Барселона размислува за договор со ПСЖ за да ја врати бразилската sвезда Нејмар на „Камп Ноу“, пренесува „Скај Спортс“. Во Барселона се надеваат дека ќе се договорат за повратен трансфер на Нејмар за 150 милиони евра, бидејќи 2/3 од сумата нема да бидат платени, а во ПСЖ ќе биде испратен Антоан Гризман, кој Каталонците го проценуваат на 100 милиони евра. Друга главна цел за Каталонците е аргентинскиот напаѓач од Интер Лаутаро Мартинез. Доколку не успеат да се договорат со ПСЖ, тогаш Барселона ќе бара друг купувач за Гризман, а зделката со толку висока цена се чини многу малку веројатна ова…
Author: riste
Томас Милер е близу до нов договор со Баерн Минхен за продолжување на соработката. Двете страни се согласија за терминот на договорот, а платата останува да се прецизира. Милер, кој веќе 12 години игра за Баварците, добива 15 милиони евра по сезона. Според „Билд“, ако неговата плата остане иста, договорот би можел да биде и до 2024 година. 30-годишниот фудбалер ја помина целата своја кариера во Баерн, одигрувајќи 521 натпревар, а притоа постигна 195 голови за клубот.
Јувентус потпиша нов договор со францускиот репрезентативец Блес Матуиди. Неговиот тековен договор истекуваше во текот на летото, а продолжувањето е за една година до јуни 2021 година. Според клубот, 32-годишниот играч се потпишал на 14 февруари, но дури сега е официјално објавено. Оваа сезона Матуиди играше на 31 натпревар за „Бјанконерите“. Тој стана центар на внимание минатиот месец, откако стана вториот играч на Јувентус кој беше заразен со коронавирус. Првиот беше Даниеле Ругани, а по него следуваше Пауло Дибала. Сите тројца немаат сериозни здравствени проблеми.
Пандемијата на коронавирус ја погоди фудбалската индустрија доста сериозно, а трендот се очекува да продолжи. Фудбалската опсерваторија CIES ги проценува разликите во идните вредности на играчите во случај да не се играат повеќе натпревари и договорите не се обновуваат до крајот на јуни. Така, вкупната трансферна вредност на играчите на најдобрите 5 големи првенства е намалена за 28 % : од 32,7 милијарди на 23,4 милијарди евра. Големината на падот варира во зависност од различни фактори, како што се возраста на играчот, должината на договорот, траекторијата на кариерата и неговиот последен настап пред паузата. Најголема загуба во релативна смисла се…
Манчестер Јунајтед е подготвен да плати 150 милиони евра за играчот од средниот ред на Атлетико Мадрид, Саул Нигес, пренесува „Дејли експрес“. Потпретседателот на „црвените ѓаволи“, Ед Вудвард, има намера да го привлече 25-годишниот Шпанец, и покрај високата сума предвидена како клаузула за откуп во неговиот договор. Саул се смета за соодветна замена за Пол Погба, кој најверојатно ќе го напушти Манчестер Јунајтед уште во следниот преоден рок. Манчестер Сити е исто така заинтересиран за играчот од средниот ред на Атлетико Мадрид. Саул одигра 37 натпревари за тимот предводен од Диего Симеоне во сезоната 2019/20, постигнувајќи 4 гола. Порталот „Transfermarkt.com…
Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) го официјализираше датумот на почеток и крај на Летните Олимписки и Параолимписки игри, кои идната година ќе се одржат во Токио, Јапонија. Во текот на вчерашниот ден беше објавен терминот, а денес и официјално потврден од страна на ИОК кој поради пандемијата со коронавирусот, најголемиот спортски настан мораше да го одложи за една година. На состанокот на челните луѓе на Интернационалниот Олимписки Комитет и јапонските власти донесена е одлука за терминот на одржување на ЛОИ. Летните Олимписки Игри ќе започнат на 23 јули и ќе траат до 8 август. Параолимписките игри пак, ќе бидат отворени на 24 август…
Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Пол Погба, ги сподели своите очекувања за продолжување на сезоната, која беше суспендирана поради пандемијата на коронавирус. „Останете дома, останете безбедни. Продолжете да го поддржувате Манчестер Јунајтед. Се надевам дека се ќе заврши наскоро и ќе се вратиме во фудбалот. Ние сакаме да се вратиме на теренот и да освоиме трофеи“, изјави Пол Погба. Французинот се потсети и на титулата во Лига Европа, која ја освои со „црвените ѓаволи“ под водство на Жозе Мурињо. „Бев многу среќен. Ова значеше дека повторно ќе учествуваме во ЛШ. Ова беше нашиот втор трофеј во сезоната, па…
Напаѓачот на Реал Мадрид, Марко Асенсио е целосно излечен од тешка повреда на коленото во јули минатата година, пренесува весникот „АС“. По 251 дена, 35 недели, или околу осум месеци, играчот на Реал Мадрод ја санираше повредата на левото колено по искинатите лигаменти и менискусот. 24-годишниот играч ќе биде во составот на својата екипа за најважниот дел од сезоната на Реал Мадрид. Останаа 11 кола од „Ла Лига“, како и реванш мечот од 1/8 финалето на Лигата на шампиони против Манчестер Сити. Од 12 март, Марко Асенсио тренира во домашни услови откако фудбалерите на Реал Мадрид беа ставени под карантин…
Конечната одлука за одржување на годинешното издание на велосипедската трка „Тур де Франс“ ќе биде донесена до 15 мај. Ова го изјави Ерик Хоули, претставник на еден од најголемите спонзори на трката – АСО, пред телевизискиот канал РТБФ. Според телевизијата, извршниот директор на „Тур де Франс“ Кристијан Прудом моментно не размислува за ниту една опција во која 23-дневната трка ќе биде одложена или одржана без гледачи заради коронавирусот. „Ќе мора да работиме брзо, но ако се донесе одлука кон средината на мај, ќе биде можно да се одржи трка“, рече Хоули, додавајќи дека веќе се водат разговори со градоначалниците на…
Фудбалерот од средниот ред, Матијас Зарачо е меѓу играчите кои можат да го засилат Милан следната сезона. „Кориере дела Сера“ тврди дека „росонерите“ веќе се обиделе да го купат 22-годишниот Аргентинец во јануари, но нивната понуда била одбиена. Сепак, двата клуба повторно ќе седнат на преговарачката маса во текот на летото. Откупната клаузула во договорот со Зарачо е 22 милиони евра и клубот од Аргентина нема намера да се повлече од тоа. Самиот фудбалер многу сака да се пресели во Милано и се надева дека со помош на неговиот агент ќе издејствуваат кај раководството на клубот да биде реализиран овој…
