По поразот од Црна Гора, нашата ракометна репрезентација ќе заврши на последното ,четврто место во групата, а поразот по мечот го кометираше крилниот играч на Македонија,Гоце Георгиевску. „Лошо го отворивме натпреварот, ни поведоа со 4:0 и потоа беше тешко да се вратиме. Надополнивме и израмнивме, но не беше доволно. Одбраната беше нефукционална, посебно во првиот дел. Примивме 17 гола за едно полувреме што е неприфатливо. Сето тоа и покрај многуте одбрани на нашите голмани. Во вториот дел нивниот голман се разбрани и тие играа добро и во напад и во одбрана. На крајот мислам дека искуството пресуди. Се подготвувавме детално…
Author: riste
Македонија го загуби и вториот натпревар на ЕП во Унгарија и Словачка.Вториот натпревар против Црна Гора го загубивме со 24:-28 и така останавме без шанси за втората фаза на Европското првенство. По поразот во Дебрецин во име на националниот тим селекторот Кирил Лазаров, истакна дека некои играчи одиграле далеку под ниво и не смее да си дозволат такви работи кога го носат дресот на Македонија. „Сами забележавте дека не можеме да ги преброиме грешките кои ги направивме. Бев немоќен како и да реагирам затоа што работите се случуваа како на филм и играчите од типот кои играат во клубови и каде имаат коректни улоги,…
Лоша вест од нашата репрезентација пред почетокот на натпреварот со Црна Гора, Македонија остана без услугите на пикерот Столе Стоилов поради позитивен тест на Ковид-19. „Денеска за жал ќе играме без Стојанче Стоилов, кој на последното тестирање доби позитивен тест на Ковид-19, се надеваме Столе како еден од лидерите ќе биде во можност да се врати во составот за скоро време“ се вели во информацијата објавена од РФМ. Ова е уште еден удар за нашата репрезентација која останува без еден од најискусните играчи на ова ЕП.
Репрезентацијата на Македонија денеска ќе го одигра својот втор натпревар на ракометното Европско првенство. Следен ривал е Црна Гора која очекувано беше потазена од Данска во првото коло. Македонија важи за фаворит на оваа средба, а доби и дополнително засилување. Искусниот голман Никола Митревски се најде во официјалниот протокол и се очекува да застане меѓу стативите против Црногорците. Можеби Томовски повторно ќе добие предност од првата минута, но присуството на Митревски кој е во одлилна форма ќе биде дополнителна сигурност во играта на нашата репрезентација. Во однос на првиот дуел со Словенија освен кам-бекот на Митревски, во официјалниот состав го…
Црна Гора на мечот со Данска беше водена од асистентот на Зоран Рогановиќ, Драшко Мрваљевиќ, а во очекување на дуелот со Македонија за медиумите во Црна Гора даде свое видивање за дулеот со Македонија. Селекторот Рогановиќ чека втор негативен тест и доколку се биде како што се очекува, тој ќе се најде на клупата за дуелот кој денес го играат против Македонија, но доколку не стигне навреме тимот повторно ќе го води Мрваљевиќ. Според него, Македонија има навистина добар тим, и кажа многу комплименти за играчите и стручниот штаб на нашата репрезентација. „Македонците, ние и Словенците знаевме дека меѓу нас ќе…
Европската ракометна федерација ја казни Ракометната федерација на Македонија која ќе треба да плати парична казна. Казната која изнесува 2.000 евра е изречена поради носење на различна боја на чорапите на ракометарите на натпреварот со Словенија. Ова не е прва казна за РФМ, бидејќи имаше ист ваков случај и на Европското првенство во Хрватска, но тогаш казната беше пониска. EХФ најави дека во текот на денот ќе има подетални информации околу казната. Македонската репрезентација денеска ќе го игра вториот натпревар на ЕП во Унгарија и Словачка, а противник ќе ни биде Црна Гора на мечот кој го играме во „Феникс…
Ракометната репрезентацијата на Македонија денес ќе го одигра вториот натпревар на Европското ракометно првенство. Во „Феникс Арена“ во Дебрецин, противник на Македонија ќе биде селекцијата на Црна Гора. Уште еден Балкански дуел од Групата А на ова ЕП, ова е натпревар кој може да биде клучен за останување во игра за пласман барем на 3-тото место во оваа група откако веќе загубивме на првиот натпревар со Словенија. Подмладениот состав на Македонија без Кире Лазаров на терен на дуелот со Словенија покажа дека има сили да се бори со најдобрите. Словенците беа голем фаворит, но Македонија сериозно се спротивстави и малку недостасуваше да дојдеме до…
Гоце Георгиевски е еден од поискусните во нашата репрезентација која е во фаза на подмладување. Георгиевски на денешниот брифинг потенцираше дека има разочарување, но сепак и задоволство од прикажаната игра на мелот со Словенија. Според него, мора да играме со помалку технички грешки одмечот против Словенците доколку сакаме победа против Црна Гора. „По загубен натпревар нормално е да има разочарување. Мислам дека треба да извадиме позитивна поука, бидејќи одигравме добар натпревар. Можеби не беше квалитетно од двете страни, имаше многу грешки, но ние сме млада транзициска репрезентација. За многу репрезентативци ова се први искуства на вакви натпреварувања и мислам дека…
Откако доби еден негативен тест на Ковид-19, голманот на нашата репрезентација Никола Митревски е на пат кон Унгарија и постојат реални шанси Македонија да добие засилување за натпреварот против Црна Гора на Европското првенство. Сега само еден негативен тест го дели Никола Митревски од настап на шампионатот, бидејќи нашиот репрезентативен голаман доби дозвола да патува за Унгарија. Откако направи неколку антигенски и еден ПЦР-тест во Скопје и на сите беше негативен, само три дена по лажно позитивниот тест на десетти јануари, нашиот репрезентативен голман веќе е на пат за Дебрецин. Попладнево Никола Митревски ќе се тестира во хотелската соба во…
Македонија загуби од Словенија, на оваа средба имаше и позитивни и негативни работи во играта на нашата репрезентација. Можеби овој пораз ги намалува шансите за пласманот во главната групна фаза на Европското првенство во Унгарија и Словачка, но и покрај тоа во редовите на нашата репрезентација не размислуваат за ништо друго освен за позитивен резултата со Црна Гора. Во подмладената репрезентација на Македонија синоќа блескаше голманот Мартин Томовски кој на денешниот брифинг рече: „Загубивме, но имаше многу позитивни моменти во текот на натпреварот. Игравме побрзо и поубедливо. Одбраната беше на едно повисоко ниво. Едноставно некои моменти на невнимание нè чинеа пораз. Денес е нов ден…
