Вест Хем е подготвен да се раздели со Фелипе Андерсон, тврди весникот „Мирор“. Менаџерот на Лондончани, Дејвид Мојс сака да се раздели со играчот за да заработи пари за нови засилувања. Бразилецот има договор уште две години со „чеканите“, а во договорот има опција за уште една сезона. Клубот има тенденција да ги слуше сите понуди во висина од 40 милиони фунти. Од Италија има интерес за играчот. Наполи го гледа како совршена замена за Хозе Каљехон кој може да си замине. Оваа сезона, 26-годишниот Андерсон постигна еден гол, а имаше и пет асистенции на 24 одиграни натпревари за Вест…
Author: riste
Играчот од средниот ред на Борусија Дортмунд, Марио Гете, потврди дека планира да го напушти клубот. Договорот на 27-годишниот Германец важи до крајот на јуни. „Денес би сакал да објавам дека по внимателното размислување решив да направам промена во мојата кариера. Јас го сменив агентот. Ова е важна одлука за мојата спортска иднина”, изјави Геце за весникот „Мирор“. Оваа сезона, Геце има одиграно 19 натпревари во сите натпреварувања за својата екипа, постигна 3 гола и една асистенција.
Принцот од Монако и косопственик на фудбалскиот клуб, Алберт Втори изјави дека државата е подготвена да обезбеди финансиска поддршка на Монако. „Оваа сезона е разочарувачка, бидејќи немаше доволно квалитет во тимот и управата, што не ни овозможи да постигнеме тимска кохезија. Одржавме неколку конференциски повици преку телефон за да се договорме како да се справиме со финансиската криза. Како и во многу клубови во Франција, државата Монако дава гаранција за помош на клубот“, изјави Алберт Втори. Како секаде во Европа, така и во Франција се чека надминувањето на кризата и продолжувањето на шампионатот во Лига 1, но секако во Монако…
Поранешниот тренер на Јувентус и селектор на италијанската репрезентација Марчело Липи изјави дека треба да се заврши сезоната во Серија А. „Сега нема услови за играње фудбал и мислам дека нема да има за еден месец. Но, кога ќе заврши големата опасност, тогаш мислам дека сезоната треба да се игра, дури и пред празни трибини. Играњето без навивачи не е многу пријатно, но тогаш можете да гледате натпревари на ТВ, сепак тоа е нешто. Јас сум против да се прогласи крај на сезоната според сегашна позиција. Сезоната мора да заврши со игра на теренот“, изјави Марчело Липи за „Sky Sport…
Барселона го проценува бразилскиот играч од средниот ред Филипе Кутињо на 90 милиони евра, пренесува весникот „Спорт“. Според изворот, каталонскиот клуб нема намера да ја намали цената, бидејќи во спротивно нема да може да ги избегне финансиските загуби. Интерес за играчот од средниот ред покажуваат англиските клубови кои се подготвени да го земат играчот на позајмица со право на откуп. Барселона е подготвена да го позајми, но само со откупна обврска. Бразилецот моментно е на позајмица во Баерн Минхен, но по оваа сезона, тој веројатно ќе се врати во шпанскиот клуб. Оваа сезона, 27-годишниот Бразилец постигна 8 голови и 6…
Екипите во Серија А можат да започнат со тренинзи на 4 мај, пренесе „Газета дело Спорт“. Тие ќе го следат примерот на тимовите од Бундеслигата, прво правејќи активности во мала група и постепено ќе се враќаат на нормален тренинг. Според информацијата, постојат три опции како датуми за продолжување на првенството – 24 мај, 31 мај и 7 јуни. Предвидено е шест и пол недели да се заврши првенството, од кои остануваат 13 кола. Ова значи дека Серија А може да заврши на почетокот или средината на јули. ФИФА вчера објави дека истекот на договорите за играчи може да биде продолжен…
Бразилската фудбалска ѕвезда Роналдињо преку својот адвокатот платил кауција во висина од 1,6 милиони евра и заедно со неговиот брат излегле од затворот во Асунсион, Парагвај. Изминатите 32 дена Бразилците беа зад решетки поради користење лажни документи при влез во оваа земја. Тие се обвинети и за сомнеж за перење на пари, откако биле поканети да бидат дел од хуманитарен меч со деца од страна на еден сопственик на казино. И покрај тоа што најнапред беше решено тој да се брани од затвор, сепак обвинителството ја прифати кауцијата и го смести во хотел во центарот на градот. Тој ќе биде…
Реал Мадрид продолжува да покажува интерес за напаѓачот на ПСЖ Килијан Мбапе, велат медиумите во Франција. Во информацијата се вели дека Мбапе е главната трансфер цел на тренерот на Кралскиот клуб, Зинедин Зидан, кој би сакал да потпише со играчот во летниот преоден рок. Сепак, самиот француски клуб работи на продолжување на договорот со Мбапе до 2025 година, а за таа цел се подготвени и двојно да му ја зголемат платата. Во тековната сезона на францускиот шампионат Мбапе одигра 20 натпревари на кои постигна 18 голови и направи 5 асистенции. Тој исто така има 5 гола на 7 натпревари во…
Лоран Блан би можел да стане тренер на Фенербахче. Францускиот тренер е главен фаворит за функцијата и се очекува да го предводи овој тим кога ќе продолжи првенството во Турција. Гигантот од Истанбул е без тренер уште од почетокот на март, откако Ерсун Унал беше отпуштен по лошите резултати. Фенербахче е на 7-та позиција на табелата и нема победа во 7 последователни натпревари во лигата. Лоран Блан е поранешен тренер на Бордо, ПСЖ и селектор на репрезентацијата на Франција. Тој немал тренерска работа од 2016 година.
Играчот од средниот ред на Арсенал, Лукас Тореира е решен да се врати во Италија. Неговиот агент веќе добил понуди од Милан и Наполи, откри „Калчомеркато“. Можен трансфер на Уругвајскиот фудбалер може да се очекува дури по завршувањето на светската пандемија на коронавирус. Ова не е прв пат Тореира да биде поврзуван со Милан. Пред неколку месеци тој ги имаше првите контакти со раководството на оваа екипа. 24-годишниот играч од средниот ред го чинеше Арсенал 29 милиони евра, но тој не се чувствува среќен во составот на екипата од Лондон. Има одиграно вкупно 33 натпревари оваа сезона, постигнувајќи два гола.…
