Евертон, Манчестер Јунајтед и Наполи се екипите кои ќе борат за потписот на напаѓачот на Торино, Андреа Белоти. Весникот „Тутоспорт“ посочува дека Карло Анчелоти долго време сака да го има во своите редови италијанскиот репрезентативец и не смета дека ја пропушта можноста да го привлече на „Гудисон Парк“. Искусниот тренер го сакаше Белоти како тренер на Баерн Минхен и Наполи. 26-годишниот голгетер има откупна клаузула од 100 милиони евра, но тоа се однесува само на клубови надвор од Италија, но јасно е дека може да замине за помала сума. Неговиот договор со Торино е до летото 2022 година, а клубот…
Author: riste
Челзи нема да го продаде играчот од средниот ред Н’Голо Канте во летниот преоден рок, објави новинарот Никола Скира на својот „Твитер“ профил. Според неговиот извор, лондонскиот клуб сака да го задржи играчот, и покрај интересот од Реал Мадрид, Барселона, ПСЖ и Јувентус. Претходно беше објавено дека Канте исто така сака да остане во Челзи. Пред ова, странските медиуми тврдеа дека Челзи не е задоволен од формата што ја покажа Канте во последните месеци пред паузата. Лондончани ја разгледуваат можноста за размена на Французинот за играчот од средниот ред на Барселона, Филипе Кутињо, кој е на позајмица во Баерн Минхен.…
Напаѓачот на ПСЖ Нејмар нема да се врати во Барселона во летниот преоден рок, пренесува радио „Каталунија“. Според овој извор, каталонскиот клуб ја отфрлил можноста за ангажирање на бразилскиот напаѓач во летниот преоден рок, поради финансиската криза што се појави поради пандемијата на коронавирусот. Главната трансфер цел на Барселона е напаѓачот на Интер Лаутаро Мартинез. Нејмар се пресели во ПСЖ летото 2017 година од Барселона за 222 милиони евра. Минатото лето Бразилецот се обиде да се врати на „Камп Ноу“, но клубовите не можеа да се договорат за финансиските услови на трансферот. Договорот на Нејмар со актуелните шампиони на француската…
Сите играчи на фудбалскиот клуб Сампдорија кои беа заразени со коронавирус веќе се излекувани, ова го потврди тренерот Клаудио Раниери. „Сите наши играчи се излекуваа. Јас бев многу тажен што слушнав дека има инфицирани момчиња во тимот, но фала му на Бога, сега е добро. Одржував контакт со нив и можам да кажам дека тие се во добар дух”, рече Раниери. Првиот позитивен тест на Ковид-19 на играч од оваа екипа беше кај напаѓачот Маноло Габиадини минатиот месец, а подоцна стана јасно дека се заразени и Омар Коли, Албин Екдал, Антонино Ла Гумина, Мортен Торсби, Фабио Депаоли и Бартош Берешински.
Раководството на Реал Мадрид е заинтересирано за напаѓачот на Арсенал Пјер-Емерик Обамејанг, пренесува „Франс Фудбал“. 30-годишниот Габонец има договор со лондончаните до следното лето, но сè уште го нема обновено неговиот договор, што доведува до шпекулации дека може да го напушти „Емирати“. Обамејанг е еден од најскапите играчи на Арсенал, а управата на клубот има некои финансиски тешкотии кои се продлабочија како резултат на пандемијата на коронавирусот. Реал Мадрид во потрага по класичен напаѓач за да му биде партнер на 32-годишниот Карим Бензема во шпицот на нападот. Обамејанг, кој досега има 20 гола на 32 настапи за Арсенал во сезоната,…
Каталонскиот тим Барселона има намера да го засили составот со напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез. 22-годишниот Аргентинец е главната мета на Барселона во следниот преоден рок. Интер не сака да го продаде Мартинез, но од друга страна знае дека играчот можеби ќе сака да си замине. Според „Газета дело Спорт“, во Интер се разгледуваат неколку опции, од кои едната е напаѓачот на Барселона, Антоан Гризман. Сумата која стои во договорот на Мартинез се 111 милиони евра, додека кај Гризман е 120 милиони евра. Интер сè уште не им понудил на Каталонците да разменуваат фудбалери. Клубот од Милано сака Барселона да…
Многу земји на стариот континент одлучија да ги завршат ракометните шампионати во своите земји, а денес тоа го направи и Франција. Една од најквалитетни лиги во Европа, се одлучи да ја спушти завесата на сезоната 2019/20, без можност за продолжување за време на летото, како што најавуваат од фудбалските лиги. Француската ракометна лига и официјално означи крај на сезоната и го назначи лидерот до пред прекинот, ПСЖ предводен од Раул Гонлзаез за нов шампион. Со 35 бода екипата на поранешниот македонски селектор е единствена непоразена и лидер во шампионатот на Франција. Капитенот на нашата репрезентација Кире Лазаров со Нант стана вицешампион со 29 освоени…
Клубовите од Премиерлигата ќе одржат уште една видео конференција во петок, а според некои извори можно е потоа да се објави датумот за евентуално рестартирање на првенството. Утринава се појавија информациии дека англиската фудбалска лига планира да ги продолжи натпреварите за Чемпионшип, Лига 1 и Лига 2 на 6 јуни. Истиот датум веројатно ќе биде објавен како најраниот термин за започнување на натпреварите во Премиер лигата. За да ги подготват екипите за ова, тие ќе продолжат со тренинзите на 16 мај и ќе имаат тринеделен тренинг. Сезоната, секако, ќе игра со затворени врати. До крајот на сезоната во Премиер Лигата,…
Реал Мадрид може да ги поремети сметките на Манчестер Јунајтед за привлекувањето на Џејдон Санчо во текот на летото, пренесува „Дејли меил“. Англискиот талент е во плановите за трансфер на „Олд Трафорд“, но Реал Мадрид има идеја да им го зеде од пред нос на „црвените ѓаволи“. До овој момент, Манчестер Јунајтед се сметаше за фаворит за потписот на Санчо. Од „Олд Трафорд“ дури и започна преговори со агентот на играчот, подготвени да платат 100 милиони фунти за неговите услуги. Но, сега во Реал Мадрид решиле да влезат во трка по 20-годишното крило. Голема е веројатноста дека од „Сантијаго Бернабеу“…
Тотенхем нема намера да се раздели со играчот од средниот ред Танги Ндомбеле во текот на летото. Во последните денови се појавија информации дека Французинот сака да си замине, а интерес за него има од шпанскиот гигант Барселона. Тотенхем го купи 23-годишниот играч од средниот ред од Олимпик Лион за 60 милиони евра минатото лето. Тој одигра 27 натпревари за Тотенхем оваа сезона, но доби и некои критики за неговиот настап од менаџерот Жозе Мурињо, за што се верува дека го натерало да побара трансфер. Во исто време, Барселона внимателно ги следи перформансите на овој играч и во него го…
