа да ја постигнеме нашата цел! Не смеете да ја изгубите вербата во себе. Ајде да играме вака и ќе дојдат одлични резултати“ изјави Алба за официјалниот сајт на УЕФА. Барселона денес ќе го добие противникот…
Арсенал повторно е заинтересиран за потписот на напаѓачот на Реал Сосиедад, Александар Исак, објави шпанскиот „sport.es“. Тренерот на Арсенал, Микел Артета сака да го види 22-годишниот шведски фудбалер во својот тим, тврди изворот. Лондонскиот клуб не беше во можност да го ангажира Исак во зимскиот преоден рок и тоа планира да го направи на лето. Договорот на напаѓачот со Реал Сосиедад вклучува ослободителна клаузула од 80 милиони евра, но Арсенал бара да ја намали цената. Исак оваа сезона на 29 натпревари во сите натпреварувања постигна осум гола и имаше две асистенции. Договорот на играчот истекува во 2026 година.
Дефанзивецот на Атлетико Мадрид, Ренан Лоди може да го напушти тимот во летниот преоден рок. Информации за бразилскиот фудбалер побара Јувентус. Ова го објави новинарот Никола Скира на Твитер. 23-годишниот Лоди му се приклучи на шпанскиот клуб во летото 2019 година, преминувајќи од Атлетико Паранаенсе за 20,6 милиони евра. Оваа сезона, дефанзивецот има една асистенција во 18 натпревари во шпанскиот шампионат. Тој има и две асистенции во седум натпревари од Лигата на шампионите. Договорот на Ренан Лоди со Атлетико истекува во 2025 година, а неговата пазарна цена изнесува околу 20 милиони евра.
Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе одбил уште една понуда за продолжување на договорот со францускиот клуб, објави „Марка“. Според изворот, последната понуда на ПСЖ не вклучувала зголемување на платата. Парижаните со иста плата му понудиле на Мбапе двегодишен договор. Покрај тоа, предложениот договор предвидува можност да се напушти ПСЖ по своја волја во секое време по Светското првенство во 2022 година. Претходно беше објавено дека 23-годишниот Мбапе, чиј договор со францускиот тим истекува на крајот од сезоната, на лето ќе потпише договор со Реал Мадрид со слободен трансфер. Во првиот натпревар од 1/8 финалето на Лигата на шампионите,…
Кошаркарската репрезентација на Македонија убедливо загуби на гостувањето кај Грузија во Тбилис. Конечниот резултат на оваа средба беше 91:70 и беше сосема очекува, ако се знае со какви проблеми се соочуваше нашата репрезентација пред овој натпревар. Подмладениот тим, без селекторот Бајиќ, предводен од Џејкоб Вајли, Дамјан Стојановски и Бојан Крстевски немаше сили да направи добар резултат на оваа средба. Грузија од почеток до крај беше таа која ја контролира играта и резултатот и уште по првите 20 минути покажаа дека нема да дозволат никакво изненадување (резултатот на полувреме беше 46:31). Грузија ја зголемуваше предноста и во вториот дел и дојде…
Фудбалските федерации на Полска, Шведска и Чешка со заедничко соопштение бараат промена на планираните натпревари во Русија од плејофот за СП во Катар 2022. На 24 март во Москва е закажан натпревар меѓу репрезентацијата на Русија и Полска, а истиот ден во Стокхолм, Швеѓаните ќе играат со Чешка. Доколку победат Русите, на 29 март ќе му гостуваат на победникот од другиот меч. Подобриот од овој дуел ќе се пласира во финалето во Катар. Полска, Шведска и Чешка изразија загриженост за безбедноста поради војната со Украина. Поради оваа причина тие ги повикаа ФИФА и УЕФА да понудат други опции за местото…
