Author: riste

Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема продолжува да тренира на индивидуална програма пет дена пред осминафиналето од Лигата на шампионите против ПСЖ. Тоа го пренесува „Football Espana“. 34-годишниот напаѓач заработи повреда на мускулот во 1/8 финалето од Купот на Шпанија со Елче (2:1), кое се одигра на 20 јануари. Беше објавено дека Бензема ќе отсуствува две недели. Тој веќе пропушти два натпревари за шпанскиот тим и најверојатно нема да настапи на првенствениот меч против Виљареал. Според изворот, нема гаранција дека Бензема ќе може да се опорави за првиот меч од 1/8-финалето на Лигата на шампионите со ПСЖ, кој ќе се…

Read More

Себастијан Џовинко и официјално се врати во Серија А. Популарниот играч со прекарот „Атомската мравка“ претходно денеска ги мина лекарските прегледи, по што потпиша договор со Сампдорија до 30 јуни 2022 година. Тој му се приклучува на овој тим како слободен играч откако неговиот договор со Ал Хилал истече во август 2021 година. 35-годишниот Џовинко последен пат играше во Италија во 2015 година, пред да се пресели од Јувентус во Торонто. Од 2019 година е играч на Ал Хилал каде мина три сезони. „Се е потпишано. Многу сум среќен што се враќам во Серија А. Им честитам на навивачите на…

Read More

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо нема постигнато гол во сите натпреварувања во 2022 година. Оваа година, напаѓачот учествуваше во натпреварите против Вулверхемптон, Брентфорд, Вест Хем, Мидлсброу и Барнли. Потсетуваме, во натпреварот од 24. коло на шампионатот на Англија, Манчестер Јунајтед одигра синоќа нерешено со Барнли (1:1). Роналдо го започна натпреварот на клупата за резерви и на теренот влезе во 68. минута. На оваа средба Португалецот не направи ништо забележително. Роналдо не успева да постигне гол пет меча по ред, повторувајќи ја својата најлоша серија без голови од 2010 година. Тогаш Кристијано играше за Реал Мадрид.

Read More

Барселона ќе го смени името на стадионот поради нов договор со „Spotify“, објавија медиумите во Барселона. Според изворот, сега новиот стадион на каталонскиот тим ќе се вика „Камп Ноу Спотифај“.  Клубот и музичкиот сервис потпишаа спонзорски договор за три сезони. Спортифај ќе плати 280 милиони евра на Барселона за период од три сезони. Договорот вклучува рекламирање на машкиот и женскиот дрес на задниот дел од дресот, како и сопственоста на стадионот. Договорот ќе стапи на сила од следната сезона. Платформата за стриминг музика има 381 милион корисници, од кои 172 милиони се клиенти кои плаќаат. Барселона со овој договор сака…

Read More

Крилниот напаѓач на Интер, Иван Перишиќ не е задоволен од понудата на сопствениците на клубот за продолжување на договорот. Актуелниот договор на Хрватот истекува на лето и „нероаѕурите“ прават се за да го обврзат на долг рок. Сепак, според „Спортмедиасет“, преговорите меѓу двете страни не се одвиваат според планот. Перишиќ (33) моментално добива 5 милиони евра годишно, но бара зголемување на 6 милиони за повторно потпишување. Сепак, Интер се обидува да го убеди да ја намали платата на 4 милиони евра годишно, со што Хрватот изгледа не се согласува. Така што нема да биде изненадување ако Перишиќ го напушти „Џузепе…

Read More

Линдзи Џакобелис, која во 2006 година во Торино беше на неколку метри од деби златен медал во женската трка во крос-кантри на Олимписките игри, конечно ги надмина своите олимписки кошмари и стигна до Олимпискиот врв. Американката, една од најголемите ѕвезди во спортот со вкупно шест светски титули, имаше само еден олимписки сребрен медал од Торино. Во Италија водеше убедливо во финалето, но направи грешка на последниот скок, и при приземјувањето падна. Тоа и овозможи на Швајцарката Тања Фриден да триумфира, а за Џакобелис остана среброто. Денеска немаше такви настапи во Пекинг и таа бескомпромисно триумфираше во финалната серија, иако во…

Read More

Петра Влхова oд Словачка е олимписка шампионка во слалом на ЗОИ во Пекинг. Таа имаше фантастична втора трка и успеа да ја надополни негативата која ја имаше по првата трка кога беше дури осма по првото возење, но во второто блескаше и на крај имаше најдобро време на патеката (1:44,98). Освојувачката на минатогодишниот Кристален глобус, стигна до својот прв олимписки медал, и тоа златниот, во нејзината омилена дисциплина, во која досега има остварено 17 победи во Светскиот куп. Веднаш зад Влхова се пласираше Катарина Линцбергер од Австрија која имаше осум стотинки заостанување зад победничката. Бронзата ѝ припадна на Венди Холденер…

Read More

Напаѓачот на Ливерпул и Сенегал, Садио Мане му даде финансиска помош на едно камерунско семејство. По 1/8-финалниот натпревар од Купот на Африканските нации со Зеленортските Острови (2:0), сенегалскиот напаѓач мораше да ја посети болницата за да биде прегледан во врска со можен потрес на мозокот. Во медицинска установа Мане дознал за повреденото дете и платил за неговото лекување. „Во Бафусам, Мане направи хуман гест во корист на едно семејство. Мотоциклот удрил во нивното дете, имало скршеници и повреди по целото тело. Бил блиску до смртта, а неговите родители не можеле да си дозволат да го платат лекувањето. Садио Мане се…

Read More

Тео Ернандез се договорил со Милан за обновување на договорот. Според новинарот Фабрицио Романо, неговиот нов договор ќе биде објавен во следните неколку дена и ќе биде на пет години. Платата на играчот ќе биде зголемена од 1,5 милиони евра на 4,5 милиони. Левиот бек беше привлечен од Реал Мадрид во 2019 година. https://twitter.com/sportsinfohub/status/1491102161220308994?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1491102161220308994%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fsportal.bg%2Fnews-2022020818300413193 Интерес за него имаше од екипи како Челзи и Пари Сен Жермен, но Французинот одлучи дека сака да остане уште долго кај „росонерите“, па затоа ја прифатил понудата за нов долгорочен договор.

Read More

По неочекуваниот пораз од Нексе во првото коло, актуелниот шампион ан Македонија, Вардар 1961 одигра одличен натпревар и сигурно славеше над српскиот првак Војводина со 26:16 на гостувањето во Нови Сад, во рамки на второто коло од регионалната СЕХА-лига. „Црвено-црните“ до овој резултат дојдоа со одлично одиграно второ полувреме во кое тимот ја одигра најагресивната одбрана можеби во досегашниот дел од сезоната. Во првите триесет минути вардарци доста се мачеа да пронајдат вистински ритам, меѓутоа имаа предноста и контрола на играта и резултатот во текот на првиот дел кој го завршија во своја полза од 11:9. Во вториот дел да…

Read More