Борусија Дортмунд не е подготвена да го ослободи играчот од средниот ред Џејдон Санчо и сака да му понуди нов договор со подобри услови, пренесува весникот „Форбс“. Според изворот, клубот е подготвен да му плати на Санчо 10 милиони евра годишно. Во моментот, 20-годишен Англичанец заработува 6 милиони евра годишно во Борусија Дортмунд. Тековниот договор на играчот со клубот од Дортмунд е до 2022 година. Претходно беше објавено дека Санчо се согласил да се пресели во Манчестер Јунајтед. Џејдон Санчо се пресели во Борусија во летото 2017 година од Манчестер Сити, од чија школа потекнува. Трансферот изнесуваше 7,84 милиони евра.…
Author: riste
Интер влегува во трка за францускиот играч од средниот ред Манчестер Јунајтед Пол Погба , пренесува „Тутоспорт“. Според изворот, Нероазурите го контактирал агентот Мино Рајола во врска со трансферот на напаѓачот на Евертон, Моис Кин, но за време на нивниот разговор се појавило името на Пол Погба, кој исто така е клиент на Рајола. Претходно беше објавено дека Реал Мадрид и ПСЖ покажуваат интерес за Французинот. Покрај тоа, Јувентус е заинтересиран за враќање на играчот. Тековниот договор на играчот со Манчестер Јунајтед е со траење до 30 јуни 2021 година и вклучува опција за обновување за една сезона. Во сезоната…
Извршниот одбор на УЕФА денеска одржа состанок преку видео конференциска врска на кој е донесена одлука околу европските натпреварувања. Одлучено е, доколку сезоната не се заврши во националните првенства, местата за настап во европските купови следната сезона ќе се определуваат според остварените резултати до моментот на прекин на лигите. Согласно актуелниот пласман на табелата клубовите ќе одат во европските натпреварувања следната сезона, a не според коефециентот на УЕФА како што беше најавено изминативе неколку денови. Од ФФМ сеуште немаат донесено одлука кога би продолжил шампионатот, но доколку сезоната не заврши во Првата македонска фудбалска лига, Македонија во Лигата на шампионите…
Фудбалските натпревари во Шпанија ќе се вратат на програмата, тоа е добрата вест за љубителите на фиудбалот, но лошата вест е тоа што до крајот на оваа година сите средби ќе се играат без публика. Поради пандемијата со коровавирусот, трибините на стадионоте ќе бидат празни најмалку до почетокот на следната, 2021 година. Ова секако ќе биде голем финансиски удар за најдобрите клубови во Шпанија, но таква е одлуката на Фудбалската Федерација на Шпанија, на тамошните власти и секако на раководството на „Ла Лига“. Првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас, синоќа ги информирал претставниците на клубовите, со тоа што им…
Њукасл планира сериозно да го засили составот во летниот преоден рок, објавува „ESPN“. Според оваа информација, клубот го следи напаѓачот на Наполи, Дрис Мертенс , играчот од средниот ред на Челзи, Вилијан , како и напаѓачот на ПСЖ , Единсон Кавани. Сепак, клубот смета дека потпишувањето на кој било од овие тројца играчи ќе биде тешка задача. Договорите на Мертенс, Вилијан и Кавани со нивните клубови се со важност до крајот на оваа сезона. Њукасл, кој има освоено 35 поени по 29 кола во Премиер лигата, го зазема 13-то место со 8 бода пред зоната за испаѓање, но со новите…
Валенсија ќе се обиде да се повлече крилото на Наполи, Хозе Каљехон. 33-годишни играч се уште не потпишал нов договор со Наполи, а неговиот актуелен договор истекува во текот на летото. Па тој може да замине како слободен играч од Неапол. Валенсија ќе се обиде да ја искористи ситуацијата и да му понуди на Каљехон тригодишен договор. Според „Газета дело спорт“, самиот играч е заинтригиран за овој предлог. Тој е заинтересиран и за Фенербахче, но секако повеќе би сакал да се врати во родната Шпанија. Каљехон потекнува од школата на Реал Мадрид, но кариерата ја започна во Еспањол во 2008…
Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе сака да игра во Реал Мадрид. Ова го откри беговиот менаџер во изјава за весникот „Марка“. Фудбалерот одамна е во плановите за трансфер на „Сантијаго Бернабеу“. Агентот, сепак, се сомнева дека тоа ќе се случи во текот на летото поради пандемијата на коронавирусот што сериозно финансиски ги поремети плановите на сите екипи. „Мбапе сака да игра во Реал Мадрид. Под нормални околности, се очекуваше тој да се пресели таму летово. Но, сега, поради пандемијата, никој не може да си дозволи да плати 300 милиони евра за еден фудбалер. Килијан сака да работи со својот идол…
Борусија Дортмунд смета дека ќе бидат во особено неповолна позиција доколку сезоната во Бундеслигата заврши со затворените врати бидејќи „жолто-црните“ го имаат најголемиот стадион во германската фудбалска елита. „Не е лесно наеднаш да немате 80.000 навивачи зад себе, а 25 000 од нив да бидат на нашата легендарна трибина, тоа дефинитивно не е повеќе предност“, изјавија од раководството на клубот. Борусија Дортмунд е втора на табелата, четири бода зад шампионот Баерн Минхен. Борусија Дортмунд е најдобрата домашна екипа во сезоната и единствена екипа која е непобедлива пред сопствената публика. Фудбалерите на Борусија Дортмунд треба да одиграат уште пет натпревари на…
Мауро Икарди по крајот на сезоната сака да замине само во Јувентус, пренесува „Спорт Медиасет“. Аргентинецот, кој моментално игра со позајмица во ПСЖ, веќе изјави дека сака да се врати во Италија по крајот на сезоната. За него е заинтересиран и Наполи, но желбата на напаѓачот е да го облече дресот на тимот од Торино. „Бјанконерите“ не ја кријат желбата да го донесат Икарди во своите редови. Тие се обидоа да го купат минатото лето, но не успеаја да се договорат со Интер. Екипата на Интер не сакаше да го засили својот директен ривал со таков квалитетен фудбалер, но најновите…
УЕФА и Европската клупска асоцијација постигнаа договор за краен рок до кој мора да се завршат националните првенства во Европа. Датумот е 31 јули. Ако до тогаш не заврши првенството, тоа ќе биде прекинато. Според шпански весник „АС“, Здружението на клубови се обврзало да обезбеди дека првенствата ќе завршат до крајот на јули. Ова ќе овозможи преостанатите натпревари од Лигата на шампионите и Лигата на Европа да се играат во август. Доколку првенството во која било земја не се заврши, одлуката за конечниот пласман и учесниците во Евро куповите за следната сезона ќе ја донесе локалната федерација. УЕФА реши да…
