Author: riste

Германскиот голман Мануел Нојер не може да се договори со неговиот клуб Баерн Минхен за условите на новиот договор, пренесува весникот „Билд“. Според изворот, Нојер сака да потпише долгорочен договор со клубот од Минхен. Баерн не се согласува со должината на договорот, но најверојатно не се конечно договорени и финансиските услови. Претходно беше објавено дека лондонски Челзи е заинтересиран за услугите на Нојер . Тековниот договор на Нојер, кој го потпиша првично со Баерн од 2011 година, важи до летото 2021 година. Во моментот според „Transfermarkt.de“ неговата цена за трансфер е со вредност од 18 милиони евра. Оваа сезона тој…

Read More

Шпанскиот голман и член на Манчестер Јунајтед Давид де Геа донираше 300 илјади евра за борба против коронавирусот. Парите се испратени до медицинскиот оддел во Мадрид (родниот град на играчот) и ќе бидат искористени за потребите на болниците и лекарите, пренесува весникот „Марка“. Донацијата беше анонимна, но Де Геа доби благодарност преку Твитер од преставници на Мадрид. Ова не е прв добротворен и хуман гест од фудбалерот. Во септември, тој донираше 200.000 евра на жртвите од поплавите во Аликанте. На почетокот, донации за борба против коронавирусот направија Лионел Меси и Пеп Гвардиола.

Read More

Играчот од средниот ред на Борусија Дортмунд Марио Геце може да ја продолжи кариерата во Баер Леверкузен, пренесуваат медиумите во Германија. Според истите извори, 27-годишниот фудбалер ќе се пресели во клубот од Леверкузен како слободен агент, бидејќи неговиот договор со Борусија Дортмунд истекува во летото 2020 година. Интер е заинтересиран и за услугите на Гетце, но самиот играч од средниот ред повеќе сака да продолжи со својата професионална кариера во Германија. Геце е дете на Борусија Дортмунд, каде играше од 2008 до 2013 година, по што се пресели во Баерн Минхен за 37 милиони евра. Во летото 2016 година, германскиот…

Read More

Голманот на Јувентус, Џанлуиџи Буфон ќе го продолжи договорот со клубот, јавуваат италијанските медиуми. Според „Тутоспорт“, 42-годишниот чувар на мрежата се согласил на нов договор до јуни 2021 година. За време на оваа сезона, Буфон има 11 натпревари за Јувентус во кои тој има примено 9 гола. Голманот игра за овој клуб од 2001 година со пауза за сезоната 2018/2019, кога го носеше дресот на францускиот шампион ПСЖ. Легендата на италијанскиот фудбал останува и понатаму во Јувентус со една голема желба , да дојде до трофеј во Лигата на шампионите.

Read More

Денес беше одржан состанок на премиерот на Јапонија, Шинзо Абе со првиот човек на Интернационалниот Олимписки Комитет, Томас Бах и беше донесена одлука за одложување на Летните олимписки игри, кои ова лето требаше да се одржат во Токио. Официјалниот профил на јапонскиот премиер, пренесе дека разговорите биле одржани и одлуката е донесена. „Откако разговараше со претседателот на Интернационалниот Олимписки Комитет, премиерот Абе објасни дека одлуката за Олимписките игри е да не се откажат, туку поместат за летото 2021 година“, напишаа на Твитер. Одлуката на премиерот на Абе и Бах е сосема очекувана, бидејќи коронавирусот во многу голема мера ја погоди спортската јавност,…

Read More

ФФМ денес преку соопштение ја информираше јавноста за својата донација на три амбулантни возила за Клиниката Св.Наум Охридски од Скопје. Соочени со последиците од коронавирусот SARS-CoV-2 и имајќи ја в предвид сериозноста на ситуацијата во која се наоѓаат граѓаните на нашата држава, но пред сѐ, нашите здравствени работници, Фудбалската федерација на Македонија набавува три нови амбулантни возила кои ќе ги предаде во трајна сопственост на Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ (стара Градска болница) во Скопје. Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, директорот на Клиниката за хируршки болести, д-р Љубен Арсенков и економскиот директор на Клиниката за хируршки болести,…

Read More

Еден од кандидатите за да го ангажира уругвајскиот напаѓач од ПСЖ Единсон Кавани е аргентинскиот гигант Бока Јуниорс. По крајот на сезоната завршува договорот на играчот со ПСЖ, а тој може да го замине во Бока Јуниорс бесплатно, пренесуваат медиумите во Аргентина. Во моментов, во клубот од Буенос Аирес играат напаѓачот Карлос Тевез и играчот од средниот ред Мауро Зарата, доста познати по успешниот настап во Европа. Исто така до јануари 2020 година, играч на Бока беше светски шампион со репрезентацијата на Италија, Даниеле Де Роси. Покрај Бока Јуниорс, Атлетико Мадрид и клубот Интер Мајами на Дејвид Бекам, кој се…

Read More

Австралиското фудбалско првенство е суспендирано на неодредено време поради пандемијата на коронавирус, објави прес-службата на австралиската фудбалска федерација . Карантинот кој е воведен во многу градови во земјата, движењето во Австралија исто така е ограничено, току поради оваа причината раководството на федерацијата одлучи да го прекине првенството. Сите натпревари се откажани до 22 април. „Одлуката што ја донесовме беше резултат на промена на барањата од државата. Здравјето и безбедноста на нашите навивачи, играчи, волонтери и вработени отсекогаш биле најважната работа за нас. Денешната одлука беше тешка, но можеме да помогнеме во борбата против коронавирусот со забавување на неговоро ширење“, рече…

Read More

Крилото на Баерн Минхен Кингсли Коман е во преговори со клубот за обновување на неговиот договор. Францускиот играч има договор кој е со важност до 2023 година. Баварците му понудија на својот фудбалер договор до 2025 година, со зголемување на платата. Коман честопати имаше проблеми со повреди, но има поседува одлични квалитети и Баерн ќе продолжи да се потпира на него. Оваа сезона, францускиот репрезентативец има 24 натпревари и 5 гола во сите натпреварувања. Баерн исто така работи на привлекување на Лерој Сане, но напнатата ситуација околу епидемијата на коронавирус предизвика преговорите да бидат во застој. Од „Алијанц Арена“ го…

Read More

Украинската фудбалска асоцијација (УАФ) планира да понуди нов договор на Андриј Шевченко како селектор на националната репрезентација. 43-годишниот поранешен ас на Динамо (Киев), Милан и Челзи ја однесе својата земјата назавршницата на Европското првенство, а челниците на федерацијата се задоволни од неговата работа. Двете страни веќе започнаа преговори. „Мислам дека и играчите и навивачите не можат да го замислат тимот без Шевченко. Кога ќе има новости, ќе дознаете. Сè се движи во вистинската насока“ изјави Андреј Павелко, првиот човек на федерацијата. Тековниот договор на Шевченко истекува ова лето. Павелко додаде дека репрезентативците поделиле рекордна премија од 4 милиони американски долари…

Read More