Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Единсон Кавани размислуваше да го напушти клубот за време на зимскиот преоден рок, но уругвајскиот фудбалер реши да остане до крајот на сезоната откако разговараше со главниот тренер Ралф Рангник. Сепак како што стојата работите и покрај убедувањата од страна на Рангник, 35-годишниот Кавани ќе се одлучи да го напушти тимот во летото 2022 година кога ќе му истече договорот. Напаѓачот сака да испроба нови искуства и најверојатно кариерата ќе ја продолжи во шпанската Ла Лига. Кавани оваа сезона постигна два гола и имаше асистенција на 11 натпревари во Премиер лигата.
Author: riste
УЕФА на својата официјална веб-страница ги објави судиите кои се определени да судат на натпреварите од 1/8 финалето во Лигата на шампионите, кои ќе се одиграат во среда, на 16 февруари. За натпреварот помеѓу Интер и Ливерпул е одреден судиски тим од Полска. Главен судија е Шимон Марчињак. Натпреварот РБ Салцбург – Баерн ќе го суди англиски судиски тим предводен од Мајкл Оливер. Претходно беше јасно кои судии ќе бидат на центарот на натпреварите кои се ираат утре, вторник 15.февруари. Во Лисабон на мечот Спортинг – Манчестер ќе суди Срѓан Јовановиќ од Србија, додека мечот меѓу ПСЖ и Реал Мадрид…
Лондонски Челзи нема да може да го користи знакот на победниците на Светското клупско првенство на дресовите на играчите на натпреварите од англиската Премиер лига, објави „Сан“. Правилата на лигата забрануваат промена на изгледот на дресовите во текот на сезоната. Сепак, Челзи ќе може да ја користи оваа ознака на натпреварите од ФА Купот и Лига Купот доколку добие дозвола од ФА. Исто така, знакот на победниците на Светското клупско првенство ќе стои на дресовите на Челзи во натпреварите од Лигата на шампионите. Да потсетиме дека во финалето на Светското клупско првенство Челзи го победи бразилскиот Палмеирас (2:1) по продолженијата.…
Дефанзивецот на Јувентус, Матијс Де Лихт може да ја промени клупската средина во летниот преоден рок. За 22-годишниот Холанѓанец главни кандидати ќе бидат лондонски Челзи и каталонскиот тим Барселона, објави „Калчомеркато“. Според овој извор, Јувентус ќе размислува за продажба на Де Лихт доколку не се договори со неговиот агент да го продолжи договорот. Актуелниот договор меѓу Матијс Де Лихт и Старата Дама е до 2024 година. Барселона е подготвена да понуди 75 милиони евра за Де Лих, а Челзи ќе се обиде да ја надмине оваа сума, бидејќи главниот тренер на „сините“ Томас Тухел има намера да ги засили одбранбените…
Баерн Минхен има намера да го продолжи договорот со германскиот голман Мануел Нојер и напаѓачот Томас Милер , објави на својот Твитер профил познатиот инсајдер Николо Скира. Според негови извори, германскиот клуб има намера да ги продолжи договорите со играчите во наредните недели. Нојер е во Баерн од 2011 година. Вкупно, во Бундеслигата голманот настапи на 458 натпревари, на кои прими 376 гола и имаше 211 натпревари на кои не прими гол. Актуелниот договор на Нојер со Баерн е до 2023 година. Томас Милер е во Баерн од 2007 година. Неговиот договор со клубот е до 2023 година. Како дел…
Играчот од средниот ред на Лестер, Јури Тилеманс е на мета на неколку екипи од Премиер лигата. Според информациите кои беа објавени, за белгискиот играч за врска се заинтересирани Манчестер Јунајтед, Челзи, Вест Хем, Арсенал и Њукасл. Претходно беше објавено дека Тилеманс (24) нема да го продолжи договорот со Лестер, кој истекува во летото 2023 година. Горенаведените клубови се подготвени да дадат понуди за трансфер до Лестер доколку Тилеманс биде на располагање. Белгискиот играч за врска оваа сезона постигна седум гола и три асистенции на 28 натпревари во сите натпреварувања.
Синоќа беше одржан 56. Супербоул спектакл, а Лос Анџелес Ремс успеа да дојде до трофејот откако го совлада Синсинати Бенгалс со 23-20 и така по вторпат стигна до најважниот трофеј во САД, а тоа е пехарот Винс Ломбарди. ЛА Ремси одлично го отворија натпреварот и дојдоа до голема предност од 13:3. Сепак, Синсинати Бенгалс имаа добар период и веднашодговорија и успеаа да го намалат резултатот на 13:10. Потоа следуваше целосен пресврт на резултатот и Синсинати поведе со 13:17, а стигнаа и до водство од 13:20. Сепак во клучната четвртина квалитетот на ЛА Ремси дојде до израз и на една минута…
Челзи го гледа дефанзивецот на Севиља Жил Кунде како засилување на тимот во летниот преоден рок. Ова го објави новинарот Фабрицио Романо на Твитер . 23-годишниот Кунде не е единствениот кандидат на списокот на желби на сините, но Челзи продолжува да го рангира Французинот високо дури и откако не успеа да го потпише минатото лето. Тогаш Севиља побара околу 70 милиони евра за трансфер на својот играч. Кунде оваа сезона постигна еден гол и даде една асистенција на 27 настапи во сите натпреварувања. Договорот на францускиот фудбалер истекува во 2024 година. Трансфермаркт го цени играчот на 60 милиони евра.
Реал Мадрид бара замена за бразилскиот дефанзивец Марсело, кој најверојатно ќе стане слободен играч во летото 2022 година. Се најавува дека шпанскиот клуб размислува за враќање на шпанскиот фудбалер Серхио Регилон, ова го пренесува „Мундо Депортиво“. 25-годишниот Регилон е „дете“ на мадридскиот клуб. Реал Мадрид го продаде играчот на Тотенхем во септември 2020 година за 30 милиони евра. Според изворот, шпанскиот тим има опција да го купи Регилон за 40 милиони евра, но таа завршува ова лето. Сезонава Регилон на 24 натпревари во сите натпреварувања постигна еден гол и имаше три асистенции во дресот на Тотенхем.
Напаѓачот на Барселона, Мемфис Депај , може да смени тим ова лето. Наполи е заинтересиран за услугите на 27-годишниот играч, според „Calciomercato.com“. Според изворот, клубовите веќе преговараат за трансферот на Холанѓанецот. Забележано е дека Барса е подготвена да го пушти играчот да си оди. Проблем за евентуална преселба на Депај во Наполи е платата на напаѓачот. Наполи го гледа Мемфис Депај како замена за Лоренцо Инсиње, кој ќе го напушти тимот на лето. Претходно беше објавено дека управата на Барселона сака да го продаде Холанѓанецот во текот на летниот преоден рок, за да не го загуби играчот бесплатно, бидејќи договорот…
