Author: riste

Агентот на Ашраф Хакими, Алехандро Камано, ги негираше вчерашните информации на весникот „Марка“ дека дефанзивецот потпишал нов договор со Реал Мадрид до летото 2023 година. „Договорот со Реал Мадрид е сè уште оној што го потпишавме во 2017 година, што треба да заврши во јуни 2022 година. Ќе мора да почекаме и да видиме. Откако ќе заврши кризата со коронавирус, ќе седнеме со Реал Мадрид и Борусија Дортмунд и ќе разговараме за тоа“, изјави Камано. Со своите игри Ашраф Хакими привлече внимание на уште неколку клубови кои сакаат да искористат ситуација и да го купат овој играч доколку тој не…

Read More

Нема шанси Мауро Икарди да дојде во Наполи, особено сега кога се заканува голема финансиска криза во фудналските клубови. Ова го објасни спортскиот директор на клубот, Кристијано Џунтоли во врска со информацијата дека тимот продолжува да бара трансфер на напаѓачот. Аргентинецот, кој долго време беше мета на Наполитанците, е во сопственост на Интер, но во моментов игра со позајмица во ПСЖ. „Секој би сакал да го има Икарди во своите редови, но сега не можеме посебно ние да си дозволиме да платиме толку многу пари“, призна Џунтоли за „Скај Спорт 24“. „Проблемот со коронавирусот е голем удар за фудбалот од…

Read More

Раководството на Реал Мадрид планира да добие најмалку 100 милиони евра од продажбата на Герет Бејл и Хамес Родригез, пишува „Мундо Депортиво“. И двајцата веќе немаат доверба кај тренерот Зинедин Зидан. Велшкиот интернационалец има договор до 2022 година и зема добива една од највисоките плати на „Сантијаго Бернабеу“. Колумбискиот репрезентативец потпиша договор до 2021 година. Флорентино Перез сака да го финансира евентуалното купување на Ерлинг Холанд од Борусија (Дортмунд) кој е прв на списокот на желби. Герет Бејл изминатиот период беше споменуван како играч кој треба да замине од Мадрид. Кралскиот клуб се надева дека ќе добие околу 60 милиони…

Read More

Белгија е првата земја во Европа која донесе одлука за прекин на фудбалскиот шампионат во целост и да му ја додели титулата на актуелниот лидер на табелата, Клуб Бриж, објавија денес медиумите во оваа земја. Бордот на лигата закажа состанок за следната недела на кој треба да биде потврдено дека е ставен крај на шампионатот. Првенството е прекинато на едно коло пред крајот на регуларниот дел, а за шампион ќе биде прогласен актуелниот лидер Клуб Бриж, додека второпласираниот Гент ќе игра во квалификациите за Лигата на шампионите. Екипите на Шарлерој, Антверпен и Стандард Лиеж се очекува да бидат патниците во Европа…

Read More

Фудбалерите на Атлетико Мадрид ќе добиваат плати за 70% помалку од вообичаеното за време на вонредната состојба во Шпанија, официјално објавија денес од „Ванда Метрополитано“. Ќe бидат намалени платите и на членовите на Одборот на директори. Сите други вработени во клубот ќе добијат целосен износ на нивните плати. Целта на мерките е финансиска стабилност на клубот, кој, како и сите други клубови во Шпанија, ќе има финансиски загуби поради пандемијата. Пред неколку дена, Барселона ги намали платите на своите фудбалери за 70 %, а со тоа ќе им биде помогнато на останатиот дел од каталонскиот клуб.

Read More

Фудбалерите на Баер Леверкузен одбија дел од платите со цел финансиски да го поддржат клубот за време на прекинот на првенството поради епидемијата на коронавирус. Ова беше објавено на официјалната веб-страница на клубот. „Ние разговаравме овие две недели и донесевме конечна одлука. Одлучивме да се откажеме од дел од платите со цел да го поддржиме клубот и неговите обиди да се справат со економската криза предизвикана од епидемијата на коронавирус. Кога влеговме на празен стадион, дознавме колку различни вработени во клубот го исполнуваат животот, колку е важен секој од нив, кој обезбедува оптимални услови за нашата работа. Сакаме да дадеме…

Read More

Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Лука Модриќ, целосно ќе го изврши својот договор со кралскиот клуб, што е до летото 2021 година, пишува весникот „АС“. Хрватот се очекува да го напушти „Сантијаго Бернабеу“ за 15 месеци како слободен играч. Модриќ сега има 34 години, а оваа сезона неговиот настап е со големи осцилации и често беше на клупата за резервни играчи според изборот на тренерот Зинедин Зидан. Според ова Модриќ ќе остане на „Сантијаго Бернабеу“ за да го одработи договорот, а колку ќе добива минутажа останува да видиме, многу работи ќе зависат од целата  ситуација во клубот и…

Read More

Претседателот на италијанската фудбалска федерација, Габриеле Гравина ги коментираше опциите за завршување на првенството. „Нашиот апсолутен приоритет е да ги завршиме шампионатите. Нашата желба е да започнеме на 20 мај или почетокот на јуни и да заврши во јули“, изјави Гравина за италијанските медиуми. „Дури се зборува за август и септември. Тоа би значело да го преземам ризикот од компромис за следната сезона за да се спаси оваа“, додаде тој. Шефот на италијанскиот фудбал откри дека „Јувентус не сака административно да ја добие титулата“. Според него, играњето на неутрален терен не е добра опција: „Тоа не е добро решение, мислам…

Read More

Италијанската фудбалска федерација објави извештај за трошењето на клубови на агенциски услуги за 2019 година. Вкупниот износ исплатен на посредниците е 187,8 милиони евра. Во однос на 2018 година, сумата е зголемена за 18 милиони евра. Станува збор за средствата што клубовите им ги исплатиле на агентите, додека играчите им дадоа 13.7 милиони евра. Актуелниот шампион на Италија, Јувентус, потроши најмногу пари – 44,3 милиони евра. Да потсетиме дека најскапиот трансфер на Јувентус во 2019 година беше трансферот на дефанзивецот на Ајакс Матијас де Лихт за 85,5 милиони евра. Три клуба потрошија повеќе од 10 милиони евра за посреднички услуги…

Read More

Фудбалерот на Челзи, Вилијан може да ја продолжи кариерата во шампионатот на Италија, пренесува „Тутоспорт“. Според истиот извор, Јувентус ја следи состојбата околу Вилијан, чиј договор со лондонскиот клуб истекува во текот на летото. Аргументот во корист на трансферот на Бразилецот во клубот од Торино е дека Вилијан ја знае работатаг на тренерот на Јувентус Маурицио Сари кога соработуваа во Челзи. Оваа сезона Вилијан постигна 7 голови и 6 асистенции на 37 натпревари во сите натпреварувања за својот клуб. Претходно беше објавено дека Баерн Минхен, Тотенхем и Арсенал се заинтересирани за услугите на Вилијан.

Read More