Author: riste

Изминатите денови се пишуваше и шпекулираше дека Реал Мадрид има интерес за еден од најдобрите фудбалери на Манчестер Сити, но сепак Рахим Стерлинг ќе му остане верен на својот сегашен клуб до 2025 година. Веќе завршиле преговорите околу новиот договор на Англичанецот, па постои согласност за неделна плата од 400.000 фунти. Рахим Стерлинг и Манчестер Сити имаат потпишан договор до 30 јуни 2023 година, но со новиот договор, исклучена е можноста 25-годишниот напаѓач да си замине од „Итихад“ порано од ова. Сезонава која е во прекин Стерлинг ја игра во одлична форма, одигра 24 натпревари во Премиерлигата и постигна 11 гола. Според одредени извори, крилниот фудбалер на англиската репрезентација…

Read More

Раководството на ПСЖ сè уште не е во можност да постигне договор со играчите за намалување на платите за време на прекинот во првенството поради пандемијата на коронавирусот, пренесува „L’Equipе“. Како што е познато, фудбалот во земјава е запрен повеќе од еден месец, а сезоната се очекува да започне повторно најрано во јуни. Преговорите меѓу извршниот директор на ПСЖ Леонардо и претставниците на фудбалерите Маркињос и Тијаго Силва за намалување на платите за меѓу 20 и 30 % продолжуваат, со тоа што досега не се најде заедничка позиција по овој случај. Според последните бројки од минатата сезона, ПСЖ е клуб…

Read More

Екипата на Барселона продолжува да бара решение како да го донесе напаѓачот на Интер Лаутаро Мартинез, но нема намера да му плати откупна клаузула од 111 милиони евра на Интер. Затоа, тие ќе треба да преговараат за неговиот трансфер. Од Интер не сакаат да се разделат со својот играч, но покрај одредена сума, тие веќе идентификуваа двајца играчи на Каталонците во случај да се постигне договор во разговорите меѓу двата клуба, пишува „Газета дело Спорт“. Станува збор за десниот бек Нелсон Семедо и играчот од средниот ред Карлес Алења. Прашање е колку Барселона би се сложила со оваа варијанта да…

Read More

Голманот на Барселона, Нето може да го напушти тимот на крајот на оваа сезона, пренесуваат медиумите во Шпанија. Според истите информации, 30-годишниот голман сака да се врати во Валенсија, од каде се пресели во каталонскиот клуб минатото лето. Бразилецот е разочаран од својата позиција во тимот и има намера да добие повеќе можности за играње во иднина, како и да се натпреварува со Алисон Бекер и Едерсон Мораеш во селекцијата на Бразил. Барселона е подготвена да го пушти Нето да замине во летниот преоден рок и сака да заштеди 20-25 милиони евра од неговата продажба. Валенсија исто така не е…

Read More

Раководството на ПСЖ планира во стедниот трансфер период да го размени напаѓачот Мауро Икарди за двајца играчи на Јувентус, пренесува „Газета дело Спорт“. Икарди настапува во ПСЖ со позајмица од Интер, кој не е заинтересиран за неговите услуги. Претходно се дозна дека Аргентинецот сака да се врати во Италија, па парижаните веројатно ќе треба да се разделат со него. ПСЖ планира да го купи Мауро Икарди од Интер за 70 милиони евра, а потоа да го продаде на Јувентус. Францускиот клуб сака „старата дама“ да ги вклучи играчот од средниот ред Миралем Пјаниќ и дефанзивецот Алекс Сандро како дел од…

Read More

Какви се плановите за доигрување на сезоната во Лигата на шампионите и Лигата на Европа беа објавени во медиумите, со одредени датуми за реализирање  на натпреварите. Идејата е овие натпревари да се одржат во август, откако претходно ќе завршат националните првенства. Сепак, според претседателот на Европската куќа на фудбалот (УЕФА), Александар Чеферин, постои друга опција. „Се зависи од тоа кога ќе продолжат националните првенства. Ако тоа се случи доволно брзо, тогаш е можно средбите од Лигата на шампионите(ЛШ) и Лигата на Европа (ЛЕ) да се играат паралелно“, објасни Словенецот во интервју за „Кориере дела Сера“.

Read More

Италијанскиот Милан е заинтересиран за хрватскиот дефанзивец од екипата на Ливерпул Дејан Ловрен , пренесува „Тутоспорт“. Миланскиот клуб е подготвен да плати 20 милиони фунти (23 милиони евра) за 30-годишниот Хрват. Трансферот може да се случи во летниот преоден рок. Договорот со Ловрен со англискиот клуб важи до летото 2021 година. Фудбалерот се пресели во Ливерпул летото 2014 година од Саутемптон. Износот на трансферот тогаш беше 25,3 милиони евра. Оваа сезона, 30-годишен хрватски фудбалер учествуваше на девет натпревари од англиската Премиер лига (сите во првиот тим), во кои тој имаше една асистенција и доби еден жолт картон. Претходно беше објавено…

Read More

Екипите на Милан, Тотенхем и Астон Вила се заинтересирани за голманот на Аталанта, Пјерлуиџи Голини, пишува „Газета дела спорт“. Од Тотенхем бараат замена за Уго Лорис, а според изјавата на нивниот менаџер Жозе Мурињо е импресиониран од настапите на 25-годишниот голман во Серија А и Лигата на шампиони. Меѓутоа, во Англија ги негираат овие тврдења. Клубот од Бирмингем бара да го врати назад овој голман, откако тој го напушти тимот во 2018 година за да му се приклучи на тимот од Бергамо за 3,8 милиони евра. Што се однесува до „росонерите“, тие бараат наследник на Џанлуиџи Донарума, кој многу веројатно…

Read More

Дефанзивецот Давид Алаба во моментов не е во преговори со Баерн Минхен за да го обнови својот договор. Постојат неколку причини. Неговиот агент Пини Захави не може да стигне до Минхен затоа што германските граници се затворени, а од друга страна тој и неговиот клиент чекаат подобри понуди. Желбата на Баерн е да го задржи Алаба кој е клучен играч во составот. Тренерот на тимот  Ханзи Флик има голема почит кон 27-годишниот фудбалер и ја цени неговата разноврсност. Алаба има тенденција да остане на „Алијанц Арена“, но сака да му биде загарантирано место во средниот ред. Сепак, можноста да се…

Read More

Напаѓачот Златан Ибрахимовиќ нема да стане играч на Хамарби следната сезона, пренесува весникот „L’Equipe“. За време на паузата во Серија А, Ибрахимовиќ се врати во Шведска и ја одржува форма со шведскиот клуб. Сепак, тој нема да биде дел од оваа екипа и да остане да се натпреварува за тимот. Ибрахимовиќ му се придружи на Милан во јануари оваа година како слободен агент. Оваа сезона, 38-годишниот играч одигра 10 натпревари за „росонерите“, постигнувајќи четири гола и направи една асистенција. Минатиот ноември Ибрахимовиќ стана косопственик на Хамарби.

Read More